Connect with us

Домашни банки

Јавен повик за Собрание на акционери на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 27 од Статутот на Стопанска банка АД – Скопје, Надзорниот одбор на

СТОПАНСКА БАНКА АД – СКОПЈЕ

 ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА

ЈАВЕН ПОВИК

за учество на 48-та седница на Собранието на акционери

Седницата на Собранието на акционери ќе се одржи на 30-ти Јуни, 2020 година (вторник), со почеток во 12.00 часот по пат на кореспонденција, со оглед на вонредната состојба, а со цел почитување на заштитните мерки за спречување на ширењето на вирусот КОВИД-19 на Владата на Република Северна Македонија и согласно соопштението на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија од 16.03.2020 година за модификација на одржување на годишните собранија на акционерите.

За работа на 48-та седница на Собранието на акционери, Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје го предлага следниот:

ДНЕВЕН РЕД:

  1. Избор на Претседавач, нотар и бројач на гласови;
  2. Разгледување на Записникот од 47-та седница на Собранието на акционери одржана на март 4ти, 2020 година;
  3. Донесување на Одлука за потврдување на оставката на член на Надзорен одбор;
  4. Донесување на Одлука за повторно именување на постоен член на Наздорен одбор;
  5. Донесување на Одлука за усвојување на Годишната сметка и Финансиските извештаи на Стопанска банка АД – Скопје за 2019 година;
  6. Разгледување и усвојување на Ревидираните финансиски извештаи на Стопанска банка АД – Скопје за 2019 година,со писменото мислење од Надзорниот одбор;
  7. Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за работењето на Стопанска банка АД – Скопје во 2019 година, со писменото мислење од Надзорниот одбор;
  8. Донесување на Одлука за распоредување на добивката за 2019 година;
  9. Донесување на Одлука за начинот на пресметување и исплата на дивиденда на имателите на приоритетни акции за 2019 година;
  1. Донесување на Одлука за прераспределба на дел од акумулирана добивка во добивка ограничена за распределба на акционерите;
  1. Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за работењето на Надзорниот одбор за 2019 година и
  2. Донесување на Одлука за назначување на овластено друштво за ревизија за 2020 година.

Се повикуваат акционерите на Стопанска банка АД – Скопје да гласаат по точките од дневниот ред објавени во Јавниот повик, со пополнување на Образец за гласање со коресподенција, кој е објавен на официјалната интернет страна на Банката.

Уредно пополнетиот Образец за гласање со коресподенција, акционерите треба да го достават во писмена форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционерот физичко лице, односно назив, седиште, печат и целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционерот правно лице.

За потребите на идентификација, заедно со пополнетиот Образец за коресподенција, акционер физичко лице потребно е да достави и копија од документ за идентификација (лична карта).

За потребите на идентификација, заедно со пополнетиот Образец за коресподенција, акционер правно лице потребно е да достави и копија од важечка тековна состојба на правното лице и копија од документ за идентификација (лична карта) на законскиот застапник на правното лице.

Пополнетиот Образец за коресподенција во оригинал заедно со погоре наведените документи за идентификација, со назнака „за Собрание на акционери“ треба да бидат примени во седиштето на Стопанска банка АД – Скопје, на улица „11 Октомври“ бр. 7, 1000 Скопје, најдоцна до 29.06.2020 година до 12.00 часот.

Собранието на акционери ќе одлучува само за прашања што се уредно ставени на дневниот ред  во согласност со Статутот на банката и Законот за трговски друштва.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин утврден согласно одредбите од Законот за трговски друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник на собранието на акционери, на начин и под услови утврдени со закон,со потпишување на писмено полномошно. Секој акционер кој дал писмено полномошно и назначил свој полномошник е должен да ја извести Банката со писмено известување на горенаведената адреса и назнака, или по електронски пат на: sobranie@stb.com.mk со доставување на полномошното во скенирана форма, во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното.

Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат во рок од 8 (осум) дена од денот на објавување на јавниот повик за свикување на Собранието, односно најдоцна до 07.06.2020 година, да предложат дополнување на предложениот дневен ред со барање за вклучување нови точки или одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка. Предлагањето точки/одлуки по дневниот ред се врши со писмено известување доставено на горенаведената адреса и назнака или по електронски пат на е-поштата: sobranie@stb.com.mk.

Предлогот се доставува во писмена/скенирана форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционери(и) физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер(и) правно лице. Заедно со барањето акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа:

  1. За акционер физичко лице, се приложува
  • Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од 3 дена, и
  • Копија од лична карта или пасош.
  1. За акционер правно лице, се приложува
  • Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од 3 дена,
  • Последна тековна состојба од Централен регистар во оригинал не постара од 7 дена, и
  • Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник.

Акционерите имаат право да поставуваат прашања по точките од дневниот ред со доставување на прашање во писмена форма најдоцна до 29.06.2020 година до 12.00 часот, на горенаведената адреса на Банката. Одговорите на поставените прашања од седница на собранието ќе бидат објавени на интернет страната на Банкатаwww.stb.com.mk во форма на прашање и одговор.

Прашањата се доставуваат во писмена форма во оригинал на горенаведената адреса и назнака, или по електронски пат во скенирана форма на е-пошта sobranie@stb.com.mk, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер(и) физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот зсатапник на акционер(и) правно лице. Заедно со прашањето акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа:

  1. За акционер физичко лице, се приложува
  • Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од 3 дена, и
  • Копија од лична карта или пасош.
  1. За акционер правно лице, се приложува
  • Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од 3 дена,
  • Последна тековна состојба од Централен регистар во оригинал не постара од 7 дена, и
  • Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник.

Акционерите можат да се запознаат со материјалите по дневниот ред и со дополнителните информации, согласно важечката законска регулатива, на интернет страната на Банката од денот на објавувањето на овој Јавен повик.

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно