Connect with us

Странски банки

Што ја вивна најголемата нордиска банка и може ли да рипнат каматите во Европа?

Објавено

на

DNB ASA прерасна во најголемата нордиска банка откако во повеќе наврати каматните стапки во оваа најбогата скандинавска земја се кренаа.

Норвешката економија која се потпира на извозот на нафта има голем простор за државни субвенции, а со тоа централната банка има простор да ги крене каматните стапки од 2018 година наваму во повеќе наврати.

Таквите кредитни услови и овозможија на DNB ASA голем раст во походот да стане една од највредните нордиски банки речиси на исто рамниште како и Nordea Bank Apb.

Во меѓувреме централната банка на Норвешка за периодот кој следи упати препораки на претпазливост со оглед на се поголемите интернационална кризи како што е најновиот конфликт меѓу САД и Иран кои може да влијаат на цената и пласманот на нафтата.

Од друга страна пак, најголем предизвик за DNB ASA е истрагата за перење на пари преку банката за мочна исландска компанија за риболов. Од DNB ASA посочија дека се целосно отворени за истражните органи и дека преземаат внатрешни мерки за зајакнување на процедурите за спречување на пари

DNB ASA и натаму ќе ужива во поволната кредитна клима додека остатокот од европските банки под притисок на монетарните власти се принудени да ги намалуваат каматните стапки и изложеноста на ризици од неповолни пласмани со цел да се зголеми личната потрошувачка и инвестициите.

Проценката на централните банкари е дека негативните каматни стапки и натаму ќе се одржат на сили и може и дополнително да паѓаат што за банкарскиот сектор звучи загрижувачки.

Странски банки

First Citizens Bank ја купува Silicon Valley Bank за 72 милијарди долари

Објавено

на

Американската банка „First Citizens Bank” ќе ги откупи за 72 милијарди долари преостанатите кредити и депозити на „Silicon Valley Bank” (SVB), која беше преземена од американските регулатори поради банкрот на почетокот на месецот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Се разгледуваат дисциплински постапки против менаџерите на Credit Suisse!?

Објавено

на

Швајцарскиот финансиски регулатор (ФИНМА) објави дека размислува дали да покрене дисциплинска постапка против извршниот директор на „Credit Suisse”, откако втората по големина банка во Швајцарија минатата недела мораше да биде откупена од најголемата швајцарска банка, „UBS”, со цел да се избегне колапс на банкарскиот сектор. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Централната банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка

Објавено

на

Централна банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 проценти, како чекор да обезбеди економска и финансиска стабилност во земјата, јави државната агенција АТА. (more…)

Продолжи со читање

Популарно