Connect with us

Домашни банки

Што треба да направат пензионерите кои примаат пензија преку Еуростандард банка?

Објавено

на

Една од работите за кои има многу непознати во случајот поврзан со Еуростандард банка и одземањето на лиценцата за работа е големиот број на пензионери и нивната дисперзија по другите банки во периодот што следи.

Извесно е дека овие граѓани следната пензија нема да ја примат и користат преку сметката отворена во Еуростандард банка, имајќи предвид дека овие сметки од утре ќе бидат исклучени од платниот промет во земјата.

Притоа, ако имаме предвид дека откако започна пандемијата со Ковид-19, пензиите  се исплаќаат пред да заврши месецот јасно е дека пензионерите на Еуростандард банка имаат 1о-ина дена на располагање за да ја извршат промената на банкарската сметка на која ќе ја примат пензијата.

Како се одвива процесот за одјава на пензија од една банка и пријава на пензија во друга банка?

Постоечките пензионери кои веќе ја примаат пензијата во Еуростандард банка, доколку банката функционираше непречено во своето работење согласно сите процедури за работа пропишани од Фондот за ПИО на Македонија ќе беше потребно да појдат во некоја од експозитурите на Еуростандард банка или во Пошта и да подигнат одјава за пензија од Еуростандард банка.

Со истата одјава, потребно е да појдат во друга банка каде сакаат да ја примаат својата пензија и да ја приложат одјавата која се поднесува од страна на новата банка до Фондот за ПИО на Македонија со цел пензијата да стигне на таа новоотворена сметка.

Но, целиот овој процес треба да се заврши некаде до 20-ти во месецот бидејќи за да се изработат списоците за пензија и да се дистрибуираат средствата по банки потребни се неколку денови.

Неопходно е да се има предвид информацијата дека Еуростандард банка има околу 50.000 приматели на пензија, што би значело дека во текот на следните 10-ина дена постапката наведена погоре ќе биде потребно да се комплетира 50.000 пати и сето тоа во период кога секојдневно не демне невидливиот непријател – коронавирусот, кој особено е опасен за највозрасната група на граѓани.

Она што останува непознато е како пензионерите на Еуростандард банка ќе ја добијат потребната одјава, имајќи предвид дека од утре не работи Еуростандард банка?

Дали тоа ќе може да го направат во било која локација на Пошта?

Дали фондот ќе дозволи промена за овие пензионери без да се приложи одјава во новата банка?

Постои ли простор за грешки во периодот што следи од евентуално двојно пријавување во различни банки?

Дали е можно пензиите за пензионерите кои досега ја примаа својата пензија во Еуростандард банка да задоцнат за тековниот месец?

Овие прашања редакцијата на Банкарство ги достави до Фондот за ПИО на Македонија, се со цел транспарентно информирање на јавноста и поддршка на пензионерите како највозрасна група на граѓани со цел заштита на нивното здравје и спречување на метежот по банките во периодот што следи.

 

Домашни банки

НЛБ Банка овозможува тргување со акции без провизија на денешниот „Инвеститорскиот ден“ на Македонска берза

Објавено

на

По повод одбележувањето на 25 години од основачкото собрание на Македонска берза АД Скопје, Берзата денес одржува т.н. „Инвеститорски ден“. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Капитал Банка: Одложување на обврски по кредити за физички лица

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници на кредитни продукти – физички лица дека периодот за пролонгација на обврските по кредитите завршува заклучно 30.09.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје ги затвора шалтерот и банкоматот лоцирани во ТЦ Палма мол Тетово

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека услугите на шалтерот и банкоматот на Банката лоцирани во ТЦ Палма мол, Тетово на ул. „Скопски пат” бр. 8 ќе може да ги користат заклучно со 18.9.2020 година (петок). (more…)

Продолжи со читање

Популарно