Connect with us

Останато

Што треба да знаете за ВИКЕНД БЕЗ ДДВ!?

Објавено

на

Таканаречениот викенд без ДДВ за првпат ќе се случи следниот викенд, на 10, 11 и 12 октомври. Тоа всушност ќе биде продолжен викенд кој ќе трае три дена, бидејќи ќе има и еден споен неработен ден поради празникот 11-ти Октомври.

Иако, првенствено не беше така презентиран начинот на кој ќе се одвива, сепак, во привилегиите од овој викенд ќе може да уживаат само корисниците на апликацијата „МојДДВ“, кои ќе купат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари. Повратот на целиот платен ДДВ ќе го добијат назад во рок од неколку дена на своите сметки.

Граѓаните имаат многу нејаснотии околу начинот на кој ќе се одвива пазарењето за време на викендот без ДДВ, колкав максимален износ можат да добијат како поврат, што можат да купат, од каде, колкава количина итн.

Генерално за да им биде вратен ДДВ во целост, граѓаните ќе мора да купуваат исклучиво македонски производи или услуги. Целиот износ на ДДВ ќе им биде вратен на граѓаните и доколку купат компјутер, печатач, скенер, софтвер или сè што спаѓа во ИТ опрема.

Но, што друго треба да знаат граѓаните и на што ќе треба да внимаваат?

Најважната работа што треба да ја знаат граѓаните е податокот дека продавницата од која што ќе пазаруваат мора да поседува фискален апарат од каде што уредно ќе им биде издадена фискална сметка на која точно ќе биде утврдено што е македонски производ, а што е производ од странство.

Исто така, многу важен податок за граѓаните доколку сакаат да го добијат целиот износ на ДДВ е тоа што добиената фискална сметка од пазарувањето ќе мора да ја скенираат за време на продолжениот викенд односно т.н. ВИКЕНД БЕЗ ДДВ. Доколку не ја скенираат фискалната сметка во тој период, тогаш поврат на ДДВ нема да добијат. 

Инаку, како што е познато, за регуларниот поврат на ДДВ, фискалната сметка има рок да се скенира во следните 10 дена, откако ќе се пазарува, но за викендот без ДДВ, скенирањето ќе мора да се направи на 10, 11 или најдоцна на 12 октомври.

Криптовалути

Facebook ја пушта во оптек својата криптовалута „Libra“

Објавено

на

„Facebook” ќе ја пушти својата криптовалута „Libra“ веќе во јануари, објави „Financial Times“, повикувајќи се на три извори. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Мухамед Хаџипази од Халкбанк АД Скопје е нов претседател на Надзорниот одбор на Комората на Северо-западна Македонија

Објавено

на

Мухамед Хаџипази, досегашен член на Надзорниот одбор на Стопанската комора на Северо-западна Македонија (СКСЗМ) е именуван за нов претседател на НО на Комората.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Лансирање на е-продавница за време на пандемија – како IQOS го претвори предизвикот во можност

Објавено

на

„Нашиот иницијален план беше да се лансира IQOS на нашиот пазар во почетокот на април, но како ситуацијата со пандемијата стануваше сé посериозна, увидовме дека пандемијата наметна многу побрзо привикнување на корисниците на дигиталните канали, со што стана јасно дека мора да се искористи времето од одложениот старт за да се подготви е-продавница и така со лансирањето на IQOS се започна и со онлајн продажба“. Ова го истакна Јана Дурнева, менаџер за дигитална поддршка и грижа за корисници на производи со намален ризик при Филип Морис Интернешнал на овогодинешната конференција за е-трговија, насловена „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно