Connect with us

Останато

Што поминува преку граница?

Објавено

на

Во времето на годишни одмори, сигурно барем еднаш сме се запрашале дали некое добро може да помине преку гранична контрола. Има неколку правила кои мора да ги знаете за да не се секирате кога ќе тргнете на пат.

Ако влегувате во Македонија може да внесете готовина од 10 000 евра без да ја пријавите, но ако излегувате не треба да надминете 2 000 евра. Ако надминувате некоја од овие суми, мора да имате потврда од овластена банка или менувачница.

Секој патник во Македонија покрај личниот багаж и лекови за лична употреба, слободно може да се внесат до 200 цигари (или 100 цигарилоси или 50 пури или 250 грама тутун за пушење), еден парфем од 50 мл или една тоалетна вода од 250 мл и литар алкохолен пијалак или два литра вино. Но, ова не е дозволено ако лицето е малолетно.

Кога ќе влегувате, ако имате ваше домашно милениче, потребно е да има соодветна документација (пасош).

Граѓаните кои се враќаат во Македонија може да внесат слободно стока од некомерцијална природа во вредност до 350 евра, при што не се склучуваат алкохолни пијалаци, преработка од тутун, парфеми и тоалетна вода.

Останато

Студентите и младите инженери ќе го подобруваат образованието

Објавено

на

Бордот на Европски студенти на технологија (БЕСТ) Скопје и Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија потпишаа Меморандум за соработка. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Во Русија има се повеќе милијардери

Објавено

на

Во Русија во 2018 година бројот на милијардери е зголемен за пет од лани и сега има 74 според годишниот извештај на банката Кредит Суис. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Комисијата за хартии од вредност во работна посета на Комисијата за хартии од вредност на Словенија

Објавено

на

Претставници на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија заедно со Комисионерката Лиле Делиџакова на 11 октомври, 2018 година беа во работна посета на Агенцијата за пазар на хартии од вредност на  Република Словенија во Љубљана.

Директорот на Агенцијата за пазар на хартии од вредност Г-дин Милош Час  имаше воведно обраќање во кое ги отслика пазарните движења и состојби во Словенија и изрази подготвеност со сите ресурси да и помогне и да ја поддржи  Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија при нејзиниот информатичко-технолошки  развој и унапредување на капацитетите.

Потоа, беа реализирани неколку работни сесии со Стручните лица кои го изработиле нивниот Информатички систем за известување и обработка на податоци, преку кој овластените учесници на пазарот ги доставуваат своите финансиски и нефинансиски известувања, кои потоа на соодветен начин и во специфичен формат се обработуваат за потребите на регулаторот.

Овој  систем  содржи компонента за размена на информации и податоци поврзани со трговски трансакции кои се случуваат на пазарите на капитал на сите држави членки на ЕСМА.

Ваквата работна посета која  претставува уште еден  чекор за зајакнување на односите меѓу двете институции  беше договорена уште при првата средба на Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити  со нејзинот словенечки колега  Г-дин Милош Час која што  се реализираше  на 27 јуни, 2018 година во Љубљана.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange