Connect with us

НБРМ

Јавен повик до основните и средните училишта за учество во Европскиот квиз на парите

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка на Република Северна Македонија и Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ПОВИК

до основните и средните училишта во Република Северна Македонија

Се повикуваат основните и средните училишта во Република Северна Македонија за учество во меѓународниот натпревар Европскиот квиз на парите. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација, фокусиран на финансиската едукација на учениците од 13 до 15 години.

Европскиот квиз на парите се одвива во две фази – првата фаза се националните натпревари во секоја земја поединечно, а втората фаза е европското финале.  Националниот натпревар во Република Северна Македонија ќе се одржи на  23 март 2020 година.

Најдобрите двајца ученици ќе ја претставуваат нашата земја на финалето коешто ќе се одржи на 29 април 2020 година во Брисел, Белгија.

Европската банкарска федерација, на училиштата на побединиците на европското финале  ќе им додели парична награда, и тоа: во износ од 3.000 евра за прво место, 2.000 евра за второ место и 1.000 евра за трето место.

Натпреварите ќе се реализираат преку посебна електронска апликација за оваа намена Кахут (Kahoot!), којашто е едукативна платформа на база на игра. Финалниот натпревар во Белгија ќе се одвива на мајчин јазик на учесниците.

Се повикуваат сите заинтересирани основни и средни училишта да пријават одделенија/класови за учество на националниот натпревар во Република Северна Македонија, најдоцна до 31 јануари 2020 година на следнава електронска адреса на Македонската банкарска асоцијација: info@mba.mk

Притоа, треба да се има предвид следново:

–      Секое основно или средно училиште може да пријави повеќе одделенија/класови;

–      Учениците треба да бидат на возраст од 13 до 15 години на денот на пријавувањето;

–      Заедно со податоците за одделенијата/класовите треба да се достават податоци за наставниците/професорите под чие менторство ќе се одвива подготовката.

Едукативните материјали потребни на учесниците од Република Северна Македонија за подготовка за  националниот натпревар и европското финале и повеќе информации за Европскиот квиз на парите се достапни на следниве веб-страници: www.mba.mk и www.efb.eu.

Поддржано од:

– Министерство за образование и наука на РСМ и

– Министерството за финансии на РСМ.

НБРМ

Вицегувернерката Нацевска: Сите показатели потврдуваат дека девизните резерви се во исклучително добра кондиција

Објавено

на

Сите показатели потврдуваат дека девизните резерви се во исклучително добра кондиција – на високо ниво и постојано се во сигурната зона. На крајот на септември изнесуваат 3 милијарди и 480 милиони евра, што е повеќе за близу 400 милиони евра во споредба со крајот на февруари, пред почетокот на ковид-кризата во нашата земја. Но, не само номиналниот износ, туку и релативните, меѓународно прифатени показатели за оцена на адекватноста водат кон констатацијата дека нивото на резервите е соодветно и обезбедува заштита на девизниот курс на денарот. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска – Гир: Усогласеноста на земјата со стандардите на ЕУ во сферата на монетарната политика е на напредно ниво, благодарение и на целосната поддршка од ЕУ

Објавено

на

Позитивните оцени за Народната банка изнесени во годишниот извештај од Европската комисија за напредокот на земјата во 2020 година и за напредната усогласеност со барањата на Европската Унија (ЕУ) во сферата на монетарната политика и законодавството од оваа сфера се многу важни за напредокот на земјата на патот кон ЕУ. Усогласувајќи се со европските стандарди, Народната банка покажува цврста решеност и подготвеност за натамошно пристапување кон Европскиот систем на централни банки. Во остварувањето на овие стратегиски цели, Европската комисија (ЕК) и многу централни банки од ЕУ ја поддржаа Народната банка преку значајни проекти, техничка помош и активности за јакнење на капацитетите. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка склучи Договор за соработка со Европската централна банка во сферата на заштитата на банкнотите во евра од фалсификување

Објавено

на

Народната банка склучи Договор за соработка со Европската централна банка (ЕЦБ) во сферата на заштитата на банкнотите во евра од фалсификување. Со ова се остварува уште еден чекор во исполнувањето на препораките од најновиот извештај на Европската комисија и се потврдува цврстата стратегиска определба на Народната банка за чекорење по патот кон Европскиот систем на централни банки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно