Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Осигурување

Јавен повик за свикување на редовно годишно собрание на акционери на Заваровалница Триглав

Објавено

на

Управата на Заваровалница Триглав во согласност со финансискиот календар го свикува 44-то собрание на друштвото, кое ќе се одржи на ден 28.05.2019 година од 14 часот во Големата сала Б1, на Веровшкова улица 60 б, Љубљана.

На споменатото собрание меѓу останатото ќе биде претставен годишниот извештај на Групацијата Триглав и Заваровалница Триглав за 2018 година, во која компанијата успешно работеше и доследно ги спроведуваше активностите за развој согласно стратешките насоки. Групацијата Триглав оствари 97,5 милиони евра бруто добивка (индекс 115) и ја зголеми профитабилноста на капиталот на 10,8% (во 2017 година 9,3%).

Учесниците на ова собрание во мај ќе одлучуваат за распределба на книговодствената добивка за 2018 година. Согласно усвоената политика за дивиденда, чие спроведување е подредено на среднорочно одржливо постигнување на целна адекватност на капиталот на Групацијата Трилав, Надзорниот одбор и Управниот одбор ќе достават предлог до Собранието на акционери на Заваровалница, за исплата на дивиденда во висина од 2,50 евра бруто по акција. Овие акции ќе се исплаќаат на акционерите регистрирани во акционерската книга на ден 12.6.2019 година, додека пак дивидендата ќе се исплати наредниот ден. Предложената дивиденда изнесува 70,3% од консолидираната нето добивка на Групацијата Триглав за 2018 година.

На дневен ред, на годишното собрание на акционери на Заваровалница Триглав е и одобрувањето на работата и водењето на работењето на Друштвото од страна на Управниот и на Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав за деловната 2018 година, како и именување на ревизор за деловните години 2019, 2020 и 2021.

Материјалите со предлог одлуките и нивните образложенија, на акционерите им се на располагање и на увид во седиштето на Заваровалница Триглав, Миклошичева бр.19 во Љубљана, секој работен ден до 28.05.2019 од 10 до 12 часот, како и на интернет страната.

Повикот за 44-то собрание на акционери на Заваровалница Триглав заедно со материјалите, обрасците за пријава, полномоштвата за учество и гласањето се објавени на интернет страната на Љубљанската берза како и на следниов линк.

.

Осигурување

Групацијата Триглав на тримесечје ја потврдува најавата за планираната годишна добивка

Објавено

на

Во првите три месеци од 2019-та година Групацијата Триглав фактурираше 317 милиони евра бруто консолидирана премија, што е 8% повеќе во споредба со истиот период минатата година. Консолидираната бруто добивка порасна за 8% и изнесува 29,9 милиони евра. Имајќи ги во вид предвидените околности до крајот на годината, Групацијата ја потврдува најавата за планираниот годишен резултат. Паралелно со доброто работење во осигурителната дејност, што е изразено преку поволниот комбиниран коефициент на Групацијата, Триглав го зголеми обемот на средства со кои што управува за своите клиенти. Оваа година, Групацијата продолжува да ја спроведува својата стратегија на раст и развој, успешно го заврши купувањето на друштвото АЛТА Склади и влезе на македонскиот пазар на пензиски осигурувања. Триглав Осигурување Скопје, кој е дел од Групацијата Триглав, во првиот квартал од 2019-та година работеше добро во својата основна дејност и ја зачува лидерската позиција на македонскиот пазар на неживотно осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Дружба со Винко!

Објавено

на

Вашето дете е Вашата најголема среќа, а неговото здравје е Ваша најголема грижа! Заштитата на здравјето на Вашето дете е една од најголемите финансиски одлуки што некогаш ќе ги направите во животот. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Членовите на Управниот одбор на Осигурување Македонија добија нов мандат

Објавено

на

Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Управниот одбор на Друштвото. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange