Connect with us

Домашни банки

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 56 од Стаутот на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје, Надзорниот одбор на Банката го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје           

Во согласност со Одлуката на Надзорен Одбор на Капитал Банка АД Скопје бр.0203-10/32 од 10.03.2021 година, ќе се одржи редовна седница на Собранието на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје во седиштето на Банката на ул.Никола  Кљусев број 1, Скопје, на 19.04.2021 година со почеток во 12.00 часот, со следниот предлог

ДНЕВЕН РЕД

I . Процедурален дел

  1. Отварање на Собранието на Банката
  2. Верификација на Списокот на Присутни акционери
  3. Избор на Претседавач на Собранието

II . Работен дел

Годишен извештај за работењето на Капитал банка АД Скопје за 2020 година со:

– Мислење од Надзорниот одбор

-Предлог одлука за усвојување на Годишниот извештај и Мислењето на Надзорниот Одбор,

Извештај за корпоративно управување:

Предлог- одлука за усвојување на Извештај за корпоративно управување

Извештај на Друштвото за ревизија РСМ за извршената ревизија на финансискте извештаи на Капитал банка АД Скопје за 2020 година со:

Мислење на Надзорниот одбор 

Предлог одлука за усвојување на Извештајот на Друштвото за ревизија РСМ за извршената ревизија на финансиските извештаи на Капитал банка АД Скопје за 2020 година и мислењето на Надзорниот одбор

Годишна сметка на Капитал банка АД СКопје за 2020 година:

– Предлог одлука за усвојување на Годишната сметка на Капитал банка АД Скопје за 2020 година

Годишен извештај за работењето на Надзорниот одбор за 2020 година ,колективно и од аспект на поединечните членови со:

-Предлог одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Надзорниот одбор за 2020 година

Годишен извештај за работењето на Управниот одбор за 2020 година со:

–  Предлог одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Управниот одбор за 2020 година 

Избор на Друштво за ревизија за 2021 година:

– Предлог одлука за избор на Друштво за ревизија за 2021 година

Одлука за распределба на остварената  добивка за 2020 година.

Разно

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на закажаното Собрание со Пријава за учество на Собранието.

Примерок од Пријавата за учество на Собранието и сите обрасци се подига во просториите на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје (контакт телефон 02/3 102 – 500 и 02/3 102 – 505) или електронски на интернет страната на Банката.

Пополнетата Пријава за учество на Собранието се доставува до Секретаријатот на Управниот одбор на КАПИТАЛ http://capitalbank.com.mk/News.aspx?IdNews=404&IdLanguage=1&IdType=1&IdRoot=1&fbclid=IwAR2IY4IXKSFWVpKaU8-ds6I4AKRm6PLM_bXahj0Ula-KNDW3QTfOdz1CPZoБАНКА АД Скопје, во просториите на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје, на адреса ул. Никола Кљусев број 1, Скопје.

Пријавувањето на акционерите правни лица се врши преку нивните законски застапници.

Акционерот може со Полномошно заверено на нотар, да овласти полномошник кој ќе го застапува на Собранието, за што е должен веднаш да ја извести Банката со писмено известување (Овластување) на адреса ул. Никола Кљусев број 1, Скопје.

Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат во рок од 8 (осум) дена од денот на објавување на јавниот повик за свикување на Собранието, односно најдоцна до 26.03.2021 година до 16:00 часот, да предложат дополнување на предложениот дневен ред со барање за вклучување нови точки или одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.

Предлагањето точки/одлуки по дневниот ред може да се врши со писмено известување доставено на адреса до Секретаријатот на  Управниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје на адреса ул. Никола Кљусев број 1,Скопје или  електронски пат на е-маил: sekretarijat@capitalbank.com.mk

Предлогот се доставува во писмена/скенирана форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер(и) физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер(и) правно лице.

Акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа:

– Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од шест месеци

– Последна тековна состојба од Централниот регистар во оригинал не постара од шест месеци
– Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

Увид во материјалите од Дневниот ред може да изврши секој акционер, секој работен ден од денот на објавувањето на Јавниот повик, од 12:00 до 14:00 часот, во просториите на Банката, на ул. Никола Кљусев број 1, Скопје.

Домашни банки

Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка

Објавено

на

На „Facebook” е забележана ЛАЖНА Facebook страница под името на Шпаркасе Банка која ги бара Вашите лични податоци за понатамошна злоупотреба! ШПАРКАСЕ БАНКА А.Д Скопје ги известува своите клиенти дека нема никаква поврзаност со тоа и ова е единствениот и официјален профил на банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија

Објавено

на

Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“

Објавено

на

НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)

Продолжи со читање


Популарно