Connect with us

Домашни банки

Јавен повик за корисниците на ковид 1 линијата на бескаматни кредити од Развојна Банка

Објавено

на

Развојната банка на Северна Македонија на својата веб-страница објави јавен повик со кој се нуди можност за корисниците на кредити од првата бескаматна кредитна линија Ковид 1 да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за 3 месеци.

Јавниот повик ќе трае 7 дена, заклучно со 14 октомври 2020 година.

Линк до јавниот повик: https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti/668-javen-povik-do-kreditokorisnicite-na-kovid1?fbclid=IwAR2meygVgQooJ9qrkDFZAjx9tP9Lw4IzS9t_6LHdx5tYLvtPcdpOoRuLY20

Ова е прва од мерките од 4-тиот пакет економски мерки која почнува да се реализира.

Со оваа мерка, преку Развојната банка на Република Северна Македонија, на постоечките корисници на кредитни линии од оваа банка, ќе им бидат обезбедени дополнителни 3 месеци грејс период пред да започнат со исплата на ануитетите од земените кредити.

Државата е партнер на стопанството и граѓаните, ова зголемување на грејст периодот за отплата на кредитите од Ковид 1 ќе им даде дополнителна ликвидност на корисниците во овој последен квартал од годината за пребродување на кризата.

Бескаматната кредитна линија Ковид 1 на РБРСМ во вредност од 5,5 милиони евра, беше наменета за најпогодените дејности на почетокот на ковид кризата, односно за угостителстката, транспортната и туристичката дејност.

Од оваа линија беа одобрени 737 кредитни апликации на компании кои вработуваат 6.509 лица.

Од нив, 77% беа микро, 21% мали компании, а 2% средни компании.

Дополнителнa поракa:

„Новиот пакет има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да закрепне одредени дејности, да обезбеди стабилност на социјалните трансфери и да обезбеди политики кои ќе помогнат спроведување на брза излезна стратегија кога кризата ќе заврши за да продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија“, соопштуваат од Владата.

Домашни банки

Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Објавено

на

Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)

Продолжи со читање


Популарно