Connect with us

Домашни банки

Јавна понуда од НЛБ Банка за промена на договорните услови за кредитни производи за клиенти – физички лица

Објавено

на

Со цел полесно надминување и ублажување на негативните ефекти предизвикани од пандемијата на COVID-19, НЛБ Банка објави ПОНУДА за поддршка на сите свои клиенти, физички лица преку посебни услови за олеснување на отплатата на сите кредитни изложености.

Со оваа понуда, сите физички лица клиенти на Банката имаат можност да ја одложат отплатата на своите месечни обврски за било кој кредитен продукт (кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување на трансакциската сметка), за период до 6 месеци, а најдоцна до 30.9.2020 година.

Понудата се однесува на сите физички лица – клиенти на Банката (вклучително и пензионери), кои имаат кредитни изложености кои на 29.02.2020 година се класифицирани во категорија на ризик А, Б или В и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност.

Во продолжение се наведени деталните информации за секој поединечен кредитен продукт:

ПОНУДА ЗА КРЕДИТИ

Одложување за плаќање на месечни обврски
НЛБ Банка одобрува одложена наплата на обврските за кредитот (главница, камата и останати обврски кои произлегуваат од одобрениот кредит, а се вкалкулирани во месечниот ануитет) во период до 6 месеци, а најдоцна до 30.09.2020. Во овој период нема да се врши доспевање на ануитети за кредитот. Клиентот ќе продолжи со редовна отплата на кредитните обврски по 30.9.2020 година, согласно нов амортизационен план кој ќе биде изработен од страна на Банката.

Пролонгирање на рокот на отплата
Крајниот рок на отплата на кредитот се продолжува за период до 6 (шест) месеци.

Камата пресметана за времетраење на периодот на одложено плаќање 
За цело времетраење на периодот на одложена наплата, Банката ќе пресметува камата по каматна стапка предвидена во Договорот за кредит. Наплатата на каматата од периодот на одложена наплата ќе започне по ставање на кредитот во редовна отплата и истата ќе биде распределена во периодот до целосна исплата на кредитот.

Премија за осигурителна полиса
За кредитите кои имаат осигурителна полиса за неживотно осигурување за која се врши плаќање на премијата преку месечните ануитети од кредитот, или за која треба да се направи годишна обнова и наплата на премија до 30.09.2020 година, се одобрува одложена наплата на премијата. За времетраење на периодот на одложена наплата се врши редовна пресметка на премија за полисата. Наплатата на пресметаната премија за време на периодот на одложена наплата, ќе се изврши по 30.09.2020, а вкупно пресметаниот износ на премијата ќе биде задолжен со првиот доспеан ануитет.

Траен налог и административна забрана
За времетраење на периодот на одложено плаќање, трајниот налог за наплата на обврските по кредитот ќе биде ставен во мирување. Доколку кредиот се отплатува со административна забрана, за одложувањето на кредитните обврски, клиентот треба да го извести својот работодавач, со цел административната забрана од плата да се стави во мирување за времетраење на периодот на одложена наплата на кредитните обврски, за што и Банката може дополнително да достави известување до работодавачот.

Уплати на кредитната партија
Доколку за време на перидот на одложено плаќање клиентот изврши уплата/и на кредитната партија, со истите Банката ќе постапува на следниот начин:
– Сите уплати на кредитната партија извршени во периодот на одложено плаќање ќе се евидентираат како примени аванси во тек на периодот на одложено плаќање. По истек на периодот на одложено плаќање, за сите примени аванси на кредитната партија НЛБ Банка ќе постапи согласно Договорот за кредит.

Нов Амортизационен план за отплата 
По евидентирање на сите промени на кредитната партија, Банката ќе изготви нов амортизационен план за отплата на кредитот и почнувајќи од 1.10.2020 година ќе продолжи со редовното достасување на ануитети по кредитот. Банката ќе го извести корисникот на кредитот за новиот износ на ануитетот на начин предвиден во Договорот за кредит.

Отплата во текот на периодот на одложена наплата 
Доколку корисникот на кредитот, во текот на периодот на одложена наплата изврши целосна отплата на кредитот, се применуваат одредбите предвидени во Договорот за кредит.

Правно дејство на понудата
Правното дејство на изменетите услови од договорот за кредит има важност и на целокупната договорна пропратна документација (амортизациони планови, трајни налози и друга документација), сите нотарски исправи и обезбедувања (договори за залог владетелски – невладетелски, меници, гаранции, договори за пристапување кон долг, договори за осигурување/полиси за осигурување и останати договори за какво било друго обезбедување), и тоа без склучување нови договори/анекси кон постоечките договори, нотарски исправи и останати инструменти на обезбедување, како и без да се врши промена на веќе запишаните податоци во јавните книги и регистри.

Услов за кумулативност
Понудата е неделива и важи само со кумулативно исполнување и прифаќање на сите погоре наведени услови за секој поединечен Договор за кредит.

Останати договорни одредби
Сите останати договорни одредби од постоечкиот договор, кои не се опфатени во оваа понуда, остануваат во важност за цело времетраење на Договорот.

ПОНУДА ЗА КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ

Одложување на отплатата
Се одложува отплатата на месечните обврски за кредитни картички за период до 6 месеци, најдоцна до 30.9.2020 година. Во овој период, износот на месечниот минимум за плаќање кај револвинг картичките ќе изнесува 0% од искористениот кредитен лимит на крајот од месецот, додека кај картичките со опција за плаќање на рати, во овој период Банката нема да врши доспевање на рати.

Пресметка на камата, провизии и членарини за кредитни картички
За времетраење на периодот на одложена наплата на кредитните обврски, Банката ќе пресметува редовна камата, провизии и членарини согласно одредбите предвидени во Договорот за користење на кредитна картичка, но во овој период истите нема да ги наплаќа. Наплатата на камата, провизии и членарини пресметани во периодот на одложена наплата ќе се изврши, по 30.09.2020, односно истите ќе се наплатат еднократно кај револвинг картичките, додека кај картичките со отплата на рати ќе се наплаќаат со одложување до 6 месеци.

Траен налог и административна забрана 
За времетраење на периодот на одложена наплата, трајниот налог за наплата на обврските по кредитната картичка ќе биде ставен во мирување. Доколку кредитната картичка се отплатува со административна забрана, за одложувањето на кредитните обврски, клиентот треба да го извести својот работодавач, со цел административната забрана од плата да се стави во мирување за времетраење на периодот на одложена наплата на кредитните обврски, за што и Банката може дополнително да достави известување до работодавачот.

Период на враќање во редовна отплата
Месечните обврски за кредитни картички се враќаат во редовна отплата по 30.09.2020 година. Кај револвинг картичките како основа за пресметка на минималниот износ за плаќање ќе се користи долгот на сметката со состојба 30.09.2020 година, при што минималниот износ ќе се пресмета со избраниот процент за наплата од страна на клиентот, на што ќе се додаде целиот износ на пресметана камата и надоместоци од периодот на одложено плаќање. Кај картичките со опција за плаќање на рати по 30.09.2020 година, ќе се задолжуваат и наплаќаат пресметаните обврски од периодот на одложено плаќање во период еднаков на траење на одложеното плаќање.

Уплати на кредитната картичка
За време на периодот на одложена наплата клиентот има право да врши уплати на кредитната картичка. Сите уплати на сметката на кредитната картичка извршени во овој период, ќе се евидентираат како приливи на сметката и ќе бидат на располагање на корисникот за користење со картичката.

Правно дејство на Понудата
Правното дејство на изменетите услови од договорот за користење кредитна картичка има важност без склучување нов договор/анекс кон постоечкиот договор.

Услов за кумулативност
Понудата е неделива и важи само со кумулативно исполнување и прифаќање на сите погоре наведени услови за секој поединечен Договор за кредитна картичка.

Останати договорни одредби 
Сите останати договорни одредби од постоечкиот договор, кои не се опфатени во оваа понуда, остануваат во важност за цело времетраење на Договорот.

ПОНУДА ЗА ДОЗВОЛЕНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА

Рок на користење на дозволеното пречекорување
Рокот на користење на дозволеното пречекорување, Банката автоматски го продолжува до 30.09.2020 година.

