Колумни
Што се даночни раеви и како големите корпорации ги користат?

Даночните приходи ја одржуваат цивилизацијата во живот. Но, не сите даночни обврзници играат според истиот пакет на правила. Со помош на адвокати, сметководители и разни професионалци, богатите и добро поврзани лица избегнуваат да плаќаат трилиони долари данок. Останатите ја покриваме разликата – вложувајќи ги нашите пари за изградба на патишта, училишта итн. Даночните раеви го овозможуваат сето тоа. Според некои проценки, околу 10 проценти од вкупното производство на сите економии во светот е сместено во офшор финансиски центри, кои ги држат “школки” компании кои постојат само на хартија. Трошоците за државите, во загубен приход, се проценува дека надминуваат 800 милијарди долари годишно.
Зборот „рај“ ви овозможува слика која ве носи на некое сигурно и убаво место. Ако тука ги додадеме и даноците, тогаш се изгледа идеално нели? Но, дали даночните раеви се легални? Дали навистина можете да избегнете оданочување со тоа што ќе ги скриете парите на таков начин? Да… и не. Американската влада во последните години презеде чекори за да го спречи нивното користење. Меѓутоа на пример тоа не ги спречува Apple, Microsoft и Alphabet – матичната компанија на Google – да ги користат предностите на даночните раеви.
Како владите заработуваат пари од даночните раеви?
Даночните раеви не се целосно ослободени од данок. Тие наплатуваат пониска даночна стапка од другите земји. Ниските даночни јурисдикции генерално наплатуваат високи царински или увозни давачки за покривање на загубите во даночните приходи.
Даночните раеви можат да наплатат надоместок за ново регистрирање на компании и надоместоци за обновувања што треба да се плаќаат секоја година. Може да наплатуваат и дополнителни такси како што се такси за лиценца. Таквите такси и давачки ќе се надополнат со постојаниот фиксен приход за даночните раеви.
Со привлекување странски физички лица или бизниси, дури и ако им се наплатува само номинална даночна стапка, земјата може да заработи значително повеќе од даночни приходи отколку некои други начини. Исто така, земјата може да има корист од корпоративните инвестиции во деловните операции што нудат работни места за жителите на земјата. Маурициус, на пример, вели дека 5.000 луѓе ќе изгубат работа ако земјата престане да биде даночен рај.
Како профитираат компаниите од даночните раеви?
Голема фармацевтска компанија, на пример, може да основа нов субјект во Бермуди или Холандија и да „продаде“ на тој субјект патент за профитабилен лек. Матичната компанија тогаш може да плати голема такса за лиценцирање на оф-шор компанијата, што за возврат ќе и овозможи да забележи помал профит дома – и да плати понизок данок. Секоја година, компаниите избегнуваат да плаќаат повеќе од 500 милијарди долари данок користејќи вакви методи. Некои плаќаат малку или воопшто не плаќаат даноци во своите матични земји. Меѓу значајните избегнувачи на данок се вклучени Apple, Johnson and Johnson, Skype и други.
Доколку се гледа од перспектива на даночните обврзници, првиот знак за добар даночен рај е дека е целосно легален. Иако може да има перцепција дека луѓето кои користат даночни раеви за да ги намалат своите даночни сметки го кршат законот, тоа ретко е
случај. Даночен обврзник на кој му е пријатно да го прави тоа, не му треба даночен рај. Наместо тоа, нечесен сметководител и банкар е се што е потребно.
Вториот знак за добар даночен рај е транспарентноста, политичката стабилност и владеењето на правото. Ако повеќе би ве чинеле адвокатите, сметководителите и митото за да се избегнат даноците во странство отколку што се плаќа данокот дома, нема смисла за даночен рај.
Третиот знак е приватноста.
Најмоќните 7 земји на состанокот на Г-7 ја започнаа темата да се договорат нови правила за оданочување на прекуграничната трговија, како и глобалната минимална стапка на данок на претпријатија, што би го намалило поттикот за основање компании и пријавување на данок во други јурисдикции. Неодамнешниот договор на Групата седум богати нации се обидува да ги елиминира даночните раеви на корпорациите со наметнување глобална минимална стапка на данок на добивка од 15%. Сепак, овие напори се многу тешко изводливи. Проблемот е во тоа што Г-7 треба да натера повеќе од 130 други земји да ја следат минималната стапка на данок. Многу земји, вклучувајќи ги Ирска и Кина, се чини дека е малку веројатно да се откажат од нешто што им донесе толку голема економска предност. Континуираната инвестиција ја направи економијата на Ирска една од најотпорните во Европа. Присутни се над 800 американски компании, кои трошат 20 милијарди евра годишно (23,6 милијарди долари) на инвестиции, стоки и услуги и плати, според податоците на Американската трговска комора. Вработуваат околу 180.000 работници и индиректно поддржуваат уште 144.000 работни места во економијата на Ирска.
Како општо правило, колку е побогат поединецот и колку е поголема мултинационалната корпорација – некои имаат стотици подружници офшор – толку подлабоко се вградени во оф-шор системот и толку пожестоко ја бранат. Моќните влади исто така имаат удел; повеќето главни раеви се наоѓаат во напредните економии или нивните територии.
Индексот на корпоративниот данок на рајската мрежа на даночната правда ги рангира првите три како: Британски Девствени Острови, Бермуди и Кајмански Острови – сите британски прекуокеански територии. Истражувањата за индексот на финансиска тајност ги рангира и Швајцарија, Соединетите држави и Кајманските Острови како едни од најголемите јурисдикции за приватно богатство.
Христијан Блажовски – специјалист за спречување перење пари
Колумни
Како ќе влијае меѓународната банкарска криза врз глобалната економија?

Банкарската криза што ја погоди „Silicon Valley Bank” (СВБ) минатата недела се прошири. Со ужас се сеќаваме на прелевањето на двете неодамнешни финансиски кризи: азиската финансиска криза од 1997 година, која доведе до длабока азиска рецесија и големата финансиска криза од 2008 година, која доведе до глобална рецесија. Новата банкарска криза ја погодува глобалната економија веќе нарушена од пандемии, војни, санкции, геополитички тензии и климатски проблеми. (more…)
Колумни
Бесими: Намалувањето на сивата економија е суштинска компонента на даночните реформи и економскиот раст

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа. Консултациите инаку, се започнати од 2020 година, напоредно со анализите за перформансите на даночниот систем и неговото унапредување. Концептот на даночната реформа во суштина се однесува на зголемувањето на наплатената маса на даноците, главно преку зголемувањето на опфатот, односно преиспитувањето на преференцијалниот третман на одредени категории, но и воведување на повеќе обврзници во системот, односно намалување на неформалната економија. (more…)
Колумни
Што да очекуваме во 2022 година од аспект на спречување перење пари и финансирање на тероризам?

Гледајќи наназад во 2020 и 2021 година и сите случувања поврзани со Ковид 19, би било многу тешко да предвидиме што може да очекуваме во годината што е пред нас, 2022 година. Сепак, кога би зборувале само за процесите кои што би ја опфатила активноста за спречување перење пари и финансирање на тероризам, во тој случај предвидувањата се малку полесни. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје