Connect with us

Лични финансии

Што може да ги измами инвеститорите во година што претстои?

Објавено

на

Инвестициите во криптовалути се меѓу првите пет закани на инвеститорите за 2020 година, соопшти Северноамериканската асоцијација на администратори на хартии од вредност (NASAA).

NASAA, најстарата меѓународна организација за заштита на инвеститори, официјално ги објави првите пет производи или шеми што веројатно ќе ги измамат инвеститорите во наредната година. За да го достави извештајот, надлежниот орган објави анкета врз државните и регионалните регулатори за хартии од вредност низ САД, Канада и Мексико.

Извештајот, објавен на 23 декември, ги вклучува првите пет шеми кои најверојатно ќе ги измамат инвеститорите во 2020 година, врз основа на поплаки на инвеститори, тековни истраги и тековни трендови на спроведување.

Покрај инвестициите во криптовалути, најголемите области кои загрижуваат за 2020 година вклучуваат меници, инвестиции во недвижнини, Понзи шеми, како и шеми за инвестиции преку интернет и социјални медиуми, предупредува NASAA.

Кристофер Геролд, претседател на NASAA и шеф на Комисијата за хартии од вредност на Њу Џерси, рече дека не постои вид на вложување што може да гарантира поврат на инвестицијата.

„Секој што вели дека неговата инвестициска понуда нема ризик, лаже“, изјави Геролд, повикувајќи ги инвеститорите да бидат повнимателни и да не паѓаат на ветувањата и гаранциите за лесен поврат на инвестицијата и брз принос на капитал.

 

„Важно е инвеститорите да разберат во што и во кого инвестираат. Не потпаѓајте на ветувањата за загарантирани високи приноси со мал или никаков ризик и не потпаѓајте под влијание на лажно чувство на итност или ограничена достапност“, додаде тој.

Во согласност со основната мисија за заштита на потрошувачите кои купуваат хартии од вредност или совети за инвестирање, NASAA активно ги следи активностите на пазарот за криптовалути. Во средината на 2018 година, властите започнаа над 200 истраги за производи поврзани со крипто инвестициите и првични понуди за криптовалути или популарно наречени „коини” (ICO) како дел од нејзината тековна иницијатива „Оperation Cryptosweep“. Претходно, NASAA издаде службено предупредување до инвеститорите во “Main Street” за ризиците поврзани со проектите за криптовалути и ICO проектите.

Во меѓувреме, обемот на загуби предизвикани од измама и кражба на криптовалути во последните години бележи огромен скок, од проценети 1,7 милијарди американски долари во 2018 година до дури 4,4 милијарди американски долари во 2019 година, пренесува “Cointelegraph”.

Лични финансии

Како да заштедиме пари додека патуваме во Европа?

Објавено

на

Секогаш кога патуваме се прашуваме дали сме го организирале патувањето така што цело време ќе се чувствуваме удобно, без да потрошиме цело богатство. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Корисни совети за оптимизирање на повиците за акција преку е-пошта

Објавено

на

Без оглед на видот на е-поштата, главната цел на секој повик за акција е да ги охрабри луѓето да преземат акција. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Што е лидер?

Објавено

на

Тоа е толку едноставно прашање, но сепак продолжува да ги збунува дури и некои од најдобрите мислители во бизнисот. Има доста книги за лидерството, но сепак е тешко да се застане за да се дефинира. (more…)

Продолжи со читање

Популарно