Износ на дозволено пречекорување
Одобрениот износ на дозволено пречекорување останува непроменет.

Камата и надоместоци
Во периодот од 01.04.2020 до 30.09.2020 година, Банката ќе пресметува и наплатува камата и надоместоци согласно одредбите предвидени во Договорот за дозволено пречекорување.

Правно дејство на Понудата
Правното дејство на изменетите услови од договорот за дозволено пречекорување на трансакциска сметка има важност без склучување нов договор/анекс кон постоечкиот договор.

Услов за кумулативност
Понудата е недделива и важи само со кумулативно исполнување и прифаќање на сите погоре наведени услови за секој поединечен договор со кој е регулирано дозволеното пречекорување.

Останати договорни одредби
Сите останати договорни одредби од постоечкиот договор, кои не се опфатени во оваа понуда, остануваат во важност за цело времетраење на Договорот.

Со објавувањето на оваа Понуда на веб страницата на Банката, се смета дека Понудата е доставена до сите физички лица корисници на кредитни продукти, солидарните должници и заложните должници, на денот на нејзино објавување.

Понудата ќе се смета дека е прифатена доколку во рок од 10 десет дена од објавата на оваа Понуда, односно најдоцна до 11.04.2020, физичките лица – должници на банката, солидарните должници и заложните должници не ја одбијат истата, без поднесување на посебно барање/известување до Банката. 

Сите физички лица корисници на кредитни продукти, солидарните должници и заложните должници кои ги исполнуваат условите на оваа понуда, а кои сакаат да продолжат со редовна отплата на истите,  без промена на договорните услови во рок од 10 дена од објавување на понудата, односно најдоцна до 11.04.2020, имаат право да ја одбијат понудата. Доколку физичкото лице има повеќе кредитни продукти во Банката, има право да ја одбие понудата за сите кредитни продукти или за секој поединечен продукт за што е потребно во своето барање да го наведе поединечниот/те продукт/и за кој ја одбива понудата со известување и тоа на следниот начин:

  • Со пополнување на електронското барање поставено на веб страницата на Банката на следниот линк 
  • Со известување за одбивање на понудата преку јавување во Контакт Центарот на Банката на тел.број 02/15 600

Сите услови од оваа Понуда стануваат договорни одреби кои се составен дел на склучените договори со физичките лица корисници на кредитни продукти, солидарните должници и заложните должници.

Променетите услови од Договорите за кредити, Договорите за кредитни картички и Договорите за дозволено пречекорување, како и сите нотарски исправи и обезбедувања (договори за залог владетелски – невладетелски, меници, гаранции, договори за пристапување кон долг, договори за осигурување/полиса за осигурување и останати договори за какво било друго обезбедување) спрема физичките лица корисници на кредитни производи, солидарните должници и заложните должници, произведуваат правно дејство по истекот на рокот од 10 (десет) дена од објавата на оваа Понуда, без склучување нови договори и/или анекси кон постоечките договори, нотарски исправи и останати инструменти на обезбедување, како и без да се врши промена на веќе запишаните податоци во јавните книги и регистри.

Право на промена на одлуката за прифаќање / неприфаќање на понудата:

За времетраење на вонредната состојба, клиентите имаат право во рамките на овој рок да ја сменат првичната одлука за прифаќање / неприфаќање на понудата и дополнително да достават поединечно барање преку веб страницата на Банката или на Контакт Центарот на Банката на 02/15 600.

Домашни банки

ТТК Банка ја продолжи поволноста за бесплатно електронско и мобилно банкарство за физички лица до 30.6.2020 година

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека ја продолжи поволноста за бесплатно користење и плаќање преку електронското E-bank и мобилното банкарство M-bank до 30.6.2020 година за физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Ново работно време на експозитурата Центар на Капитал Банка

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека од 01.06.2020 година Експозитурата Центар ќе работи од Понеделник-Петок 08-18 часот и Сабота 09-14 часот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Битола отсега на нова поатрактивна локација

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека Експозитурата Битола се премести на нова локација во поголеми и посовремени простории во насока на подобрување на корисничкото искуство при користење на банкарските производи и услуги. (more…)

Продолжи со читање

Популарно