Connect with us

Домашни банки

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Охридска банка АД Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 57 од Стаутот на Охридска банка АД Скопје, Надзорниот одбор на Банката го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК
за 44. седница на Собранието на акционерите
на Охридска банка АД Скопје

Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје НО бр. 0203-7914/2 од 13.2.2020 година, 44. седница на Собранието на акционерите на Охридска банка АД Скопје ќе се одржи на ден 17.3.2020 година (вторник) со почеток во 12 часот, во просториите на Охридска банка АД Скопје, ул. „Орце Николов“ бр. 54, 1000 Скопје.

За работата на 44. седница на Собранието на акционерите на Охридска банка АД Скопје, Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје го предлага следниот

ДНЕВЕН РЕД

I. Процедурален дел

1. Отворање на Собранието.
2. Избор на работни тела:
– избор на претседавач,
– избор на записничар (нотар) и на комисија за броење гласови.

II. Работен дел

1. Утврдување на дневниот ред од работниот дел
2. Усвојување на Записникот од 43. седница на Собранието на акционерите на Банката
3. Предлог-одлука за зголемување на акционерски капитал со издавање на обични акции со право на глас од 13-та емисија по пат на приватна понуда на институционален инвеститор.

Се повикуваат акционерите на Охридска банка АД Скопје да присуствуваат и да учествуваат во работата на Собранието.

Секој акционер што има намера да учествува е должен да го пријави своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание или со претходно доставување писмена пријава за учество на адресата на
Банката:

Охридска банка АД Скопје
„Орце Николов“ бр. 54
1000 Скопје
со назнака „за Собранието на акционерите“.

Обрасците за пријава на учеството на седницата можат да се најдат на интернет-страницата на Банката.

Собранието ќе одлучува само за прашањата што се уредно ставени на дневниот ред во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.

Гласањето во врска со точките од дневниот ред ќе се врши на начин што е во согласност со Статутот на Банката и со одредбите од Законот за трговските друштва.

Секој акционер со писмено полномошно може да овласти друго физичко или правно лице како свој полномошник кој ќе учествува и ќе гласа на седницата на Собранието во негово име, за што е должен веднаш да ја извести Банката; во спротивно, ќе се смета дека не го дал полномошното. Деталните информации за начинот на овластување полномошник, обрасците за гласање преку полномошник и начинот на известување за овластување полномошник можат да се најдат на интернет-страницата на Банката.

Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број на акциите со право на глас можат во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на јавниот повик за свикување на Собранието, односно најдоцна до 24.2.2020 година до 16:00 часот, да предложат дополнување на дневниот ред на Собранието со барање да се вклучат нови точки во дневниот ред и да предложат за усвојување одлуки во врска со секоја од точките што се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред на свиканото Собрание.

Секој акционер има право да поставува прашања во врска со секоја од точките од дневниот ред на седницата или претходно, со доставување прашање во писмена форма на горенаведената адреса на Банката.

Детални информации за начинот на предлагање точки на дневниот ред, поставување прашања и на предлагање одлуки можат да се најдат на интернет-страницата на Банката.

Акционерите можат да се запознаат со материјалите од дневниот ред по кој ќе работи Собранието и со дополнителните информации, во согласност со Законот за трговските друштва, во просториите на Охридска банка АД Скопје секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот и на интернет-страницата на Банката.

Домашни банки

НЛБ Банка со промотивна кампања за потрошувачките кредити до крајот на годината

Објавено

на

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, НЛБ Банка подготви промотивна кампања за потрошувачките кредити. Овој декември клиентите ќе можат да ги реализираат своите планови благодарение на промотивната понуда со подолг рок на отплата, едноставна процедура и низа други придобивки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка засади дрвја во знак на успешна реализација на GEFF програмата за финансирање зелена економија

Објавено

на

Комерцијална банка ја обележа успешната реализација на GEFF програмата за финансирање на зелената економија во Западен Балкан со засадување дрвја во Скопје. Педесет дрвја од видот каталпа се донација од Европската банка за обнова и развој, Европската Унија, Австрија и од четири банки од земјава, меѓу кои е и Комерцијална банка, а се израз на нивните стремежи за позеленување на градот Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Потрошувачки и станбени кредити од Комерцијална банка со осигурување од Триглав

Објавено

на

Комерцијална банка понуди потрошувачки и станбени кредити со уште поповолни услови – обезбедени со полиса за животно осигурување или за осигурување при неможност за отплата од осигурителните компании на
групацијата Триглав. (more…)

Продолжи со читање



Популарно