Connect with us

Колумни

Што можеме да научиме од мајмунот кој вози скирол?

Објавено

на

Сите сме ја слушнале добро познатата фраза “Патувањето од илјадници милји започнува со еден чекор”.

Но, вистинското прашање е зошто некогаш тој чекор води до илјадници други, а некогаш завршуваме со него или евентуално со наредниот?

Зошто некои од нас одат во вежбалната секојдневно додека многумина пак, најверојатно никогаш повторно нема да стапнат таму?

Зошто 80% од луѓето се откажуваат од своите новогодишни резолуции а останатиот мал дел ќе се држи до своите замислени цели во текот на годината?

Земете пример како еден тренер на животни го учи мајмунот да вози скирол.

Чип и Ден Хелт во нивната книга “Switch: How to Change Things When Change Is Hard” објаснуваат :

“Во првиот час од првиот ден на тренинг , мајмунот добива парче манго откако ќе успее да остане смирен кога тренерот ќе го стави скиролот во неговиот кафез. Подоцна, добива манго кога ќе го допре скиролот, па кога ќе седне на него, па кога ќе му дозволи на тренерот да го помести напред-назад…После стотици обиди и тренинзи, ќе имате мајмун прејаден со манго и  спремен за скејтборд”

Ние луѓето сме многу слични на ваквите мајмуни.

Наградите се всушност, тајната како првиот чекор од долгото патување да го продолжите на вториот, третиот или пак стотиот чекор.

Најдобриот начин да го натерате вашето дете да ја заврши домашната задача која ќе му одземе два часа е да го наградувате и покрај тоа што ја работи само десетина минути.

Затоа, потребно е да сме задоволни кога ќе отидме во вежбална за прв пат по неколку години, иако би останале само неколку минути.

Проблемот е што, многумина од нас чекаат до крајот за да прослават.

И се обесхрабруваме на секој чекор кој го правиме по патот кон исполнување на конечната цел. Па така, не е ни чудно што голем дел завршуваат уште пред да започнат и се откажуваат уште во првите неколку чекори.

Запомнете: Славете и наградувајте се себеси за малите победи и тие ќе се претворат во големи. Ниту еден  успех не е мал.

Направи ја 2019 твоја година!

Колумни

НОВА Е КОЛЕШКАТА!?

Објавено

на

Се почесто банките се соочуваат со фактот дека поради одредени причини искусните вработени си заминуваат, односно успеваат да најдат подобра работа. Можеби станува збор за работа каде можат да ја искажат својата креативност, можеби е подобро платена, можеби има помалку притисоци, итн… (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Учењето и здравјето

Објавено

на

Концептот на доживотно учење значи учење во сите периоди од животот (од млади до постари години), во неформален и формален облик. Со концептот на доживотно учење најчесто се поврзуваат економските цели, на пример, постигнување поголема конкурентност или зголемување на можноста за вработување. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

РОБИН ШАРМА: Секојдневните навики не носат кон големите достигнувања!

Објавено

на

Дали знаете дека големите достигнувања се помалку се должат на вашата генетика и среќа, а се повеќе на вашите ритуали и секојдневни активности? Професионалците не се повеќе надарени од вас – тие само имаат подобра организација на своите дневни навики.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange