Connect with us

Домашни банки

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 56 од Стаутот на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје, Надзорниот одбор на Банката го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје

Во согласност со Одлуката на Управен Одбор на Капитал Банка АД Скопје бр.0202-24/2 од 13.02.2020 година, ќе се одржи Вонредна седница на Собранието на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје во седиштето на Банката на ул.Никола  Кљусев број 1, Скопје, на  16.03.2020 година со почеток во 12.00 часот, со следниот предлог

ДНЕВЕН РЕД

I . Процедурален дел

1. Отворање на Собранието на Банката
2. Верификација на Списокот на Присутни акционери
3. Избор на Претседавач на Собранието

II . Работен дел

4. Одлука за именување на независен член на Надзорниот Одбор на Капитал Банка АД Скопје
5. Разно

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на закажаното Собрание со Пријава за учество на Собранието.

Примерок од Пријавата за учество на Собранието се подига во просториите на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје (контакт телефон 02/3 102 – 500 и 02/3 102 – 505) или на интернет страната на Банката на www.capitalbank.com.mk.

Пополнетата Пријава за учество на Собранието се доставува до Секретаријатот на Управниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје, во просториите на  КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје, на адреса ул. Никола Кљусев број 1, Скопје.

Пријавувањето на акционерите правни лица се врши преку нивните законски застапници.

Акционерот може со Полномошно заверено на нотар, да овласти полномошник кој ќе го застапува на Собранието, за што е должен веднаш да ја извести Банката со писмено известување (Овластување) на адреса ул. Никола Кљусев број 1, Скопје.

Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат во рок од 8 (осум) дена од денот на објавување на јавниот повик за свикување на Собранието, односно најдоцна до 24.02.2020 година до 16:00 часот, да предложат дополнување на предложениот дневен ред со барање за вклучување нови точки или одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.

Предлагањето точки/одлуки по дневниот ред се врши со писмено известување доставено на адреса до Секретаријатот на  Управниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје на адреса ул. Никола Кљусев број 1,Скопје или по електронски пат на е-маил: sekretarijat@capitalbank.com.mk.

Предлогот се доставува во писмена/скенирана форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер(и) физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер(и) правно лице.

Акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа: – Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од шест месеци

– Последна тековна состојба од Централниот регистар во оригинал не постара од шест месеци
– Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

Увид во материјалите од Дневниот ред може да изврши секој акционер, секој работен ден од денот на објавувањето на Јавниот повик, од 12:00 до 14:00 часот, во просториите на Банката, на ул. Никола Кљусев број 1, Скопје.

Домашни банки

Шпаркасе: Очекувајте ефикасно решение за одложување на обврските по основ на кредитни изложености

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија на својата веб страница објави кратка информација поврзана со развојот на концептот за олеснување на отплатата на кредитните изложености, за граѓаните и компаниите. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување за промена на работно време на експозитура Скопје-ГТЦ на Штедилница Можности

Објавено

на

Штедилница Можности ги информира своите клиенти дека досегашното работно време на експозитурата во Скопје-ГТЦ од понеделник до петок од 09:00 до 17:00 часот се менува и од 30.03.2020 година (понеделник) експозитурата ќе работи со променето работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје подготвува соодветна понуда за олеснување на отплатата на кредитните прозиводи за своите клиенти

Објавено

на

Во услови на вонредна состојба и значајни рестрикции кои со себе неминовно носат финансиски ефекти врз работењето на компаниите и примањата на населението, Стопанска банка АД – Скопје подготвува соодветна понуда за олеснување во плаќањето за сите свои клиенти на кредитни производи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно