Домашни банки
Јавен повик за учество на Собрание на акционери на УНИБанка АД Скопје



Согласно одредбите од Законот за банки, Законот за трговски друштва и Статутот на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје, Надзорниот одбор на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје, објавувa:
П О В И К
За учество на Вонредна седница на Собранието на акционерите на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје, која ќе се одржи на ден 30.12.2019 година (понеделник), во просториите на банката на ул.Максим Горки бр.6 во Скопје, со почеток во 11:00 часот, со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
I ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ
1. Отварање на собранието
2. Избор на работни тела на собранието
– избор на Претседавач на собранието
– избор на бројач на гласови
– избор на записничар
II. РАБОТЕН ДЕЛ
Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.
1. Предлог oдлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје и
2. Предлог oдлука за именување независен член на Надзорен одбор на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје.
Правото на учество во работата на Собранието и правото на глас е условено со пријавување на акционерите, односно нивните застапници, најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното собрание.
Пријавувањето на акционери – правни лица се врши со доставување на пријава, потпишана и заверена од надлежен орган на правното лице.
Пријавувањето на акционер – физичко лице се врши писмено, со доставување на пријава лично потпишана од физичкото лице.
Акционерот може со писмено полномошно да овласти полномошник кој ќе го застапува на Собранието, за што е должен да ја извести Банката по писмен или електронски пат.
Полномошната и пријавите да се достават најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот на банката и Законот за трговски друштва.
Согласно Законот за трговски друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред со образложение за предложените точки или предлог одлуки по точките од дневниот ред, во рок од 8 дена од денот на оваа објава.
Материјалите за седницата на Собранието ќе бидат достапни на акционерите од денот на објавување на јавниот повик, секој работен ден во просториите на банката на ул.Максим Горки бр.6 во Скопје и на интернет страницата на банката www.unibank.mk.
Домашни банки
Во Маврово во организација на Халкбанк, на 8 септември повторно ќе се одржи велосипедската трка Halk Velo Green


Правецот Бистра – Леуново – Бистра во Маврово и годинава ќе биде рутата која ќе треба да се извози во рамките на хронометар велосипедската трка HALK VELO GREEN која веќе трета година по ред, на 8 септември ја организира Халкбанк АД Скопје како дел од платформата HalkEco. Сите вљубеници во велосипедизмот, професионалци и аматери, за учество можат да се пријават најдоцна до 29 август преку www.smartrace.club. (more…)
Домашни банки
УНИБанка: Известување за Експозитура Лептокарија



УНИБанка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека Експозитура Лептокарија започнувајќи од 15.08.2022г. (понеделник) ќе биде привремено затворена поради реновирање. (more…)
Домашни банки
УНИ Банка ќе издаде нова емисија на Перпетуална обврзница на износ од 2,5 милиони евра


УНИБанка АД Скопје ќе издаде нова емисија на капиталниот инструмент Перпетуални или “вечни” обврзници на износ од 2,5 милиони евра. Издадениот капитален инструмент ќе се користи за зголемување на капиталот на банката. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје