Домашни банки
Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Комерцијална банка АД Скопје


Врз основа на член 49 и член 50 од Статутот на Комерцијална банка АД Скопје, Управниот одбор на Банката до акционерите објавува
ПОВИК
за учество на Годишното Собрание на Банката
Годишното собрание на Комерцијална банка АД Скопје, со седиште во Скопје на ул. Орце Николов бр. 3, ќе се одржи на 02.04.2020 година (четврток), со почеток во 12:00 часот, во Скопје, во Сити Мол (ул. Љубљанска бр.4), на II кат, во Сала број 4 – „Комерцијална банка“, со следниот дневен ред:
- Избор на претседавач со Собранието;
- Избор на 5 бројачи на гласови;
- Посебни финансиски извештаи на Комерцијална банка АД Скопје за 2019 година, ревидирaни од ревизорско друштво; со
– Мислење од Надзорниот одбор на Банката и
– Предлог-одлука за усвојување на извештаите и Мислењето од Надзорниот одбор; - Консолидирани финансиски извештаи на Комерцијална банка АД Скопје за 2019 година, ревидирaни од ревизорско друштво; со
– Мислење од Надзорниот одбор на Банката и
– Предлог-одлука за усвојување на консолидираните извештаи и Мислењето од Надзорниот одбор; - Годишна сметка на Комерцијална банка АД Скопје за времето од 01.01. до 31.12.2019 година; со
– Предлог-одлука за усвојување на Годишната сметка; - Консолидирана годишна сметка на Комерцијална банка АД Скопје за времето од 01.01. до 31.12.2019 година; со
– Мислење од Надзорниот одбор на Банката и
– Предлог-одлука за усвојување на Консолидираната годишна сметка и Мислењето од Надзорниот одбор; - Годишен извештај за работењето на Комерцијална банка АД Скопје во 2019 година; со
– Мислење од Надзорниот одбор
– Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај и Мислењето од Надзорниот одбор; - Извештај за работата на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје во 2019 година, колективно и од аспект на поединечните членови; со
– Предлог-одлука за одобрување на Извештајот; - Предлог-одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2019 година;
- Предлог-одлука за определување на износот на дивидендата и датумите на исплата на дивиденда за 2019 година;
- Предлог-одлука за одобрување на Одлуката за пресметка и распределба на награда на членовите на Надзорниот одбор за 2019 година;
- Предлог-одлука за именување членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје;
- Извештај за усогласеноста на работењето на Комерцијална банка АД Скопје со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза во 2019 година; со
– Предлог-одлука за усвојување на Извештајот. - Програма на мерки и активности на деловната политика и финансиски план на Комерцијална банка АД Скопје за 2020 година усвоена од Надзорниот одбор на Банката (за информирање на акционерите на Комерцијална банка АД Скопје).
Согласно Предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2019 година, донесена на седницата на Надзорниот одбор на Банката одржана на 27.02.2020 година, предложениот износ на дивиденда за 1 обична акција изнесува 550,00 денари, односно 55% во однос на нивната номинална вредност од 1.000,00 денари.
Се предлага следниот дивиденден календар:
Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2019 година е 21.04.2020 година.
Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2019 година е 22.04.2020 година.
Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2019 година е 23.04.2020 година.
Исплатата на дивиденда за 2019 година ќе започне на 29.04.2020 година.
Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.
Секој акционер, кој има намера да учествува на Собранието на Банката, е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.
Пријавите да се достават до Банката – Дирекција за управување и информирање.
Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговски друштва.
Согласно Законот за трговски друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас, имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.
Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во дневниот ред, предлози на одлуки и прашања најдоцна до 11.03.2020 година. Предлогот заедно со документите за идентификација мора да биде примен во Комерцијална банка АД Скопје најдоцна до 11.03.2020 година, до 16.00 часот. Подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката.
Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски. Податоци за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката.
Акционерите можат да гласаат со кореспонденција со испраќање пополнет образец кој во оригинал мора да биде примен во Банката најдоцна на 03.04.2019 година, до 16:00 часот. Заедно со образецот за гласање акционерот е должен да достави и документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет-страница на Банката.
Акционерите кои имаат подигнато или ќе подигнат документација за електронска регистрација за електронско гласање на Собранието, можат да гласаат со испраќање пополнет образец за гласање по електронски пат.
Документација за електронска регистрација за електронско гласање акционерите може да подигнат во Дирекцијата за управување и информирање од денот на објавата на Повикот, со презентирање документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Акционерите можат електронски да гласаат во периодот од 24.03.2020 година, од 12:00 часот, до 01.04.2020 година, до 12:00 часот. Обрасците за гласање по електронски пат се достапни на интернет-страница на Банката.
Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации согласно Законот за трговски друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во седиштето на Банката на ул.Орце Николов бр.3, во Дирекцијата за управување и информирање, соба бр. 307 (III кат, зграда КБ1) и на интернет-страница на Банката.
Домашни банки
Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра


Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)
Домашни банки
Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година


Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)
Домашни банки
Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!


Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје