Connect with us

Домашни банки

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Врз основа на член 30 став 4 и став 5 од Статутот на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, Надзорниот одбор на

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ

ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА

П О В И К

за учество на Собрание на акционери

48то Собранието на акционери на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје кое ќе се одржи на 26.04.2021 година (понеделник), со почеток во 15:00 часот, во седиштето на Банката на ул.Македонија бр.34 Скопје, со следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Избор на  претседавач со Собранието, Нотар и бројач на гласови

2. Разгледување на Записник од 47.седница на Собранието на акционери

3. Единечни финансиски извештаи на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за 2020 година ревидирани од страна на друштвото за ревизија ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО Скопје и Извештај на независниот ревизор

4. Kонсолидирани финансиски извештаи на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за 2020 година ревидирани од страна на друштвото за ревизија ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО Скопје и Извештај на независниот ревизор

5. Годишна сметка и финансиски извештаи на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за периодот 01.01.-31.12.2020 година

6. Консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за периодот 01.01.-31.12.2020 година

7. Годишен извештај за работењето на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје во 2020 година

8. Консолидиран годишен извештај за работењето на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје во 2020 година

9. Предлог oдлука за употреба и распределување на остварената добивка од 2020 година

10. Извештај за работата на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје во 2020 година, колективно и од аспект на поединечните членови

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката, е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Приjавите да се достават до Банката – Кабинет на Управен одбор.

Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномоштвата и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката.

Согласно Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, имаат право да доставуваат предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.

Акционерите можат да доставуваат предлози за вклучување на нови точки во дневниот ред, предози на одлуки и прашања и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен јавниот повик, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката.

Барањето за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на Собранието што е свикано, се испраќа до органот што го свикал Собранието на Банката, и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е испратена поканата, односно од денот кога е објавен јавниот повик за учество на Собранието.

Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и на интернет-страницата на Банката.

Домашни банки

Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка

Објавено

на

На „Facebook” е забележана ЛАЖНА Facebook страница под името на Шпаркасе Банка која ги бара Вашите лични податоци за понатамошна злоупотреба! ШПАРКАСЕ БАНКА А.Д Скопје ги известува своите клиенти дека нема никаква поврзаност со тоа и ова е единствениот и официјален профил на банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија

Објавено

на

Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“

Објавено

на

НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)

Продолжи со читање


Популарно