Connect with us

Анализи

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 56 од Стаутот на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје, Надзорниот одбор на Банката го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје

Во согласност со Одлуката на Управен Одбор на Капитал Банка АД Скопје бр.0202-09/6 од 22.05.2020 година, ќе се одржи Вонредна седница на Собранието на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје во седиштето на Банката на ул.Никола  Кљусев број 1, Скопје, на  25.06.2020 година со почеток во 12.00 часот, со следниот предлог

ДНЕВЕН РЕД

I . Процедурален дел

  1. Отварање на Собранието на Банката
  2. Верификација на Списокот на Присутни акционери
  3. Избор на Претседавач на Собранието

II . Работен дел

  1. Годишен извештај за работењето на Капитал Бака АД Скопје за 2019 година со:

–          Мислење на Надзорниот одбор,

–          Предлог Одлука за усвојување на Годишниот извештај и Мислењето на Надзорниот одбор;

  1. Извештај на Друштвото за ревизија РСМ за извршената ревизија на финансиските извештаи на Капитал Банка АД Скопје за 2019 година со:

–          Мислење на Надзорниот одбор

–          Предлог Одлука за усвојување на Извештајот на Друштвото за ревизија РСМ и Мислењето на Надзорниот одбор

  1. Годишната сметка на Капитал Банка АД Скопје за 2019 година со:

–          Предлог Одлука за усвојување на Годишната сметка

  1. Годишен Извештај за работењето на Надзорниот одбор за 2019 година, колективно и од аспект на поединечните членови со:

–          Предлог Одлука за усвојување на Извештајот;

  1. Годишен Извештај за работењето на Управниот одбор за 2019 година

–          Предлог Одлука за усвојување на Извештајот;

  1. Избор на друштво за ревизија за 2020 година со:

–          Предлог Одлука за избор на друштво за ревизија;

  1. Разно.

Листа на документи

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на закажаното Собрание со Пријава за учество на Собранието.

Примерок од Пријавата за учество на Собранието се подига во просториите на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје (контакт телефон 02/3 102 – 500 и 02/3 102 – 505) или на интернет страната на Банката на www.capitalbank.com.mk.

Пополнетата Пријава за учество на Собранието се доставува до Секретаријатот на Управниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје, во просториите на  КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје, на адреса ул. Никола Кљусев број 1, Скопје.

Пријавувањето на акционерите правни лица се врши преку нивните законски застапници.

Акционерот може со Полномошно заверено на нотар, да овласти полномошник кој ќе го застапува на Собранието, за што е должен веднаш да ја извести Банката со писмено известување (Овластување) на адреса ул. Никола Кљусев број 1, Скопје.

Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат во рок од 8 (осум) дена од денот на објавување на јавниот повик за свикување на Собранието, односно најдоцна до 02.06.2020 година до 16:00 часот, да предложат дополнување на предложениот дневен ред со барање за вклучување нови точки или одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.

Предлагањето точки/одлуки по дневниот ред се врши со писмено известување доставено на адреса до Секретаријатот на  Управниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје на адреса ул. Никола Кљусев број 1,Скопје или по електронски пат на е-маил: sekretarijat@capitalbank.com.mk.

Предлогот се доставува во писмена/скенирана форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер(и) физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер(и) правно лице.

Акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа: – Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од шест месеци

– Последна тековна состојба од Централниот регистар во оригинал не постара од шест месеци
– Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

Увид во материјалите од Дневниот ред може да изврши секој акционер, секој работен ден од денот на објавувањето на Јавниот повик, од 12:00 до 14:00 часот, во просториите на Банката, на ул. Никола Кљусев број 1, Скопје.

Анализи

Висок поврат на ДДВ за фирмите: 206 милиони евра во првото полугодие и покрај кризата од КОВИД-19

Објавено

на

Во првото полугодие од 2020 година извршен е поврат на ДДВ кон фирмите од 12,7 милијарди денари или 206,5 милиони евра, што е за 6% повеќе во однос на лани или за 660 милиони денари повеќе. Ова е највисок поврат на ДДВ за овој период во однос на изминатите години, што е значајно особено ако се земе предвид кризата предизвикана од КОВИД-19. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Ангеловска-Бежоска: Со сигурност можеме да кажеме дека шпекулациите поврзани со курсот на денарот не се поткрепени со економски аргументи

Објавено

на

Во сите досегашни епизоди на криза, стабилниот курс на денарот претставува главен фактор на одржување на макроекономската стабилност. Нема компромис во однос на постојниот режим на курсот. Јавноста треба да има потполна доверба во нашата заложба и во нашиот капацитет успешно да продолжиме со постојната монетарна стратегија на стабилен курс на денарот. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Банкнотата од 50 евра е најпопуларна кај фалсификатoрите

Објавено

на

Од 2002 година, кога беше воведена евро валутата, откриени се 19 милиони фалсификувани банкноти на оваа валута со лична вредност од 1,2 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Популарно