Connect with us

Домашни банки

Јавен повик за собрание на акционери на НЛБ Банка

Објавено

на

Врз основа на членовите 40 и 41 од Статутот на НЛБ Банка АД Скопје, а согласно Одлуката на Надзорниот одбор од 27.07.2018 година за свикување на Годишно собрание на акционери, НЛБ Банка АД Скопје 

ВЕ ПОКАНУВА да учествувате на Годишното собрание на акционерите на НЛБ Банка АД Скопје

Годишното собрание на акционери на НЛБ Банка АД Скопје, ќе се одржи на ден 06.09.2018 година, со почеток во 11.00 часот, во просториите на НЛБ Банка АД Скопје, на ул. „Мајка Тереза“ бр.1, Скопје, со следниот дневен ред:

1. Избор на претседавач на Собранието;

2. Избор на записничар и на бројач на гласови на Собранието;

3. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Статутот на НЛБ Банка АД Скопје;

4. Предлог – Одлука за усвојување на Политика за наградување за вработените со посебна природа на работата во НЛБ Банка АД Скопје.

Се повикуваат акционерите да учествуваат во работата на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието до Секторот за правни работи и секретаријат на НЛБ Банка АД Скопје (контакт-телефон: 02/5100-324 и 02/5100-615).

Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со потпишување на писмено полномошно. За секое полномошно дадено во писмена форма, потребно е акционерот веднаш писмено да ја извести Банката, на адреса на седиштето на НЛБ Банка АД Скопје: ул. „Мајка Тереза“ бр. 1, 1000 Скопје или на електронската адреса kabinetuprava@nlb.mk, во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното.
Собранието ќе одлучува само по прашања кои се уредно ставени на дневен ред, во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.

Право на гласање и давање предлози за расправа за одделни прашања, имаат само акционерите кои се сопственици на акции со право на глас.

На својата интернет страница www.nlb.mk , не подоцна од 21 ден пред денот на одржување на седницата на Собранието, НЛБ Банка АД Скопје ќе ги објави и ќе бидат достапни следниве материјали и информации: содржината на јавниот повик, односно поканата за свикување на седница на собрание на акционери; вкупниот број на акции и вкупниот број на гласачки права кои произлегуваат од акциите со право на глас на денот на објавата на јавниот повик, односно на денот на испраќање на поканата, вклучително и вкупен број на акции од секој род и класа; документите и материјалите кои ќе се разгледуваат на седницата на Собранието на акционери; предложените одлуки од акционерите кои Банката веднаш откако ќе ги прими ги објавува и обрасците за гласање преку полномошник подготвени за преземање електронски од страна на акционерите.

Материјалите од дневниот ред и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва се достапни на увид на акционерите, секој работен ден од денот на објавата на јавниот повик за свикување Собрание, од 10.00 до 13.00 часот, во просториите на НЛБ Банка АД Скопје, на ул. „Мајка Тереза“, бр. 1, 1000 Скопје, Р. Македонија, во Секторот за правни работи и секретаријат на НЛБ Банка.

Домашни банки

Казна за кредиторот ако трошоците за кредитот надминат половина од неговата вредност

Објавено

на

Глоби од две илјади до три илјади евра ќе плаќаат фиансиските друштва или банките кои за дадениот кредит ќе наплатат поголеми трошоци од законски предвидените. Освен ова, за истиот прекршок има и глоба од 500 до 800 евра за одговорното лице кај кредиторот.

Ова се санкциите кои ги предлага Министерството за финансии со измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, со кои ја регулира стапката на вкупни трошоци кај кредитите до 200 евра, кои ги даваат финансиските друштва, а во последно време и некои банки.

Според објавената верзија на Предлогот за изменување и дополнување на овој Закон, од стариот закон се исфрла ставот со кој од законската регулатива се изземаат договорите за кредит на износи помали од 200 и повисоки од 75.000 евра во денарска противвредност. Со тоа се овозможува под контрола на Министерството за финансии да бидат и трошоците што се пресметуваат и за овие кредити. Со нов член, пак, се предвидува тие трошоци да не бидат повисоки од висината на пет затезни камати.

До крајот на годинава затезната камата што ја утврдува Народната банка ќе остане 11проценти, што значи дека вкупните трошоци, како што се провизиите, даноците, манипулативните трошоци… за кредитите до 200 и над 75.000 евра не смеат да надминат 55 проценти од нивната висина.

Така, ако кредитот е 12.000 денари, тогаш вкупните трошоци што ги пресметува кредиторот не смеат да надминат 6,6 илјади денари, со што за 12.000 денари кредитокорисникот би вратил најмногу 18,6 илјади денари.

Законот со кој се регуилира годишната стапка на вкупни трошоци треба да почне да се применува 30 дена откако законот ќе стапи на сила. Но, според Елези допрва следува изјаснувањето на заинтересираните по понудениот текст, па предлогот на Министерството ќе се достави во Владата, а дури потоа за него ќе се изјаснува и ќе го донесе Собранието.

Продолжи со читање

Домашни банки

Георги Константинов, Тихомир Атанасов и Христо Христов реизбрани за членови на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје преку соопштение објавено на веб страната на Македонска берза, ја информираше јавноста за измени во органите на управување. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Заинтересирани сте за пракса во НЛБ Банка?

Објавено

на

НЛБ Банка го поддржува развојот на младите кадри и ја поттикнуваме младата студентска иницијатива. Традиционално овозможуваат практична работа на млади и амбициозни луѓе кои се во текот на нивните универзитетски студии од областа на економијата и информациските технологии. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange