Криптовалути
Што се случува со биткоинот, зошто вредноста нагло опадна!?


Откако пред само една недела ја достигна својата историски највисока вредност од над 61.000 американски долари, цената на најпознатата криптовалута во светот започна нагло да опаѓа, а нејзиниот пад од ден на ден е се поголем.
Во моментов цената на биткоинот се движи околу 52.000 американски долари за еден биткоин, а неговата вредност е намалена за повеќе од 6 проценти во текот на денот или повеќе од 10 проценти изминативе два дена.
Вредноста на биткоинот изминатите неколку дена растеше по објавата на Илон Маск дека граѓаните на САД отсега ќе можат да купуваат автомобили на „Tesla” со биткоини. Но, по високиот раст, следува нагло опаѓање на вредноста што е уште еден доказ дека биткоинот е крајно нестабилен и неговата вредност драстично се менува во текот на еден ден.
Падот на цената на биткоинот ја намали и неговата пазарна капитализација којашто во изминативе денови надмина еден трилион долари (1.000 милијарди долари), но сега е на нивото од 978 милијарди американски долари.
Криптовалути
МАКЕДОНЦИТЕ “НЕ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ” ЗА КРИПТОВАЛУТИ – Македонија последна во регионот по бројот на инвеститори во криптовалути


Во Србија во криптовалути инвестирале 127.461 инвеститори, што ја прави прва во јадранскиот регион по бројот на инвеститори во криптовалути во однос на бројот на жители, објави порталот „Bloomberg Adria“, повикувајќи се на анализата на компанијата „TripleA“. (more…)
Криптовалути
Цената на најпознатата криптовалута повторно во надолен тренд по неколкудневниот раст


Цената на биткоинот повторно падна откако во саботата го достигна највисокото ниво од средината на јуни, поради оптимизмот дека пазарот можеби веќе го достигнал дното. (more…)
Криптовалути
Известување за зачестена појава на компјутерска измама со криптовалути


Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста за забележана зачестена појава во изминатиов период, каде непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни електронски адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна заработка со исполнување на одредени задачи кои се доделуваат на дневно ниво од самиот сервис или апликација. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје