Connect with us

Домашни банки

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Врз основа на член 48 и член 49 од Статутот на Стопанска банка а.д. Битола, а согласно Одлуката на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола за свикување 47. седница на Собрание на акционери, СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за учество на презакажано Собрание на акционери на Банката

47-та седница на Собранието на акционери на Стопанска банка а.д. Битола, која беше закажана за 11.11.2020 година (среда), со почеток во 12.00 часот, во седиштето на Стопанска банка а.д. Битола, на ул. „Добривоје Радосавлевиќ“ бр.21, Битола, сала за состаноци на 3 кат со следниот дневен ред:

Процедурален дел

1.Отварање на Собранието;

2. Избор на работни тела;

2.1. Избор на претседавач;

2.2. Избор на двајца бројачи на гласови;

3. Констатирање кворум за работа на Собранието.

Работен дел

1. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Статутот на Стопанска банка а.д. Битола;

2. Статут на Стопанска банка а.д. Битола (пречистен текст);

3. Предлог – Одлука за именување член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, со прилог

  • Мислење на Надзорниот одбор на Банката кон предлог-одлуката.

Се повикуваат акционерите или нивните овластени полномошници да го пријават своето учество на Собранието и да гласаат по точките на дневниот ред, за одлуките и материјалите објавени заедно со Јавниот повик со пополнување на образецот за гласање со кореспонденција, кој е објавен на официјалната интеренет страница на Банката.

Собранието ќе одлучува само за прашања што се уредно ставени на дневен ред, во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите со право на глас, кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред, како и одлуки по точките од дневниот ред.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во дневниот ред, предлози на одлуки и прашања до органот на управување на друштвото во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен Јавниот повик за одржување на седницата на Собранието на акционери на Банката, односно најдоцна до 14.10.2020 година до 16:00 часот. Подетални информации за постапката за доставување на предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интеренет страница на Банката.

Секој акционер што има намера да учествува на Собранието на Банката е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна еден час пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Пријавите да се достават во Банката – Сектор за правни работи и управување со Кабинет на Управен одбор.

Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со потпишување на писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката писмено или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномоѓна и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интеренет страница на Банката.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин што е во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва, односно преку кореспонденција со пополнување на образецот за гласање со кореспонденција.

Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на нивното пополнување и за идентификација на акционерите се достапни на официјалната интеренет страница на Банката.

 

Материјали за Собранието на Банката и дополнителни информации во согласност со  Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите, од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во седиштето на Банката (трети кат, Централа на Банката),  на ул. „Добривоје Радосавлевиќ“ бр.21, Битола, како и на интеренет страницата на Банката.

Домашни банки

Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Објавено

на

Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)

Продолжи со читање


Популарно