Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Што се случуваше на Македонската берза во октомври?

Објавено

на

Македонската берза го објави билтенот за октомври, годинава, од кој може да се види дека вкупниот промет во овој месец изнесувал 715 милиони денари што е зголемување 47,9% во однос на претходниот месец кога вкупниот промет изнесувал 483 милиони денари.

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста се акциите на Стокопромет со пораст од 570,39 %, на винарска визба Тиквеш со пораст од 16,38%, на РЖ Услуги Скопје со пораст од 10,18 %, на Хотели Метропол Охрид со пораст од 10 % и на Пекабеско АД Кадино, Илинден со пораст од 10 %.

Топ 5 најтргувани се акциите на Комерцијална банка со промет од 2,6 милиони евра, Алкалоид АД Скопје со промет од 1.082.116 евра, НЛБ Банка АД Скопје со промет од 998.194 евра, Макпетрол АД Скопје со промет од 799.521 евро и Гранит АД Скопје со промет од 532.713 евра.

Најголем пад на вредноста во овој период имале акциите на Топлификација Скопје (-23,44), Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) Скопје (-12,02) Стопанска банка Скопје– приоритетни (-7,20), Аутомакедонија Скопје (-5,26) и Цементарница УСЈЕ Скопје (-3,36).

Останато

Тевдовски: „Фич“ ја потврди добрата фискална политика и реформите во јавните финансии

Објавено

на

Извештајот на кредитната агенција „Фич“, со кој го подигна кредитниот рејтинг на земјава после 13 години, е сериозна потврда за исправната фискална политка, а потенцирани се и реформите кои се направени во системот на јавни финансии. Ова го посочи министерот за финансии Драган Тевдовски презентирајчи го извештајот на кредитната агенција. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Запознајте го Славе Стефановиќ: До 15% поевтин живот благодарение на платформата на Cashback

Објавено

на

Како Славе Стефановиќ ја изгради својата мрежа на пријатели во Cashback и добива

дополнителни попусти кај 1800 трговци (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Прогресивниот данок дава ефекти!

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски изрази задоволство од ефектите на прогресивното одданочување. Тој вели дека приходите од персоналецот за 5 месеци забележале пораст од 17,4%. Сите тврдења дека ќе се намали вработеноста, ќе се зголеми даночната евазија, ќе се намалат платите, според него се покажале како неточни. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange