Connect with us

Осигурување

Ѓорѓи Јанчевски нов член на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД Скопје

Објавено

на

Собранието на акционери на Триглав Осигурување АД Скопје на денешната 53 седница донесе Одлука за избор на нов член на Одборот на директори, објави компанијата на Македонска берза.

За нов независен неизвршен член на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД Скопје е избран г-дин Ѓорѓи Јанчевски од Скопје, поранешен претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.

Мандатот на новоизбраниот член на Одборот на директори е со времетраење од 4 години, почнувајќи од денес (30.01.2020 година).

Останатите членови на Одборот на директори ја продолжуваат својата работа со постоечкиот мандат.

Осигурување

Беркан Имери именуван за нов претседател на Надзорниот одбор на Халк Осигурување АД Скопје

Објавено

на

Беркан Имери, досегашен неизвршен член на Надзорниот одбор на Халк осигурување АД Скопје е именуван за нов претседател на Надзорниот одбор на осигурителната компанија. Имери во Халк осигурување е од јануари 2019 година, а воедно над 10 години работи и во Халкбанк АД Скопје на различни позиции, меѓу кои и Директор на секторот за управување и планирање на финансии и Директор на секторот за финансиско управување, сметководство и кредитна анализа. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав – групација со солиден капитал и стабилен, профитабилен бизнис

Објавено

на

Агенцијата за кредитен рејтинг „S&P Global Ratings” (во натамошниот текст: „S&P” или агенција) по редовниот годишен преглед на ден 11.09.2020 година, на Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво и друштвото ќеркa Позаваровалница Триглав Ре, повторно ја потврди долгорочната кредитна бонитетна оценка и кредитната оценка за финансиска моќ »A« со стабилна среднорочна прогноза. Високиот рејтинг е одраз на стабилното и профитабилно работење на Групацијата Триглав, нејзината солидна капитализираност, промислената реосигурителна заштита и водечката позиција на пазарот во Словенија и во регионот. Кредитниот рејтинг „А“ е исклучиво проценка на самостојниот профил на кредитни ризици на Групацијата и не содржи никакви зголемувања, што би биле последица на поврзаноста на Групацијата со државата. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Нови приливи од камати распределени на сметките на членовите во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Објавено

на

Сите приливи кои се резултат на инвестираните пензиски заштеди акумулирани во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и пропорционално се распределуваат на нивните сметки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно