Connect with us

Останато

Што е СВИФТ и што ќе се постигне со исфрлањето на Русија од него?

Објавено

на

Руската инвазија на Украина го засили притисокот за построги економски санкции кон Москва. Повеќе земји побараа Москва да биде исклучена од СВИФТ – главната меѓународна платежна мрежа во светот – со цел тоа да ја погоди руската трговија и да им го отежни бизнисот на нејзините компании.

Што е СВИФТ?

СВИФТ (Друштво за светски меѓубанкарски финансиски телекомуникации) е главниот безбеден систем за пораки што банките го користат за брзи, непречени и сигурни прекугранични плаќања, овозможувајќи меѓународната трговија да тече непречено. Тој стана главен механизам за финансирање на меѓународната трговија. Во 2020 година околу 38 милиони трансакции се испраќаа секој ден преку платформата СВИФТ, со што се олеснија зделки во вредност од илјада милијарди долари, вели Гардијан.

СВИФТ е создаден во 1973 година со седиште во Белгија и овој систем поврзува 11.000 банки и институции во повеќе од 200 земји. Овој меѓубанкарски финансиски телекомуникациски систем е еден вид систем за инстант пораки што ги информира корисниците кога плаќањата се испратени и пристигнати.

Кој е сопственик на СВИФТ?

СВИФТ е задруга на илјадници институции членки што ја користат услугата. Со седиште во Белгија, таа останува неутрална во трговските спорови, водејќи се главно како услуга за нејзините членови.

Зошто санкцијата Русија да биде исклучена од СВИФТ би била толку сериозна?

Забраната за Русија да го користи системот што го користат илјадници финансиски институции значително ќе ја погоди банкарската мрежа на земјата и пристапот до средства. Сепак, тоа би било удар и врз други земји и компании бидејќи купувањето нафта и гас од Русија би било нарушено и би се одвивало со потешкотии.

Наместо како до сега, да се одвиваат брзо и едноставно, дури и најбаналните банкарски трансакции ќе треба да се спроведуваат директно помеѓу банките или да се пренасочуваат преку останатите неразвиени платни системи, што ќе ги зголеми трошоците и ќе предизвика доцнења.

Зошто САД, но и голем број на европски држави не сакаат да ја спроведат забраната?

Една од најголемите причини поради која се уште не се исклучува Русија од СВИФТ е можноста да им се наштети на останатите економии повеќе отколку шт би и се наштетило на руската економија.

Русија е голем увозник на многу производи од Европа, додека пак е убедливо најголемиот извозник на нафта и гас за европските земји. Доколку се стопираат плаќањата кон Русија, речиси пола Европа би останала без нафта и нафтени деривати, а тоа сериозно ќе се одрази на економијата во Еврозоната.

Друга причина е што ударот можеби нема да биде толку сериозен за руските бизниси, бидејќи тие ќе користат алтернативни начини за плаќање, како што се паметните телефони, разни апликации за пораки или електронска пошта. Руската централна банка лансираше сопствен платен систем наречен СПФС кој претставува замена за СВИФТ за руските компании. Исто така, Русија може голем дел од плаќањата да ги извршува и преку земјите што не воведоа санкции, како што е Кина и нејзиниот ЦИПС (China International Payments System), кој претставува еден од најголемите конкуренти на СВИФТ. Забраната Русија да го користи СВИФТ би можела да ја забрза употребата на кинескиот ривалски ЦИПС-систем.

Исто така, постои страв дека тоа може да го оштети статусот на американскиот долар како глобална резервна валута и да ја забрза употребата на алтернативите како што се криптовалутите.

Дали забраната на СВИФТ би влијаела на другите земји?

Забраната Русија да го користи СВИФТ платниот систем би имала многу поголеми негативни последици за европските земји, отколку што тоа би бил случај со руските компании и банки. Европа е многу позависна од руските нафтени деривати и гас, отколку што Русија е зависна од европските стоки и услуги.

Русија е главниот снабдувач на ЕУ со сурова нафта, природен гас и цврсти фосилни горива, а европските земји би можеле да имаат проблеми во наоѓањето алтернативни добавувачи.

Дали СВИФТ бил поврзан со економски санкции?

Во минатото СВИФТ им одолеваше на повиците за воведување забрани за одредени земји, опишувајќи се себеси како неутрален. Но, во 2012 година Европската Унија му забрани на СВИФТ да ги услужува иранските фирми и поединци што беа санкционирани во врска со нуклеарната програма на Техеран, што претставува преседан за таква активност против Русија. Портпаролот на СВИФТ одби да каже како организацијата ќе одговори на какви било американски санкции.

Останато

Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Објавено

на

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Објавено

на

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Објавено

на

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно