Connect with us

Анализи

Што се треба да исполнувате за банката да ви одобри кредит?

Објавено

на

Кредитен рејтинг претставува вреднување на кредитоспособноста на кредитобарателот да го отплаќа својот долг, односно оценка на бонитетот со помош на утврдени симболи.

Основна задача на кредитниот рејтинг е да го обезбеди кредиторот дека и при идни влошени околности во непосредното окружување односно доколку дојде до влошена економска состојба (инфлација, зголемување на каматните стапки, намалување на приходите…), клиентот и во такви услови ќе биде кредитоспособен и тоа нема да ја загрози неговата способност за навремена отплата на кредитните обврски.

Кредитниот рејтинг го одредуваат финансиските институции кои имаат дозвола за кредитирање на населението и стопанството.

Уште пред одобрувањето на кредитот, кредиторот прави продлабочена анализа со цел да ја утврди способноста на кредитобарателот за навремено враќање на кредитот. Сепак, ниту најдобрата кредитна анализа не може да го отстрани кредитниот ризик, бидејќи по одобрувањето на кредитот можат да настанат некои промени кај должникот или во окружувањето, што ќе можат да се одразат врз неговата способност за извршување на неговите обврски кон кредиторот.

Експертските системи најчесто службите за одредување на кредитен ризик служат за проценување на кредитната способност на кредитобарателите. Нивната функција е да проценат колкав е степенот на ризик и да утврдат дали степенот на ризик е прифатлив за кредиторот или не. Во секоја анализа на кредитната способност  на кредитобарателот, основни критериуми кои ја формираат се:

– Место на работење (Work);

– Карактерот на кредитобарателот и неговата кредитна историја на отплата на кредити (Character);

– Степен на задолженост;

– големината на неговиот капацитет (висина на приходи) и способност односно можност за плаќање (Capacity);

– големината на неговиот капитал или богатство на должникот (Capital);

– услови за обезбедување на кредит или вредност на колатерал (Collateral);

– услови за неговото работење (Conditions);

– Демографски карактеристики;

– Дали кредитобарателот е жирант.

Клиентите од страна на кредитните институции се категоризираат во неколку категории зависно од своето работно место односно според институцијата во која работат. За банките и финансиските институции кои кредитираат важно е дали нивните клиенти се вработени во јавни претпријатија или државни институции, во акционерско друштво или во компании од приватниот сектор. Преку оваа категоризација тие се во состојба да го видат нивото на стабилност на приходите.

Кредитна историја на клиентот го покажува неговото кредитно минато односно дали навремено ги подмирувал кредитните обврски. Карактерот на кредитобарателот претставува спремност и можност дел од долгот да се отплати на време заедно со каматата. Добрата кредитна историја и проценката на карактерот на кредитобарателот всушност претставуваат едни од основните предуслови за одобрување на кредит.

Степенот на задолженост претставува колкава е моменталната кредитна задолженост на кредитобарателот и врз основа на оваа негова задолженост, банката одредува дали може тој дополнително да се кредитира.

Големината на капацитетот на кредитобарателот или капацитетот на задолжување значи процена на способноста на кредитобарателот од тековните приходи да може да го врати кредитот и каматата. Оваа способност е врзана за обновување на приходот во периодот во кој треба да се врати кредитот.

Капиталот ги покажува нето средствата на кредитобарателот што се зема како критериум на кредитниот должник. Според тоа висината на нето имотот претставува резерва за да се врати кредитот во случај на неликвидност и со тоа се одредува висината на кредитот.

Колатералот или залогот претставува реално покритие кое може да биде во вид на хартии од вредност, побарувања од купувачи, фиксни активи, недвижен имот и слично.

Условите претставуваат економска прилика, односно макроекономски или секторски прилики кои делуваат на способноста на отплата на банкарскиот заем во определен рок заедно со каматата.

Демографските карактеристики како брачна состојба, возраст, степен на образование, старосна граница на кредитобарателот, работен стаж и статусот на вработување во фирмата имаат големо влијание при определување на кредитниот рејтинг.

Доколку кредитобарателот е жирант на некое друго лице кое претходно подигнало кредит и има кредитна изложеност, може да влијае врз утврдувањето на неговиот кредитен рејтинг.

Според ова, банките и другите финансиски институции кои кредитираат најчесто сакаат и бараат клиенти кои редовно и навремено ги плаќаат своите кредитни обврски и имаат одличен кредитен рејтинг.

Со цел да можете да ги исполнувате сите услови кои се неопходни за добивање на кредит и притоа да ги искористите поволностите како ниски каматни стапки и дополнителни бенефиции кои следуваат со добриот кредитен рејтинг потребно е да изградите добра кредитна историја, која се гради со навремено плаќање на доспеаните кредитни обврски.

Но, покрај навременото плаќање на обврските кон банките, потребно е и максимално да го искористувате кредитниот лимит, кој резултира со фактор кој влијае на реверзибилноста на кредитот, а оттаму и на доброто оценување, дадено од кредиторот.

 

Анализи

PEPPER – интерактивниот хуманоиден робот беше во посета на Стопанска банка АД – Скопје во соработка со MasterCard

Објавено

на

Брзиот развој на технологијата влијае на сите нас како и на се околу нас, па затоа Стопанска банка АД – Скопје имаше можност да биде домаќин на интерактивниот хуманоиден робот Pepper. Преку роботот Pepper, Банката се обиде на јавноста да и ги презентира предностите на оваа напредна технологија и како истата може да се искористи за позитивна деловна промена. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Piperevski & Associates: Што е GDPR и какво ќе биде неговото влијание?

Објавено

на

На почетокот на 2016 година Парламентот на ЕУ ја одобри новата Регулатива за заштита на лични податоци – General Data Protection Regulation (GDPR) која ќе ја замени постојната Директива за заштита на податоци 95/46/EC од 1995 година. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

ТТК Банка АД Скопје го објави финансискиот план за периодот од 2018 – 2020 година

Објавено

на

Стратегијата на ТТК Банка АД Скопје за наредните години останува насочена кон постигнување одржлив и профитабилен раст со освојување дополнително пазарно учество, наведе Банката во финансискиот план објавен на Македонска Берза. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange