Connect with us

Осигурување

Што мора да ви покаже продавачот пред да купите „Јунит Линкд“ осигурување живот?

Објавено

на

Животното осигурување кај кое парите се вложуваат во удели на инвестициски фондови („Јунит Линкд“ осигурување) е висококвалитетен производ со голем потенцијал за оплодување на инвестицијата. Но, тој истовремено содржи и ризик од загуба на вложените средства затоа што вредноста на вложеното зависи од цените на уделите кои се формираат на берзите.

Токму заради ова АСО ги задолжи осигурителните компании квалитетно да ги информираат осигурениците за ризикот од загуба на вложените средства. Со новиот правилник на АСО, кој стапи на сила овој месец, продавачите на „Јунит Линкд“ осигурување имаат обврска на секој потенцијален осигуреник да му дадат на увид ниво на ризик од загуба на вложеното на скала од 1 до 7. Исто како што имаат обврска пред продажбата на „Јунит Линкд“  осигурување на осигуреникот да му дадат детален приказ на структура на сите трошоци на вложување кои ќе треба да ги плати. Осигуреникот има право да добие на увид податоци за очекуван просечен месечен раст на вредноста на вложеното за период од пет години во иднина.  Ова се дел од новините кои произлегуваат од новиот правилникот со кој АСО значајно ја зголеми транспарентноста при вложување во „Јунит Линкд“ осигурување живот.

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги задолжи сите осигурителни компании кои продаваат „Јунит Линкд“  осигурување живот на секој потенцијален осигуреник да му достават документ со клучни информации врз основа на кој ќе одлучи дали да вложи во овој осигурителен производ.

Станува збор за унифициран документ кој содржи информации за нивото на ризик од можна загуба на вложени средства како и за очекуваната добивка од вложеното. Осигуреникот ќе биде информиран и за условите и последиците од предвремено раскинување на договорот за вложување. Исто така продавачот ќе ги прикаже и сите еднократни, периодични, повторливи, повремени и непредвидени трошоци што треба да ги плати осигуреникот.

Воедно продавачот на осигурувањето ќе биде обврзан и да го информира осигуреникот и за правото да поднесе претставка односно приговор до АСО. Ова се клучните новини кои ги содржи новиот правилник што го донесе АСО со цел да ја зголеми транспарентноста при вложувања во јунит линкд осигурување живот.

„Јунит Линкд“ е релативно нова класа на осигурување живот кај која дел од вложените пари  се инвестираат во удели на инвестициски фондови. Тоа се вложувања со висок квалитет, но факт е дека цените на уделите се променливи и зависат од движењата на глобалните берзи. Токму заради тоа и ризикот од вложувањето на средствата паѓа на товар на осигуреникот.

Токму волатилноста на пазарите на капитал остава простор од ризик осигуреник да загуби дел од уплатените средства при вложување во „Јунит Линкд“  осигурување исто како што постои реална можност за солидно оплодување на вложените средства.

Официјалните податоци на АСО покажуваат дека само во минатата година биле раскинати 941 договор за „Јунит Линкд“  осигурување живот во период кога вкупно биле склучени 2.726 договори. Дополнително на ова бројот на раскинати договори лани достигна 9 отсто од вкупниот број на активни договори во оваа осигурителна класа кој изнесува 10.628.

Следејќи ја будно оваа состојба Советот на експерти на АСО одлучи да усвои  подзаконски акт што значајно ќе ја зголеми транспарентноста за овој осигурителен производ.

Тоа во голема мерка ќе им помогне на сите потенцијални инвеститори при носењето на одлуките за вложување во јунит линкд да го проценат потенцијалниот ризик од ова вложување.

Освен горенаведените клучни новини како мерки за подобро информирање на осигурениците новиот правилник предвидува продавачот да истакне дали вложувањата се во денари или во странска валута. Од причина што оваа информација може да влијае врз вредноста на вложувањето преку можни промени на девизниот курс на денарот.

„Јунит Линкд“ е интернационален термин глобално прифатен и користен за овој вид осигурување живот. „Јунит Линкд“ значи дека вредноста на вложените средства директно зависи од вложувањата во удели на отворени или затворени инвестициски фондови.

Вложувањата во животното осигурување во кое ризикот од инвестирањето е на товар на осигуреникот (популарно наречениот „Јунит Линкд“) лани достигнале 383,2 милиони денари (над 6 мил.евра). Тоа е за 27 отсто  повеќе од 2020 година.

Правилникот што ја регулира оваа материја е достапен на следниот линк https://aso.mk/wp-content/uploads/2022/05/pravilnik-udeli-vo-investicziski-fondovi-sl-vesnik-109-2022-2.pdf

Осигурување

Вложувањата во неживотно осигурување надминаа 10 милијарди денари, продажбата на полиси зголемена за 16%

Објавено

на

Осигурениците и осигурителните компании лани склучија над 1,71 милиони договори за осигурување вредни над 10,5 милијарди денари. Најпопуларно меѓу сите неживотни осигурувања останува приватното здравствено осигурување кое три години по ред има најголем раст на продажба. Од сите доброволни класи и понатаму најмногу се вложува во осигурување имот. Најголемо учество во вкупната продажба и минатата година има задолжителното осигурување од автомобилска одговорност. Од сите 11 компании за неживотно осигурување дури десет друштва лани бележат раст на приходите од продажба на осигурителни полиси. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Осигурениците наплатија 71 милион евра, осигурителните компании исплатија над 100.000 штети

Објавено

на

Осигурителните компании исплатија 30 отсто повеќе пари за штети покриени со осигурување лани во споредба со претходната година. Најголем број штети се исплатени за покривање медицински трошоци покриени со дополнително здравствено осигурување, а од сите класи доброволно осигурување најмногу средства се исплатени за штети покриени со осигурување имот. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

КАСИЧКА, детско осигурување со штедење на Триглав Осигурување Живот – нов производ за заштита и сигурност на децата

Објавено

на

Грижата за семејството е главната причина која не наведува да донесеме одлука за обезбедување на сигурност без несакани потешкотии во иднина. Финансиската стабилност на нашите деца е можеби една од најважните сегменти при сечие размислување, па поседувањето на полиса за осигурување на живот која би го намалило ризикот при несакани тешки финансиски последици на родителите го прави производот Касичка вистински заштитник за сигурна иднина. (more…)

Продолжи со читање

Популарно