Connect with us

Домашни банки

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Врз основа на членовите 48 и 49 од Статутот на Стопанска банка а.д. Битола, а согласно Одлуката на Надзорниот одбор од 31.01.2019 година за свикување на Собрание на акционери, СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА

објавува ЈАВЕН ПОВИК

за учество на Собрание на акционери на Банката

Собранието на акционери на Стопанска банка а.д. Битола, ќе ја одржи својата 45-та седница на ден 27.11.2019 година (среда) во Битола, со почеток во 12.00 часот, во седиштето на Стопанска банка а.д. Битола, на ул. „Добривоје Радосавлевиќ“ бр.21, Битола, со следниот дневен ред:

Процедурален дел

1.Отварање на Собранието;

2. Избор на работни тела;

2.1. Избор на претседавач;

2.2. Избор на двајца бројачи на гласови;

3. Констатирање кворум за работа на Собранието.

Работен дел

1.Предлог – Одлука за именување член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, со прилог

  • Мислење на Надзорниот одбор кон Одлуката за именување член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола.

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.

Секој акционер што има намера да учествува на Собранието на Банката е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна еден час пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Пријавите да се достават во Банката – Сектор за правни работи и управување со Кабинет на Управен одбор.

Собранието ќе одлучува само за прашања што се уредно ставени на дневен ред, во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начинвосогласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со потпишување на писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката писмено или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномоѓна и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интеренет страница на Банката.

Акционерите што поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акциисо право на глас, имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и предлог-одлукипо точките од дневниот ред, ако истовремено приложат образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука попредложената точка.

Барање за вклучување една или повеќе точки на дневниот ред, предлагање одлуки за усвојување се испраќа до органот на управување на јавниот повик за одржување Собрание на друштвото.

Материјали за Собранието на Банката и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва им се достапни на увид на акционерите, од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во библиотеката на Банката (трети кат, Централа на Банката),  ул. „Добривоје Радосавлевиќ“ бр.21, Битола, како и на интеренет страницата на Банката.

Домашни банки

Измени во Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Второ место за Комерцијална банка на машкиот хуманитарен велеслалом во Маврово

Објавено

на

Кире Солески од Комерцијална банка АД Скопје го освои второто место на хуманитарниот аматерски велеслалом во конкуренција на 84 натпреварувачи од компании од земјава. Манифестацијата по 18-ти пат се одржа во организација на ски-центарот „Заре Лазаревски“ во Маврово од 21 до 23 февруари. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка Македонија и ЕБОР ја продолжуваат успешната соработка за кредитите за енергетска ефикасност

Објавено

на

Денес, во рамките на Инвестицискиот самит за Западен Балкан во Лондон, Шпаркасе Банка Македонија и Европската банка за обнова и развој потпишаа два договора во вкупен износ од 5 милиони евра, за продолжување на соработката во финансирањето на станбени кредити и поддршка на инвестициите во еколошки технологии со високи перформанси, наменети за зградите во приватна сопственост, вклучувајќи и објекти за домување во Северна Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно