Connect with us

Анализи

Што се крие позади актуелноста на зборот „штедење“?

Објавено

на

Кога станува збор за финансии и финансиска состојба, што е првото нешто што ви паѓа на памет? Што е тоа што ви овозможува да се чувствувате сигурни во било која финансиска ситуација, она што ви обезбедува стабилност при предвидена или пак непредвидена животна случка? – Секако, вашата заштеда. 

Зборот штедење е можеби најпопуларниот збор денес, земајќи ја предвид моменталната светска економска криза и несигурноста во речиси сите сфери во работењето. Во ваквите непредвидливи ситуации, заштедата може да има клучна улога овозможувајќи ви потпора во период кога речиси сé е неизвесно. Па затоа, наша препорака е, започнете да штедите, без оглед дали ќе практикувате штедење на ресурси, струја, вода или финансии. Важно е да почнеме да ги менуваме навиките и штедењето да стане дел од нашето секојдневие. 

Кога станува збор за штедење пари, без разлика дали штедите за реновирање на вашиот дом, планирате да создадете фонд за итни случаи, сакате да заштедите повеќе пари оваа година отколку минатата, или, пак, сакате да ја обезбедите иднината на вашето дете, најважно е да го одберете вистинскиот производ за штедење, со добри услови и динамика што вам ви одговара.

И секако, важно е да одберете безбедна и сигурна банка што ќе биде ваш долгорочен партнер при ова и секое следно финансиско вложување и домаќински ќе управува со вашите средства.

Затоа, Халкбанк ја претстави најатрактивната понуда за штедење, токму во октомври, светскиот месец на штедењето.

Атрактивниот ПРОМО депозит на Халкбанк ви овозможува високи каматни стапки на орочување од 2,7% за штедење во денари на рок од 25 месеци, односно 2,4% за штедење во денари на рок од 13 месеци. Доколку депозитот е во евра, промо депозитот нуди каматна стапка од 1,5% за рок од 25 месеци и 1% за рок од 13 месеци. Каматите се фиксни, а минималниот износ на вложување е 30.000 денари, односно 500 евра. Кај овој производ не постои можност за  дополнителни уплати и повлекувања на средства, а каматата може може да се исплаќа месечно или на крајот на периодот на орочување. Оваа понуда за ПРОМО депозитот важи до крајот на октомври.

Не чекајте, вистинскиот момент за да почнете да штедите е секако денес! 

Комерцијален текст.

Анализи

Каде и колку купуваат онлајн Македонците со платежните картички во странство?

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ направи анализа на објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, од каде што може да се увиди дека Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2022 година потрошиле 156.2 милиони евра што што претставува пораст од 46,31% во однос на минатата година и учество од 28% од вредноста на вкупните онлајн трансакции. Ослободувањето на мерките поврзани со пандемијата секако се одрази на е-трансакциите кон странските земји, посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Навика која ги издвојува успешните луѓе од останатите

Објавено

на

Патот до успехот често е поплочен со голем напор. Милионерите и олимпијците подеднакво ја нагласуваат важноста да се надмине конкуренцијата и да се поместат своите граници. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: Стопанска банка АД – Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните во 2022 година

Објавено

на

Според податоците на Народната банка за банкарскиот сектор во земјата за 2022 година, Стопанска банка АД- Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните, односно домаќинствата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно