Connect with us

Анализи

Што носи Новата 2020-та на економски план?

Објавено

на

Какви поволности ќе донесе за граѓаните Новата 2020-та година?

Со почетокот на Новата 2020 година, поголеми примања ќе добијат пензионерите, но и вработените во образовните институции. За 320.000 пензионери ќе следат повисоки пензии за 700 денари, а за над 32.000 просветари повисоки плати за 10 проценти. Најавените покачувања започнуваат официјално од 1ви јануари, но зголемените приходи, пензионерите и професорите на сметка ќе ги видат во февруари со исплатата на јануарскиот приход.

Заклучно со почетокот на 2020 година, покачувања добиваат и медицинарите, кои исто така ќе добијат повисоки плати во февруари. Зголемување ќе добијат околу 15.000 здравствени работници.

За сите останати вработени, кои досега биле пријавени на минималец, со платата во јануари ќе добијат покачување за 2.000 денари, колку што изнесува зголемувањето на минималната плата која сега изнесува 14.500 денари.

Од почетокот на 2020 година, граѓаните ќе плаќаат и поефтин роаминг меѓу земјите од Западен Балкан од 9 до 35 проценти. Најефтини ќе бидат разговорите со Србија.

Од 1 јануари 2020 година официјално стапи на сила ослободувањето од царина кое се однесува на малите пратки до 90 евра. Зголемувањето на прагот, од досегашните 45 евра на 90 евра е во насока на спроведување на препораките на Европската комисија, како и зголемување на обемот на е-трговија во земјава.

Со почетокот на Новата година, стапува на сила и данокот за моторни возила. За увоз на возила до 10.000 евра, данокот ќе се мери според тоа колкава емисија на јаглерод диоксид испушта возилото. Данокот е двојно повисок за увоз на дизел возила, отколку тој за увоз на бензинци.

Новитет е и зголемувањето на прагот со кој се станува ДДВ обврзник. Наместо еден милион како што беше до сега, од годинава границата се зголемува на 2 милиони денари.

Од почетокот на јануари пак пораснаа и стапките за плаќање придонеси. За пензиско ќе се плаќаат 18,8 проценти од бруто платата, a за здравство 7,5 отсто, или за 0,5 процентни поени повеќе од 2019 година.

Како што се најавуваше во изминатиов период, со почетокот на Новата 2020 година се „замрзнува“ прогресивниот данок во наредните две години. Наместо 15 проценти за повисоките плати од 90.000 денари, ќе се плаќа 10 проценти персонален данок на доход. Нема да се одданочуваат капиталните добивки, а нема да се даночат ниту каматите на штедните влогови.

За крај, данокот за кириите се намали од 15 на 10 проценти. Но, затоа пак остана тој за игрите на среќа, па така за добивките во спортски обложувалници, казина и останати игри на среќа, добитниците ќе плаќаат 15 проценти данок.

Анализи

Во која банка е најисплатливо да имате трансакциска сметка!?

Објавено

на

Во текот на денешниот ден ги анализираме провизиите и надоместоците што ги наплатуваат домашните банки за месечно одржување на трансакциска сметка за физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Значително намалена побарувачката за кредити кај граѓаните, но и кај фирмите во вториот квартал

Објавено

на

Во второто тримесечје на 2020 година, во екот на пандемијата со коронавирусот во земјава, банките укажуваат на значително нето-намалување на побарувачката на вкупните кредити на секторот „домаќинства“, наспроти малото нето-зголемување во претходната анкета, покажува најновата анкета на Народната банка за кредитната активност за вториот квартал односно за периодот од април-јуни 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Финансиските друштва се извор на приливи за граѓаните кога им се неопходни итни финансиски средства

Објавено

на

Кај голем дел од популацијата мислењето за финансиските друштва е негативно. Независно дали е тоа од сопствено искуство или е наметнато мислење коешто е општоприфатено кај повеќето граѓани. (more…)

Продолжи со читање

Популарно