Connect with us

Останато

Што ќе се случува со Tesla после Илон Маск?

Објавено

на

Илон Маск, сопственик и директор на “Tesla Motors„ е еден од најуспешните претприемачи на денешницата.  Во последниот период беше главна тема на сите портали и весници заради измама со хартии од вредност.  Американската комисија за хартии од вредност го обвини Елон Маск за измама, и се смета дека Маск го утврдил износот од 420 долари за акција поради симболиката што овој број ја има кај корисниците на марихуана.

Веднаш после тоа, падна спогодбата помеѓу Маск и Американската комисија за хартии од вредност. Тој се согласи повеќе да не биде претседател на управниот одбор на компанијата и да плати 20 милиони долари казна.

Фановите на Маск, се разочарани од оваа постапка на комисијата и веруваат дека неговите иновации се направени со многу знаење и труд.  Сепак мора да признаат дека овој пат претприемачот не беше во право.

Има неколку фактори што индицираат дека оставката на Маск можеби е најдоброто решение за имиџот на компанијата. Најпрво, ваквите обвинувања директно ќе влијаат врз финансиската стабилност и иднина на Tesla. Некои главни задолженија на извршниот директор на јавна компанија се да ги почитуваат регулаторните барања, да избегнуваат да кажуваат работи што ги заплашиле инвеститорите и, генерално, да научат кога да задржат финансиска стабилност.

Другата причини е што Маск премногу се опушти во своето работење. Иако ценет претприемач, пред инвеститорите мора да ги испочитува договорените датуми. Тоа значи дека доцната изложба на нов модел или презентирање на нова идеја која треба да влезе во процес на развој, создава одбивност кај инвеститорите (како постоечките така и новите).

Некои аналитичари сметаат дека и самиот скандал дека Tesla Motors ќе стане приватна компанија беше знак дека Маск мора да ја напушти позицијата. Според нив, Tesla Motors припаѓа на сите акционери, а не на Маск.

Маск според многумина е егоист. Тој сеуште е дел од Tesla Motors, но според многумина нема уште долго, предвидувањата се дека егото нема да му го дозволи тоа. Меѓутоа, може да го повлече и потегот на многу претприемачи што го направиле во минатото: да донесе врни менаџери кои ќе ја водат компанијата, а тој да се посвети на истражување и развој.

Криптовалути

„Coinbase“ се сели во Даблин порди Brexit

Објавено

на

„Coinbase“, една од најголемите американски платформи за размена на криптовалути, го проширува европското присуство, отворајќи канцеларија во Даблин, бидејќи неизвесноста околу „Brexit“ продолжува да ги принудува компаниите да создаваат планови со кои ќе ги заштитат нивните бизниси при непредвидени околности. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Влијанието на вештачката интелигенција врз криптовалутите

Објавено

на

Неодамна, компанијата IBM започна со истражување на тема криптовалути и блокчејн технолофија, што јасно зборува за важноста која една од водечките светски компании им придава на оваа тема. Познат е систем на вештачката интелигенција развиен од IBM под името Watson и кој имал своја примена во различни области. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Македонија на 84. место во Извештајот за глобалната конкурентност

Објавено

на

Македонија е рангирана на 84. место во Извештајот за глобалната конкурентност што го изработува Светскиот економски форум. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange