Connect with us

Домашни банки

Јавен повик за Собрание на акционери на Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Врз основа на член 30 став 4 и став 5 од Статутот на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, Надзорниот одбор на

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ

ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА

П О В И К

за учество на Собрание на акционери

45та седница на Собранието на акционери на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ќе се одржи на 26.05.2020 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, во седиштето на Банката ул. Македонија 9-11 Скопје, со следниот

ДНЕВЕН РЕД

  1. Избор на претседавач со Собранието, Нотар и бројач на гласови
  2. Разгледување на Записник од 44.седница на Собранието на акционери,
  3. Извештај на друштвото за ревизија ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО Скопје за извршена ревизија на финансиските извештаи на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за 2019 година, Одлука
  4. Извештај на друштвото за ревизија ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО Скопје за извршена ревизија на консолидираните финансиски извештаи на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за 2019 година, Одлука
  5. Годишна сметка и финансиски извештаи на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за периодот 01.01.-31.12.2019 година, Одлука
  6. Консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за периодот 01.01.-31.12.2019 година, Одлука
  7. Извештај за работењето на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје во 2019 годинаОдлука
  8. Консолидиран Извештај за работењето на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје во 2019 годинаОдлука
  9. Одлука за распределба на добивка од 2019 година
  10. Извештај за работата на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје во 2019 година, колективно и од аспект на поединечните членови
  11. Одлука за измени и дополнувања на Статутот на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и усвојување на пречистен текст на Статутот

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката, е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание. Поради актуелните мерки за заштита на населението, седницата на Собранието на акционери на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ќе биде со можност за гласање преку писмена кореспонденција. Обрасците за гласање со писмена кореспонеднција се на следниот линк: Образец за гласање со кореспонденција-правно лице и Образец за гласање со кореспонденција-физичко лице

Приjавите да се достават до Банката – Кабинет на Управен одбор.

Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномоштвата и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката.

Согласно Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, имаат право да доставуваат предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.

Акционерите можат да доставуваат предлози за вклучување на нови точки во дневниот ред, предози на одлуки и прашања и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен јавниот повик а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката.

Барањето за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на Собранието што е свикано, се испраќа до органот што го свикал Собранието на Банката, и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е испратена поканата, односно од денот кога е објавен јавниот повик за учество на Собранието.

Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и на интернет-страницата на Банката.

Домашни банки

Дали сте размислувале колку пари и време ви заштедуваат дигиталните финансиски услуги?

Објавено

на

Сите сме сведоци на ултра брза дигитална трансформација. Замислете си само колку пати дневно извршувате дигитални трансакции? Сигурно никогаш не сте размислувале колку пари и време ви заштедува плаќањето преку интернет или мобилен телефон. Во маркети плаќате со картичка за неколку секунди и не чекате кусур. Не губите време ниту кога ви треба готовина, затоа што имате банкомат на секој чекор. Не трошите еден вработен за уплата на дневен промет секој ден затоа што и за тоа имате банкомат… (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка со 18.10.2021 година.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со фантастична вест за акционерите – ќе ја подели и заостанатата дивиденда!?

Објавено

на

Изминатата пандемиска 2020 година, НЛБ Банка ги следеше инструкциите на Народната банка којашто советуваше банките да не исплаќаат дивиденда, па така Банката се воздржа и на своите акционери не им ја исплати заслужената награда. (more…)

Продолжи со читање



Популарно