Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Осигурување

Ѓорѓе Војновиќ останува на чело на Триглав Осигурување АД Скопје и во следните 4 години

Објавено

на

Триглав Осигурување АД, Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста дека досегашниот Главен извршен директор, г-дин Ѓорѓе Војновиќ ќе продолжи да ја извршува оваа функција и во следните четири години.

“Собранието на акционери на Триглав Осигурување АД, Скопје на 51-та седница, одржана на 29.05.2019 година, го реизбра г-дин Ѓорѓе Војновиќ за член на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје со мандат од 4 години. Одборот на директори на Друштвото на 158-та седница на Одборот на директори, одржана на 11.07.2019 година, го назначи г-дин Ѓорѓе Војновиќ за извршен член на Одборот на директори –Главен извршен директор, со тоа што Oдлуката влегува во сила на денот на донесувањето, а ќе се применува од денот на добивање на согласност за вршење на функцијата член на орган на управување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување. На ден 07.08.2019 година, Агенцијата за супервизија на осигурување донесе Решение број УП 19-2-654, со кое се издава согласност за г-дин Ѓорѓе Војновиќ за вршење на функцијата член на орган на управување во  друштво за осигурување. Одборот на директори на Друштвото на својата 159-та седница, одржана на 14.08.2019 година, даде согласност за склучување на Договор за работа на извршниот член на Одборот на директори.”, се вели во соопштението на Триглав Осигурување АД Скопје.

Согласно горенаведеното, г-дин Ѓорѓе Војновиќ продолжува да ја врши функцијата Главен извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје.

Осигурување

Доброволниот трет пензиски фонд носи предности и за вработените и за компаниите

Објавено

на

Вработените може да бидат наградени преку уплата во доброволниот, трет пензиски фонд, а истото носи поволности и за компаниите. Оваа и другите предности и за вработените и за компаниите од уплата во третиот, доброволен пензиски фонд, беа презентирани на денешната работилница „Како до посреќни вработени во ИКТ компаниите“, организирана од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) во соработка со КБ Прво пензиско друштво АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

КРОАЦИА ДОМИНИРА: 70% од полисите се издадени од Кроациа Осигурување – Живот

Објавено

на

Во период од 6 (шест) месеци во Македонија склучени се вкупно 13.500 полиси за животно осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Илон Маск се насочува кон осигурителниот бизнис

Објавено

на

Производителот на електрични автомобили Tesla објави дека ќе започне со осигурителни услуги. Првично, оваа услуга ќе биде достапна само во најголемата компанија за електрични автомобили во Калифорнија, но се очекува да влезе и во други американски држави. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange