Connect with us

Домашни банки

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Охридска банка АД Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 57 од Статутот на Охридска банка АД Скопје, Надзорниот одбор на Банката го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК
за 48. седница на Собранието на акционерите
на Охридска банка АД Скопје

Во согласност со одлуката на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје, НО бр. 0203 – 31217/6 од 25.5.2021 година, 48. седница на Собранието на акционери на Охридска банка АД Скопје ќе се одржи на ден 29.6.2021 година (вторник), со почеток во 10:00 часот, во просториите на „Охридска Банка АД Скопје“, ул. Орце Николов бр. 54, 1000 Скопје.

За работата на 48. седница на Собранието на акционерите на Охридска банка АД Скопје, Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје го предлага следниот:

ДНЕВЕН РЕД

I. Процедурален дел

1. Отворање на Собранието.
2. Избор на работни тела:
– избор на претседавач,
– записничар (нотар) и комисија за броење гласови.

II. Работен дел

1. Утврдување на дневниот ред од работниот дел.
2. Усвојување на Записникот од 47. седница на Собранието на акционери на Банката.
3. Предлог Одлука за прифаќање и потврдување на Спогодбата за присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ОДУ бр. 15/21 од 15.01.2021 година.
4. Годишна сметка на Охридска Банка АД Скопје за периодот 01.01.-30.04.2021
година, со
– Предлог Одлука за усвојување на Годишната сметка на Охридска Банка АД Скопје за периодот 01.01.-30.04.2021 година

Се повикуваат акционерите на Охридска банка АД Скопје да присуствуваат и да учествуваат во работата на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на свиканото Собрание е должен да го пријави своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание или со претходно доставување писмена пријава за учество на адресата на Банката:

Охридска банка АД Скопје
„Орце Николов“ бр. 54
1000 Скопје
со назнака „За Собранието на акционери“

Обрасците за пријава на учество на седницата може да се најдат на интернет страницата на Банката www.ohridskabanka.mk.

Собранието ќе одлучува само за прашањата што се уредно ставени на дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин што е во согласност со Статутот на Банката и со одредбите од Законот за трговските друштва.

Секој акционер, со писмено полномошно, може да овласти друго физичко или правно лице како свој полномошник кој ќе учествува и ќе гласа на седницата на Собранието во негово име, за што е должен веднаш да ја извести Банката, а во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното. Деталните информации за начинот на овластување полномошник, обрасците за гласање преку полномошник и начинот на известување за овластување полномошник може да се најдат на интернетстраницата на Банката www.ohridskabanka.mk.

Акционерите, кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број на акциите со право на глас, можат во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на јавниот повик за свикување на Собранието, да предложат дополнување на дневниот ред на Собранието со барање за вклучување нови точки на дневен ред и да предложат за усвојување одлуки по секоја од точките што се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред на свиканото Собрание.

Секој акционер има право да поставува прашања по секоја од точките од дневниот ред на седницата или претходно, со доставување прашање во писмена форма на горенаведената адреса на Банката.

Детални информации за начинот на предлагање точки на дневниот ред, поставувањето прашања и предлагањето одлуки може да се најдат на интернет страницата на Банката www.ohridskabanka.mk.

Од денот на објавување на јавниот повик за учество на Собранието, во просториите на седиштето на Банката, на акционерите им е овозможен увид во следните документи:

– Спогодбата за присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, во форма на нотарски акт ОДУ бр. 15/21 од 15.01.2021 година;
– Годишните сметки и годишните извештаи за работа за Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и Охридска банка АД Скопје за 2020, 2019 и 2018 година (за последните три години);
– Годишната сметка подготвена во согласност со членот 524 од Законот за трговските друштва;
– Извештајот на Надзорниот одбор на Охридска Банка Македонија АД Скопје за присоединувањето;
– Извештајот на независниот ревизор Прајсвотерхаус Куперс Ревизија ДОО – Скопје во врска со соодносот на размена на акции при процесот на присоединување на Охридска Банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Акционерите на Охридска банка АД Скопје – банка што се присоединува, можат да се изјаснат дека не сакаат да примат акции во Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје – банка што презема или дека не го прифаќаат соодносот за замена утврден во Спогодбата, до денот на донесување на одлуките за прифаќање и потврдување на Спогодбата од страна на Собранијата на акционери на Банките што учествуваат во присоединувањето.

Изјаснувањето дека не сакаат да примат акции во Банката што презема, се врши со пополнување на Образец за изјаснување, достапен на официјалната интернет страница на Банката www.ohridskabanka.mk. Образецот, пополнет и со потпис заверен
на нотар, треба да се достави до седиштето на Банката, заедно со:

– важечки документ за лична идентификација и извод од Централниот депозитар за хартии од вредност, во оригинал, не постар од 3 (три) дена, во којшто е наведен бројот на акции, за акционер физичко лице,
– документ за лична идентификација на застапникот по закон, последна тековна состојба од Централниот регистар во оригинал, не постара од седум дена и извод од Централниот депозитар за хартии од вредност, во оригинал, не постар од 3 (три) дена, во којшто е наведен бројот на акции, за акционер правно лице.

Начинот на упис на акциите од Банката што презема како и начинот на исплата на откупната цена за акционeрите што се изјасниле дека не сакаат да примат акции во Банката што презема, ќе биде објавен на интернет страницата на Банките, по денот на одржување на Собранието.

Акционерите можат да се запознаат со материјалите од дневниот ред по којшто ќе работи Собранието и со дополнителните информации, во согласност со Законот за трговските друштва, во просториите на седиштето на Охридска банка АД Скопје на
ул.Орце Николов број 54, секој работен ден од 8.00 до 15.00 часот и на интернет страницата на Банката www.ohridskabanka.mk.

Домашни банки

Дали сте размислувале колку пари и време ви заштедуваат дигиталните финансиски услуги?

Објавено

на

Сите сме сведоци на ултра брза дигитална трансформација. Замислете си само колку пати дневно извршувате дигитални трансакции? Сигурно никогаш не сте размислувале колку пари и време ви заштедува плаќањето преку интернет или мобилен телефон. Во маркети плаќате со картичка за неколку секунди и не чекате кусур. Не губите време ниту кога ви треба готовина, затоа што имате банкомат на секој чекор. Не трошите еден вработен за уплата на дневен промет секој ден затоа што и за тоа имате банкомат… (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка со 18.10.2021 година.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со фантастична вест за акционерите – ќе ја подели и заостанатата дивиденда!?

Објавено

на

Изминатата пандемиска 2020 година, НЛБ Банка ги следеше инструкциите на Народната банка којашто советуваше банките да не исплаќаат дивиденда, па така Банката се воздржа и на своите акционери не им ја исплати заслужената награда. (more…)

Продолжи со читање



Популарно