Колумни
Што се припејд картички и како се користат за нелегални активности?

По терористичките напади во Париз и Брисел, кои првенствено беа финансирани преку виртуелни валути и “анонимни” припејд картички, беше одлучено дека е потребна поголема контрола над овие видови плаќања. Фокусот е да се регулираат виртуелните валути и анонимни при-пејд картички, додека се подобруваат заштитните мерки за финансиски трансакции од и до земји со висок ризик.
Анонимни картички се оние каде што не сме го потврдиле идентитетот на сопственикот на картичката или примателот.
Иако релевантните институции признаваат дека припејд картичките можат да имаат социјална цел и се корисни за многу граѓани, вклучително и за оние кои се економски ранливи или финансиски исклучени, тие се исто така свесни за ризиците што произлегуваат од анонимноста на некои од овие картички. Поради оваа причина, се изврши измена на четвртата АМЛ директива за да се минимизира анонимната употреба на овие производи.
Одлучено е да се минимизира употребата на анонимни плаќања преку при-пејд картички преку намалување на праговите за идентификација од 250 на 150 евра и проширување на условите за верификација на клиентите за плаќања „на лице место“.
Построги одредби ќе се применуваат за при-пејд картички кои се користат на интернет, така што анонимната употреба нема да биде можна онлајн.
Како работи припејд картичката?
Напредната технологија донесе многу нови алтернативи за луѓето. Плаќањето сметки или купувањето сега е многу поудобно. Припејд картичките се една од овие алтернативи што се вклучени во нашите животи. Тоа е платежна картичка што се користи за плаќање сметки, вршење плаќања во продавници или за сите трансакции што ги извршувате преку Интернет. Постојат некои суштински карактеристики што треба да се знаат за при-пејд картичките:
- Не се врзани за банкарска сметка;
- Без кредитен лимит;
- Лесно може да се испраќаат пари;
- На припејд картичка се троши колку што се внесени средства;
- Може да се надополнува на различни начини со одење во продавница која што нуди ваква услуга или во Пошта;
- Подарок картички (Gift cards), картички што ги користат студентите и картички за превоз може да се сметаат за при-пејд картички.
Разбирање на припејд дебитните картички
Припејд дебитна картичка е, всушност, готовина. Тоа е корисна замена за хартиена готовина во некои случаи.
Потрошувач со лош кредитен рејтинг или младо лице без кредитна историја може да користи при-пејд дебитна картичка за да изгради одговорни навики на трошење со текот на времето.
– Тоа е безбеден начин за носење пари.
– Припејд картичките имаат заштита од кражба, како и кредитните картички.
– Може да се користи за онлајн купувања и рутински плаќања лесно како во продавница.
– Може да се подари
Припејд картичките се енормно популарни и не е тешко да се разбере зошто. За жал, квалитетите што ги прават привлечни за потрошувачите, исто така ги прават примамливи за измамниците.
Што е со припејд картичките издадени надвор од ЕУ, кои се користат во ЕУ?
Иако употребата на анонимни припејд картички издадени во ЕУ во суштина е ограничена само на територијата на ЕУ, тоа не е секогаш случај со слични картички издадени во трети земји.
Предлогот содржи одредба за да се осигура дека анонимни при-пејд картички издадени надвор од ЕУ можат да се користат во ЕУ само кога може да се смета дека се во согласност со барањата еквивалентни на оние утврдени во законодавството на ЕУ.
Која е разликата помеѓу припејд картичка, кредитна картичка и дебитна картичка?
Припејд картички наспроти дебитни картички:
За разлика од дебитна картичка, при-пејд картичката не е поврзана со банкарска сметка. Општо, кога користите припејд картичка, трошите пари што веќе сте ги ставиле на картичката. Во повеќето случаи, не можете да потрошите повеќе пари отколку што сте ставиле на вашата при-пејд картичка.
Припејд картички наспроти кредитни картички:
Припејд картичките се многу различни од кредитните картички. Ова може да биде збунувачки бидејќи и двата типа картички може да имаат лого на картичка, како што се Visa, MasterCard, American Express. Кога користите кредитна картичка, позајмувате пари. Ако вашиот давател на припејд картичка нуди и кредит (вклучително и пречекорување) на вашата при-пејд картичка, тој ќе треба да ги почитува сите правила за другите кредитни картички. Припејд дебитна картичка личи на картичка за подарок (Gift card) со тоа што пристапувате до зачуваната вредност на картичката. При трошењето на средствата од припејд картичката, тие веднаш се одземаат од салдото. Откако ќе се потроши салдото, на картичката може да се внесат средства преку Интернет или преку одредени продавници кои што нудат услуги за надополнување или некоја друга физичка локација.
Што прават измамниците со припејд картички?
Додека останатите картичките наложуваат корисникот да обезбеди некои лични информации, при-пејд картичките може лесно да се купат со готовина и не се поврзани лесно со специфични идентитети. Тоа им олеснува на измамниците да ги користат за перење пари. Тие можат да купат припејд картички со украдени средства, а потоа да ги користат за да можат да купуваат без трага каде и да сакаат.
Како што се зголемува употребата и производите на при-пејд картичката стануваат сè пософистицирани, така се зголемува и нивниот потенцијал за употреба во криминални цели. Од особен интерес за измамниците е фактот дека картичките може да се користат на банкомати и овозможува релативно лесно преобразување на украдените ингеренции за дигитално плаќање во готовина. Ова значи дека измамата со припејд картичка може да се појави во многу различни форми.
Самата картичка можеби е купена со украдени средства или картичка, иако првично била купена легитимно, можеби била украдена или копирана од измамник. Ова може да резултира со различни сценарија и може да биде тешко за трговците да утврдат како да ги идентификуваат и спречат овие обиди за измама.
Бидејќи овие картички се дизајнирани да бидат лесни за купување и употреба – дури и од луѓе без идентификација на документација или кредитна историја – тие не доаѓаат со истите означувачи на податоци што овозможуваат откривање и филтрирање на традиционалните форми на измама со платежна картичка.
Врската помеѓу перење пари и припејд картичка?
Покрај предностите на припејд картичките, многу негативни карактеристики доведуваат до активности за перење пари.
На пример, пристапноста до купување на картичките предизвикува парите во сметките да бидат префрлени во рок од неколку секунди. Криминалците ги купуваат овие картички од различни продажни места и ги користат за движење на нелегални
средства.
Некои од факторите за перење пари поврзани со при-пејд картички се:
- Методи на финансирање: Поради анонимни методи на финансирање, криминалците ги менуваат и пренесуваат средствата со прикривање на изворот на средствата.
- Пристап до готовина: Меѓународната мрежа на банкомати дозволува повлекување на готовина во друга земја.
- Сегментација на услугите: Припејд картичките можат да вклучат неколку страни за управување со плаќања.
Кога овие странки – извршители се шират во неколку земји, тоа може да предизвика потенцијална сегментација и губење на потенцијални информации за клиенти и трансакции, зголемувајќи го ризикот од перење пари.
Христијан Блажовски – специјалист за спречување перење пари
Колумни
Како ќе влијае меѓународната банкарска криза врз глобалната економија?

Банкарската криза што ја погоди „Silicon Valley Bank” (СВБ) минатата недела се прошири. Со ужас се сеќаваме на прелевањето на двете неодамнешни финансиски кризи: азиската финансиска криза од 1997 година, која доведе до длабока азиска рецесија и големата финансиска криза од 2008 година, која доведе до глобална рецесија. Новата банкарска криза ја погодува глобалната економија веќе нарушена од пандемии, војни, санкции, геополитички тензии и климатски проблеми. (more…)
Колумни
Бесими: Намалувањето на сивата економија е суштинска компонента на даночните реформи и економскиот раст

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа. Консултациите инаку, се започнати од 2020 година, напоредно со анализите за перформансите на даночниот систем и неговото унапредување. Концептот на даночната реформа во суштина се однесува на зголемувањето на наплатената маса на даноците, главно преку зголемувањето на опфатот, односно преиспитувањето на преференцијалниот третман на одредени категории, но и воведување на повеќе обврзници во системот, односно намалување на неформалната економија. (more…)
Колумни
Што да очекуваме во 2022 година од аспект на спречување перење пари и финансирање на тероризам?

Гледајќи наназад во 2020 и 2021 година и сите случувања поврзани со Ковид 19, би било многу тешко да предвидиме што може да очекуваме во годината што е пред нас, 2022 година. Сепак, кога би зборувале само за процесите кои што би ја опфатила активноста за спречување перење пари и финансирање на тероризам, во тој случај предвидувањата се малку полесни. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје