Connect with us

Домашни банки

Јавен повик за Собрание на акционери на НЛБ Банка

Објавено

на

Врз основа на членовите 40 и 41 од Статутот на НЛБ Банка АД Скопје, а согласно Одлуката на Надзорниот одбор од 12.12. 2019 година за свикување на Собрание на акционери, НЛБ Банка АД Скопје

ВЕ ПОКАНУВА да учествувате на Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје

Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје, ќе се одржи на ден 16.01.2020 година, со почеток во 13.00 часот, во просториите на НЛБ Банка АД Скопје, на ул. „Мајка Тереза“ бр.1, Скопје, со следниот дневен ред:

1. Избор на претседавач на Собранието;

2. Избор на записничар и на бројач на гласови на Собранието;

3. Предлог-одлука за измени и дополнувања на Статутот на НЛБ Банка АД Скопје;

4. Предлог-одлука за именување на независен член на Надзорен одбор на НЛБ Банка АД Скопје;

5. Информација за резултатите од извршената оцена на соодветноста на Кристина Ковачич-Бјелајац за член на Надзорен одбор на НЛБ Банка АД Скопје;

6. Предлог-одлука за усвојување на Политика за наградување за вработените со посебна природа на работата во НЛБ Банка АД Скопје.

 

Се повикуваат акционерите да учествуваат во работата на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието до Секторот за правни работи и секретаријат на НЛБ Банка АД Скопје (контакт-телефон: 02/5100-326 и 02/5100-906) или на електронска адреса sekretarijat@nlb.mk.

Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со потпишување на писмено полномошно. За секое полномошно дадено во писмена форма, потребно е акционерот веднаш писмено да ја извести Банката, на адреса на седиштето на НЛБ Банка АД Скопје: ул. „Мајка Тереза“ бр. 1, 1000 Скопје или на електронската адреса sekretarijat@nlb.mk, во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното.

Во случај на давање полномошно од страна на повеќе акционери на едно лице, полномошникот е должен во рок од 5 работни дена пред одржување на Собранието, да достави известување до Комисијата за хартии од вредност за намерата и причините за давањето на полномошното, бројот на акции за кои се дадени полномошната, како и дали тие се со или без инструкции за гласање.

Известувањето, полномошникот го поднесува известувањето до Комисијата во писмена форма исклучиво на пропишан Образец утврден во Правилник за критериуми за утврдување на заедничко дејствување согласно Закон за преземање на акционерските друштва.

Собранието ќе одлучува само по прашања кои се уредно ставени на дневен ред, во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.

Право на гласање и давање предлози за расправа за одделни прашања имаат само акционерите кои се сопственици на акции со право на глас.

На својата интернет страница Банката, не подоцна од 21 ден пред денот на одржување на седницата на Собранието, НЛБ Банка АД Скопје ќе ги објави и ќе бидат достапни следниве материјали и информации: содржината на јавниот повик, односно поканата за свикување на седница на Собрание на акционери; вкупниот број на акции и вкупниот број на гласачки права кои произлегуваат од акциите со право на глас на денот на објавата на јавниот повик, односно на денот на испраќање на поканата, вклучително и вкупен број на акции од секој род и класа; документите и материјалите кои ќе се разгледуваат на седницата на Собранието на акционери; предложените одлуки од акционерите кои Банката веднаш откако ќе ги прими ги објавува и обрасците за гласање преку полномошник подготвени за преземање електронски од страна на акционерите.  (овој образец се однесува на давање на полномошно од еден акционер на едно лице. Во случај на давање на полномошно од страна на повеќе акционери на едно лице, се користи образецот утврден во Правилникот за критериуми за утврдување на заедничко дејствување во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва).

Материјалите од дневниот ред и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва се достапни на увид на акционерите, секој работен ден од денот на објавата на јавниот повик за свикување Собрание, од 10.00 до 13.00 часот, во просториите на НЛБ Банка АД Скопје, на ул. „Мајка Тереза“, бр. 1, 1000 Скопје, Р. Македонија, во Секторот за правни работи и секретаријат на НЛБ Банка.

Депозити

Колку заштедивте летово? Сега е моментот – 2% фиксна каматна стапка за орочени депозити во ПроКредит Банка

Објавено

на

Летната сезона е момент кога сакаме да се релаксираме, кога трошоците ни се предвидени за уживање, но секогаш е добредојдено да испланирате и сигурна заштеда за иднината! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„Поетска ноќ во Велестово“ по 34-ти пат со поддршка од Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка е долгогодишен пријател и поддржувач на македонското културно творештво со цел не само негово промовирање, туку и негување и создавање идни културни дејци. Во духот на оваа општествено одговорна мисија, Банката и оваа година го поддржа одржувањето на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово”. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„За повеќе детски насмевки“ – нова заедничка соработка на Шпаркасе Банка и СОС Детско село

Објавено

на

По повод 19 август – Светскиот ден на хуманоста, Шпаркасе Банка ја најавува новата соработка со својот долгогодишен партнер – СОС Детско село и заедничката кампања под мотото „За повеќе детски насмевки“, која ја пренесува силната порака за моќта на поврзувањето и градењето силни врски на доверба и поддршка, кои му се потребни на секое дете за да прерасне во силна индивидуа. (more…)

Продолжи со читање


Популарно