Connect with us

Домашни банки

Јавен повик за Собрание на акционери на УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

Согласно одредбите од Законот за банки, одредбите од Законот за трговски друштва и одредбите од Статутот на  Универзална Инвестициона Банка АД Скопје, Надзорниот одбор на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје објавувa:

П   О   В   И   К

за учество на 28-та Редовна годишна седница на Собранието на акционери на  Универзална Инвестициона Банка АД Скопје

Годишното собрание на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје, ќе се одржи на 12.06.2020 година (петок), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Банката на ул. Максим Горки бр.6, Скопје, со следниот:

Д  Н  Е  В  Е  Н     Р  Е  Д

I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

  1. Отварање на Собранието
  2. Избор на работни тела на Собранието
    – избор на Претседавач на Собранието;
    – избор на бројач на гласови;
    – избор на записничар.

II. РАБОТЕН ДЕЛ 

  1. Разгледување на Извештај за работењето на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје за 2019 година, со писмено мислење по истиот од страна на Надзорен одбор и Предлог Одлука за усвојување на извештајот;
  2. Разгледување на Извештај за работење на Надзорниот одбор на Универзална Инвестициона Банка во 2019 година, со Предлог Одлука за одобрување на извештајот;
  3. Разгледување на Годишната сметка и финансиските извештаи на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје за период 01.01.2019 година до 31.12.2019 година, со Предлог Одлука за усвојување;
  4. Предлог Одлука за употреба и распоредување на остварена добивка за период од 01.01.2019 до 31.12.2019 година;
  5. Разгледување на Извештај од извршена ревизија на работењето на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје за 2019 година од Друштото за ревизија МУР СТИВЕНС Скопје, со писмено мислење по истиот од страна на Надзорен одбор;
  6. Предлог Одлука за именување на Друштво за ревизија, кое ќе врши ревизија на работењето на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје за 2020 година;
  7. Предлог одлука за исплата на камата на имателите на перпетуална обврзница.

Правото на учество во работата на Собранието и правото на глас е условено со пријавување на акционерите, односно нивните застапници, најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Пријавувањето на акционери – правни лица се врши со доставување на пријава, потпишана  и заверена  од надлежен орган на правното лице.

Пријавувањето на акционер – физичко лице се врши писмено, со доставување на пријава лично потпишана од физичкото лице.

Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

Согласно Законот за трговски друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред со образложение за предложените точки или предлог одлуки по точките од дневниот ред, во рок од 8 дена од денот на оваа објава.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во дневниот редпредлози на одлуки и прашања најдоцна до 19.05.2020 година. Предлогот заедно со документите за идентификација мора да биде примен во просториите на Банката најдоцна до 19.05.2020 година, до 16.00 часот. Подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет страница на Банката www.unibank.mk.

Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски. Податоци за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет страница на Банката www.unibank.mk.

Полномошната и пријавите да се достават најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Материјалите за седницата на Собранието ќе бидат достапни на акционерите од денот на објавување на јавниот повик, секој работен ден во просториите на Банката на ул.Максим Горки бр.6 во Скопје и на интернет страницата на банката www.unibank.mk.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговски друштва.

Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации согласно Законот за трговски друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето.

Обрасците за гласање се достапни на официјалната интернет страница на Банката www.unibank.mk. Акционерите можат пополнетиот образец за гласање заедно со валиден документ за лична идентификација, да ги достават во седиштето на Банката на ул. Максим Горки бр.6 во Скопје, секој работен ден во период од 04.06.2020 година од 08:00 часот  до 11.06.2020 година до 14:00 часот.

Домашни банки

Награда од “Commerzbank” за Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје е добитник на наградата од „Commerzbank“, за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Која банка има најраспространета мрежа на експозитури и филијали?

Објавено

на

Во текот на денешниот ден ја анализираме мрежата на експозитури и филијали на вкупно 14 банки од земјава. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Граѓаните користејќи домашна платежна картичка потрошиле 10,7 милиони евра

Објавено

на

Заклучно со 8-ми јули во земјава има активни 187.768 домашни платежни картички, а граѓаните со домашните платежни картички потрошиле 10,7 милиони евра и реализирале преку 660.000 трансакции. (more…)

Продолжи со читање

Популарно