Домашни банки
Јавен повик за учество на Европскиот квиз на пари

Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка на Република Северна Македонија и Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ПОВИК
до основните и до средните училишта во Република Северна Македонија
Ги повикуваме основните и средните училишта во Република Северна Македонија за учество во меѓународниот натпревар ‒ Европскиот квиз на парите. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години.
Европскиот квиз на парите се одвива во две фази – првата се националните натпревари во секоја земја, а втората фаза е европското финале во кое учествуваат победниците на националните натпревари.
Во Република Северна Македонија националниот натпревар ќе се одржи виртуелно за време на Глобалната недела на парите (од 21 до 27 март 2022 година) на македонски и на албански јазик.
Тимот од најдобрите двајца ученици ќе ја претставува нашата земја на европското финале коешто ќе се одржи на 10 мај 2022 година во Брисел, Кралството Белгија, на англиски јазик. Поради тоа, националните победници треба да имаат солидни познавања од англиски јазик.
Европската банкарска федерација го задржува правото за одржување на финалето како е-настан, доколку тоа го бараат условите наметнати од пандемијата.
Европската банкарска федерација ќе им додели парична награда на училиштата коишто ќе освојат прво, второ и трето место.
Натпреварите ќе се одвиваат преку посебна електронска апликација за оваа намена „Кахут“ (Kahoot!), којашто е едукативна платформа на база на игра.
Се повикуваат сите заинтересирани основни и средни училишта да пријават одделенија/класови за учество на националниот натпревар во Република Северна Македонија, најдоцна до 18 февруари 2022 година, на електронската адреса на Македонската банкарска асоцијација: info@mba.mk
Притоа, треба да се има предвид следново:
- Секое основно или средно училиште може да пријави повеќе одделенија/класови;
- Учениците треба да бидат на возраст од 13 до 15 години на денот на пријавувањето;
- Заедно со податоците за одделенијата/класовите, треба да се достават податоци за наставниците/професорите под чие менторство ќе се одвива подготовката.
Едукативните материјали потребни на учесниците од Република Северна Македонија за подготовка за националниот натпревар и европското финале и повеќе информации за Европскиот квиз на парите се достапни на следниве веб-страници: www.mba.mk и www.ebf.eu.
Поддржано од:
- Министерството за образование и наука на РСМ
- Министерството за финансии на РСМ
Домашни банки
Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка