Connect with us

Домашни банки

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Врз основа на одредбите од членовите 393 став 2 од Законот за трговски друштва и Статутот на Стопанска банка а.д. Битола, а согласно Одлуката на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола за свикување 45. седница на Собрание на акционери, СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА

објавува ЈАВЕН ПОВИК

за учество на презакажано Собрание на акционери на Банката

45-та седница на Собранието на акционери на Стопанска банка а.д. Битола, која беше закажана за 27.11.2019 година, се презакажува за ден 12.12.2019 година (четврток) со почеток во 12.00 часот, во седиштето на Стопанска банка а.д. Битола, на ул. „Добривоје Радосавлевиќ“ бр.21, Битола, сала за состаноци на 3 кат со следниот дневен ред:

Процедурален дел

1.Отварање на Собранието;

2. Избор на работни тела;

2.1. Избор на претседавач;

2.2. Избор на двајца бројачи на гласови;

3. Констатирање кворум за работа на Собранието.

Работен дел

1.Предлог – Одлука за именување член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, со прилог

  • Мислење на Надзорниот одбор кон Одлуката за именување член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола.

Собранието ќе одлучува само за прашања што се уредно ставени на дневен ред, во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начинвосогласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.

Секој акционер што има намера да учествува на Собранието на Банката е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна еден час пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Пријавите да се достават во Банката – Сектор за правни работи и управување со Кабинет на Управен одбор.

Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со потпишување на писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката писмено или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномоѓна и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интеренет страница на Банката.

Акционерите што поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акциисо право на глас, имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и предлог-одлукипо точките од дневниот ред, ако истовремено приложат образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука попредложената точка.

Барање за вклучување една или повеќе точки на дневниот ред, предлагање одлуки за усвојување се испраќа до органот на управување на јавниот повик за одржување Собрание на друштвото.

Материјали за Собранието на Банката и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва им се достапни на увид на акционерите, од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во библиотеката на Банката (трети кат, Централа на Банката),  ул. „Добривоје Радосавлевиќ“ бр.21, Битола, како и на интеренет страницата на Банката.

Домашни банки

Во Маврово во организација на Халкбанк, на 8 септември повторно ќе се одржи велосипедската трка Halk Velo Green

Објавено

на

Правецот Бистра – Леуново – Бистра во Маврово и годинава ќе биде рутата која ќе треба да се извози во рамките на хронометар велосипедската трка HALK VELO GREEN која веќе трета година по ред, на 8 септември ја организира Халкбанк АД Скопје како дел од платформата HalkEco. Сите вљубеници во велосипедизмот, професионалци и аматери, за учество можат да се пријават најдоцна до 29 август преку www.smartrace.club. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИБанка: Известување за Експозитура Лептокарија

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека Експозитура Лептокарија започнувајќи од 15.08.2022г. (понеделник) ќе биде привремено затворена поради реновирање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИ Банка ќе издаде нова емисија на Перпетуална обврзница на износ од 2,5 милиони евра

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ќе издаде нова емисија на капиталниот инструмент Перпетуални или “вечни” обврзници на износ од 2,5 милиони евра. Издадениот капитален инструмент ќе се користи за зголемување на капиталот на банката. (more…)

Продолжи со читање


Популарно