Connect with us

Домашни банки

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје, Надзорниот одбор на

TТК БАНКА АД СКОПЈЕ
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА

ЈАВЕН ПОВИК
ЗА УЧЕСТВО НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА БАНКАТА

Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје бр. 02-1668/14 од 28.2.2023 година, Годишното собрание на акционери на ТТК Банка АД Скопје ќе се одржи на 7.4.2023 година (петок) со почеток во 12 часот со следниот

ДНЕВЕН РЕД

I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

1. Отворање на Собранието.
2. Избор на претседавач на Собранието.

II. РАБОТЕН ДЕЛ

  1. Усвојување на записникот од XXXVIII седница на Собранието на акционери на Банката одржана на ден 6.9.2022 година;
  2. Разгледување на Годишниот извештај за работењето на ТТК Банка АД Скопје  во 2022 година и Мислење по истиот од Надзорниот одбор, со Предлог – одлука за усвојување на Извештајот и Мислењето;
  3. Разгледување на Финансиските извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2022 година ревидирани од Друштвото за ревизија „Мур Стивенс“ ДОО Скопје и Мислењето за извештаите од Надзорниот одбор, со Предлог – одлука за усвојување на Извештаите и Мислењето;
  4. Разгледување на Годишната сметка на ТТК Банка АД Скопје за 2022 година, со Предлог – одлука за усвојување;
  5. Разгледување на Предлог – одлуката за употреба и за распоредување на нераспределената добивка на ТТК Банка АД Скопје за 2022 година;
  6. Разгледување на Предлог – одлуката за зголемување на основната главнина на ТТК Банка АД Скопје со издавање акции од нова емисија од средства на Банката;
  7. Разгледување на Предлог – одлуката за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2022 година (дивиденден календар);
  8. Разгледување на Извештајот и оцената на работата на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје во 2022 година, со Предлог – одлука за усвојување;
  9. Разгледување на Предлог – одлуката за измени и дополнувања на Статутот на ТТК Банка АД Скопје;
  10. Разгледување на Предлог – одлуката за именување Претседател на Одборот за наградување на членовите на Надзорниот одбор и на Одборот за ревизија;
  11. Информација за поднесена оставка на член на Надзорниот одбор на Банката;
  12. Информација за резултатите од извршената оцена на соодветноста на кандидатите за членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.

Се повикуваат акционерите на ТТК Банка АД Скопје да учествуваат во работата на Собранието на акционери.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на акционери е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието на акционери, со доставување пријава за учество до Секретаријатот на Банката (или на телефакс: 02/3131-387; е-пошта: sekretarijat@ttk.com.mk).

Собранието на акционери ќе одлучува само за прашања коишто се уредно ставени на Дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието на акционери со писмено полномошно, за што е должен веднаш да ја извести Банката по писмен пат или електронски.

Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

Гласањето по точките од Дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Акционерите можат да гласаат со кореспонденција, со испраќање пополнет образец кој во оригинал мора да биде примен во Банката најдоцна на 6.4.2023 година, до 15 часот. Заедно со образецот за гласање, акционерот е должен да достави и документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет-страницата на Банката www.ttk.com.mk.

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точките од Дневниот ред.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 11.3.2023 година, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

Материјалите за Собранието на акционери и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден, во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“, на ул. „Народен фронт“ бр.19А во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Објавено

на

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ја врачи престижната награда „Роман на годината“ на академик Влада Урошевиќ

Објавено

на

Сo сечено врачување на наградата „Славко Јаневски“ на академик Влада Урошевиќ, Комерцијална банка како Генерален покровител одбележа уште едно престижно издание на „Роман на годината“.

Наградата под покровителство на Комерцијална банка се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150 илјади денари, а годинава ја доби романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. Традиционално наградата ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“.

Академик Урошевиќ е особено горд на наградата и на своето дело, кое докажува дека „македонскиот јазик може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него и дека на планот на книжевните идеи имаме што да му покажеме на светот“.

Банката обезбедува и 183.000 денари за паричен надоместок на членовите на жири-комисијата, кои годинава одлучуваа за победникот во конкуренција на 35 романи.

„Комерцијална банка е горда што е поддржувач на оваа значајна манифестација, во која препознава искрена желба и длабока волја за негување на македонскиот пишан збор и за создавање богато наследство за идните генерации. Секогаш е полесно заедно да успееме во оваа благородна цел“, порача Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка, при врачувањето на наградата.

Со поддршката на „Роман на годината“, како и со целокупната своја поддршка на домашната литература, Комерцијална банка дава долгорочен и исклучително значаен придонес за унапредување на литературното творештво во земјава.

Продолжи со читање

Популарно