Connect with us

Домашни банки

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Врз основа на членовите 48 и 49 од Статутот на Комерцијална банка АД Битола, Управниот одбор на Банката до акционерите објавува

ПОВИК

за учество на Годишното Собрание  на Банката

Годишното собрание на Комерцијална банка АД Скопје, со седиште во Скопје на ул. Орце Николов бр. 3, ќе се одржи на 04.04.2019 година (четврток), со почеток во 12:00 часот, во Скопје, во Сити Мол (ул. Љубљанска бр.4), на II кат, во Сала број 4 – „Комерцијална банка“, со следниот дневен ред:

  1. Избор на претседавач со Собранието;
  2. Избор на 5 бројачи на гласови;
  3. Посебни финансиски извештаи на Комерцијална банка АД Скопје за 2018 година, ревидирaни од ревизорско друштво; со
    – Мислење од Надзорниот одбор на Банката и
    – Предлог-одлука за усвојување на извештаите и Мислењето од Надзорниот одбор;
  4. Консолидирани финансиски извештаи на Комерцијална банка АД Скопје за 2018 година, ревидирaни од ревизорско друштво; со
    – Мислење од Надзорниот одбор на Банката и
    – Предлог-одлука за усвојување на консолидираните извештаи и Мислењето од Надзорниот одбор;
  5. Годишна сметка на Комерцијална банка АД Скопје за времето од 01.01. до 31.12.2018 година; со
    – Предлог-одлука за усвојување на Годишната сметка;
  6. Консолидирана годишна сметка на Комерцијална банка АД Скопје за времето од 01.01. до 31.12.2018 година; со
    – Мислење од Надзорниот одбор на Банката и
    – Предлог-одлука за усвојување на Консолидираната годишна сметка и Мислењето од Надзорниот одбор;
  7. Годишен извештај за работењето на Комерцијална банка АД Скопје во 2018 година; со
    – Мислење од Надзорниот одбор
    – Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај и Мислењето од Надзорниот одбор;
  8. Извештај за работата на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје во 2018 година, колективно и од аспект на поединечните членови; со
    – Предлог-одлука за одобрување на Извештајот;
  9. Предлог-одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2018 година;
  10. Предлог-одлука за определување на износот на дивидендата и датумите на исплата на дивиденда за 2018 година;
  11. Предлог-одлука за измена на Статутот на Комерцијална банка АД Скопје;
  12. Предлог-одлука за измени и дополнувања на Одлуките за именување членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје бр.02-1600-11/1 од 23.03.2016 година, бр.02-1600-12/1 од 23.03.2016 година и бр.02-190-12/1 од 14.06.2018 година;
  13. Извештај за усогласеноста на работењето на Комерцијална банка АД Скопје со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза во 2018 година; со
    – Предлог-одлука за усвојување на Извештајот.
  14. Програма на мерки и активности на деловната политика и финансиски план на Комерцијална банка АД Скопје за 2019 година усвоена од Надзорниот одбор на Банката (за информирање на акционерите на Комерцијална банка АД Скопје).

Согласно Предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2018 година, донесена на седницата на Надзорниот одбор на Банката одржана на 27.02.2019 година, предложениот износ на дивиденда за 1 обична акција изнесува 420,00 денари, односно 42% во однос на нивната номинална вредност од 1.000,00 денари.

Се предлага следниот дивиденден календар:

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2018 година е 17.04.2019 година.

Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2018 година е 18.04.2019 година.

Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2018 година е 19.04.2019 година.

Исплатата на дивиденда за 2018 година ќе започне на 07.05.2019 година.

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.

Секој акционер, кој има намера да учествува на Собранието на Банката, е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Пријавите да се достават до Банката – Дирекција за управување и информирање.

Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговски друштва.

Согласно Законот за трговски друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас, имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во дневниот ред, предлози на одлуки и прашања најдоцна до 13.03.2019 година. Предлогот заедно со документите за идентификација мора да биде примен во Комерцијална банка АД Скопје најдоцна до 13.03.2019 година, до 16.00 часот. Подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката.

Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски. Податоци за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката.

Акционерите можат да гласаат со кореспонденција со испраќање пополнет образец кој во оригинал мора да биде примен во Банката најдоцна на 03.04.2019 година, до 16:00 часот. Заедно со образецот за гласање акционерот е должен да достави и документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет-страница на Банката.

Акционерите кои имаат подигнато или ќе подигнат документација за електронска регистрација за електронско гласање на Собранието, можат да гласаат со испраќање пополнет образец за гласање по електронски пат.

Документација за електронска регистрација за електронско гласање акционерите може да подигнат во Дирекцијата за управување и информирање од денот на објавата на Повикот, со презентирање документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Акционерите можат електронски да гласаат во периодот од 19.03.2019 година, од 12:00 часот, до 02.04.2019 година, до 12:00 часот. Обрасците за гласање по електронски пат се достапни на интернет-страница на Банката.

Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации согласно Законот за трговски друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во седиштето на Банката на ул.Орце Николов бр.3, во Дирекцијата за управување и информирање, соба бр. 307 (III кат, зграда КБ1) и на интернет-страница на Банката.

Домашни банки

НЛБ Станбени кредити – Твој дом, твој избор!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови станбени кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Натпревар за млади со идеи за социјално претприемништво

Објавено

на

Млади претприемачи со голема идеја и желба да извршат значително влијание врз општествените проблеми може да учествуваат на петтиот натпревар „Награда за социјално претприемништво“ – Social Impact Award – Kick Off SIA 2019, што ќе биде промовиран денес во Фондот за иновации и технолошки развој со почеток во 12:00 часот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка објавува jавен повик за избор на најповолен добавувач за набавка на осигурителни услуги

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје во согласност со интерните акти на Банката и позитивните законски прописи објавува јавен повик за избор на најповолен добавувач на осигурителни услуги за осигурување на градежни објекти, основни средства, мебел и компјутерска опрема, парични средства, физички лица, осигурување од одговорност за дејност, во согласност со дадена спецификација. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange