Connect with us

Останато

Што претставува Моментум временскиот печат на КИБС?

Објавено

на

Во текот на мај 2012 година, КИБС постанува глобално признат Издавач на временски жигови (Trusted Timestamping Authority – TSA). Сертификатот на Издавачот на временски жигови е коренски потпишан од универзално признат CA (Certificate Authority) – DigiCert. Со ова временскиот жиг Моментум на КИБС е единствен на нашиот пазар кој е интернационално прифатен.

Што претставува и како функционира услугата за издавање временски жигови Моментум?

Временскиот жиг, претставува електронски потпишана потврда со која се верификува постоење на електронски податоци во точно одредено време и датум. Временскиот жиг дава силен правен доказ, дека содржината на електронскиот запис постоела во точно одредено време и не е променета од тој момент. Временскиот жиг функционира на тој начин што се генерира електронски отпечаток (hash) од документот во компјутерот на клиентот. Овој електронски отпечаток се испраќа до издавачот на временскиот жигови. Издавачот на временскиот жиг неможе да ја дознае содржината на документот преку содржината на електронскиот отпечаток.

Ставањето временски жиг врз електронски документ кој е електронски потпишан овозможува долгорочно правно валиден електронски документ. Во спротивно, електронски потпишаниот документ е правно валиден само до моментот додека е валиден сертификатот на електронскиот потпис ставен врз електронскиот документ.

Зошто Моментум на КИБС?

Издавањето на временски жигови е во согласност со Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис како и правилниците и други прописи донесени врз основа на овој закон, европските директиви и eIDAS (Elecronic Identification, Verification and Trust Services) регулативaта поврзани со оваа проблематика. Исто така процесот на издавање временски печати ги исполнува следните безбедносни стандарди (RFC3161 – Internet X.509 Public Key Infrastructure Time-Stamp Protocol (TSP), RFC3628 – Policy Requirements for TSA, ETSI TS 101 861 – Time stamping profile, ETSI TS 102 023 – Policy requirements for time-stamping authorities).

Каде се користи Моментум?

Услугата Моментум може да се користи:

  • За заштита на лични документи;
  • За електронски документи, со што би се заштитиле од фалсификување;
  • За потврда на време и датум при поднесување електронски платни налози;
  • За потврда на време и датум при издавање на електронска фактура.
  • За електронски документи испратени до канцелариите на јавната администрација;
  • За договори испратени во електронска форма до банки, осигурителни компании, партнерски компании, даватели на услуги;
  • За заштита на софтвер од фалсификување;

и во многу други случаи каде датумот и точното време се битни елементи на правната сигурност во електронскиот документ.

Извор: ecommerce.mk

Останато

Извозот во првите шест месеци зголемен за 20,2%, а увозот за 28,7 проценти

Објавено

на

Вкупната вредност на извозот од земјава во периодот јануари – јуни 2022 година изнесува 4.097.486.000 евра и бележи раст од 20,2 проценти во однос на истиот период лани, додека вредноста на увезената стока е 5.974.699.000 евра што е зголемување за 28,7 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

(ВИДЕО) Спојувањето на етериум може да ја поттикне цената на биткоинот нагоре!?

Објавено

на

Популарниот крипто-аналитичар Бенџамин Кауен анализира како етериум може да ја поттикне цената на најпознатата криптовалута биткоинот нагоре. (more…)

Продолжи со читање

Останато

СИСТЕМОТ КОНЕЧНО АЖУРИРАН – Корисниците на МојДДВ може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки

Објавено

на

Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки. (more…)

Продолжи со читање


Популарно