Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Што треба да знаете за вложување во инвестициските фондови?

Објавено

на

Финансиските експерти препорачуваат да издвоите до 20% од вашите редовни примања за штедење и нивно паметно вложување во финансиски инструменти кои ќе ви донесат поголема вредност и ќе ви обезбедат посигурна иднина на вас и вашите најблиски.

Без оглед дали сакате да имате „фонд за црни денови“, повеќе средства за личен и семеен развој, образование и повеќе пари за материјални добра ако носите паметни одлуки без да трошите импулсивно и без план, тогаш може да добиете квалитетна инвестиција.

Во случај доколку не ви се привлечни орочените депозити каде каматните стапки се однапред познати тогаш може да размислувате да ги вложите средствата во инвестициски фондови со што би инвестирале во пазарот на капитал.

Што се инвестициски фондови?

Најкратко кажано вложувањето во инвестициски фондови опфаќа вложување на средствата во различни видови на инструменти како што се акции, обврзници и други хартии од вредност. Со вложување во инвестициските фондови вие како инвеститор станувате сопственик на удел со кој управуваат професионалци, односно менаџери за инвестиции.

Вложувањето во инвестициски фондови е одличен избор за сите физички и правни лица, дури и во случаи кога станува збор за мал износ за инвестирање. Тука не станува збор за купување на поединечни хартии од вредност туку за диверзификација на инвестирањето, па така и потенцијалните приноси не зависат од перформансот на една акција или обврзница. На тој начин се распоредува ризикот и се овозможува балансирање на приходите од вложените хартии од вредност. Професионалните инвестициски фондови се добро регулирани и постојат точни правила за начинот на кој располагаат со вашите средства при носење на одлуки за заштита на инвеститорите.

Кои се предностите во вложување во инвестициските фондови?

Освен тоа што нема ограничувања за физички или правни лица, дополнителни предности на вложување во инвестициските фондови се поголеми потенцијални приноси во однос на орочените депозитите секако со пресметаниот ризик. Тука е и транспарентноста која ја нудат инвестициските фондови за преглед на инвестициската структура, потоа препуштањето на носење на одлуки на професионалци кои раководат со инвестициското портфолио, флексибилноста за уплата на средствата на месечно или еднократно ниво. Во поглед на располагање со вложените средства исто така постои голема достапност за повлекување или продажба на уделите.

Кој е препорачаниот период на вложување?

Иако постојат препораки во врска со периодот на вложување, конечната одлука за должината на инвестицијата ја донесувате вие, и зависи од два фактора: вашите финансиски планови и толеранција на ризикот.

Речиси сите одлуки што ги донесувате во животот со нив носат одреден ризик. Во случај на инвестициски фондови, ризикот претставува неизвесност во однос на очекуваниот поврат и можноста за загуба, а процената на ризикот на самиот фонд е резултат на сеопфатна анализа, по што таа се класифицира во една од трите категории: фондови со низок, среден или висок ризик. Како што веројатно претпоставувате, поризичните средства имаат потенцијално поголема добивка од помалите фондови за ризик, но исто така и потенцијално поголеми загуби.

Заклучокот е дека за помалку ризични средства инвестицискиот период може да биде пократок (една година), додека за поризични фондови се препорачуваат подолги периоди на инвестирање (од три до пет години). Причината е прилично едноставна – подолго време за инвестирање го намалува негативното влијание што може да го имаат дневните движења на цените на пазарите на капитал врз цената на капиталните фондови, што особено важи за фондовите со висок ризик.

Конечно, ако сакате да ја откупите вашата инвестиција во инвестицискиот фонд, можете да го направите тоа во секое време, без оглед на препорачаниот период на инвестиција.

Анализи

Предлог-буџет за 2020 вреден 3,9 милијарди – Дали е одржлив и на што најмногу ќе се троши догодина?

Објавено

на

Со Предлог буџетот за 2020 година растат социјалните трансфери, а ќе се одвојат повеќе пари за образование и здраство, ќе се зголемат платите на вработените во овие сектори, ќе се зголемат пензиите за 700 денари и ќе се плаќаат субвенции на бизнисмени за придонеси кои ќе ги зголемат платите од 600 до 6.000 денари. Според драфт верзијата на документот предвидено е и намалување на буџетскиот дефицит на ниво од 2,3% од БДП или 17.385 милиони денари во апсолутен износ. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Македонецот сака 565 евра просечна плата и вработување според знаења и вештини

Објавено

на

Порталот Vrabotuvanje.com.mk за време на првиот регионален онлајн саем за вработување во Македонија (Виртуелни денови за вработување 2019) спроведе истражување со цел да се откријат сличностите и разликите во условите за работа во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Ангеловска: Со Предлог-буџетот за 2020 година највисоки средства досега за човечки капитал

Објавено

на

Со буџетот за 2020 година се инвестираат највисоки средства досега за човечки капитал, односно: здравство, образование и социјална заштита. Министерката за финансии Нина Ангеловска на презентацијата на Предлог-буџетот за 2020 година рече дека вкупно 154 милијарди денари ќе се инвестираат во здравството, образованието и социјалната заштита, што е 64% од вкупните расходи или зголемување за околу 10 милијарди во однос 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange