Connect with us

Колумни

Што е перење пари врз основа на трговија и како финансиските институции се справуваат?

Објавено

на

Една позната изрека гласи: Кога една врата ќе се затвори друга ќе се отвори. За жал ова важи и за криминалците кои сакаат да ги “исперат” своите пари.

Банките и финансиските институции ги имаат многу добро воочено и се имаат подготвено за “традиционалните” техники на перење пари. Но, криминалците се паметни. Бидејќи традиционалните методи за перење пари за нив се покажуваат се потешки, тие стануваат креативни. За жал, тие имаат откриено метод на затскривање на изворите на пари – меѓународна трговија. Перење пари врз основа на трговија е проблем кој не е така нов меѓутоа е тренд кој постојано расте.

Перењето пари врз основа на трговија е едно од најефикасните средства за “перење” и придвижување на криминални приноси. Според Меѓународниот извештај за стратегија за контрола на наркотици (INCSR) стотици милијарди долари се перат на годишно ниво со помош на перење пари базирана на трговија (TBML). Тоа е еден од најсофистицираните методи за перење на валканите пари. На пример: која е вредноста на фустанот? Дали е тоа 3 долари? Или 30 долари? Или 300 долари? Оваа едноставна неизвесност создава средина што е подготвена за злоупотреба. Според извештај на PWC, 80 проценти од незаконските финансиски текови од земјите во развој се остваруваат преку перење пари базирана на трговија.

Овој концепт е едноставен; криминалците користат погрешно фактурирање (обично надуени цени) или плаќања од трети лица за да пренесат огромни суми пари преку она што се чини дека се легитимни трансакции.

Што е перење пари врз основа на трговија?

Перење пари базиран на трговија е метод преку кој големи количини на криминални приноси се ефикасно пласирани, “испрани” и интегрирани во меѓународните финансиски системи кои користат трговија.

FATF перењето пари врз основа на трговија го дефинира како: „… процес на маскирање на приходите од криминал и движечка вредност преку употребата на трговски трансакции во обид да го легитимираат нивното недозволено потекло. Во пракса, ова може да се постигне преку лажно претставување на цената, количината или квалитетот на увозот или извозот. Згора на тоа, техниките за перење пари засновани на трговија варираат во сложеност и често се користат во комбинација со други техники на перење пари заради понатамошно затскривање на патеката на парите.

Перењето пари врз основа на трговија ефикасно ја користи сложеноста на меѓународната трговија каде што договорите се склучени со повеќе јурисдикции и се вклучени повеќе членови.

Како во пракса функционира перењето пари засновано врз трговија?

• Зголемување на износот на фактурата: Компанијата X испорачува 10 автомобили со пазарна вредност од по 100.000 долари на компанијата Y, но ја фактурира компанијата Y со 200.000 долари за возило. Компанијата Y има очигледна легитимна причина да префрли 200.000 долари на компанијата Х, од кои половина се „валкани пари“ што треба да се перат. Компанијата Х со тоа профитира од вишокот од 100,000 американски долари над пазарната вредност, што претставува приход од криминална активност, но сега е „чиста“. Компанијата X дури може да аплицира за даночни стимулации при извоз на одредени категории на стоки и може да избегне контроли на капиталот со ставање на вишок на средства на оф-шор сметка.

• Намалување на износот на фактурата: Во ова сценарио, компанијата X испорачува 10 автомобили со пазарна вредност од по 10.000 долари на компанијата Y, но ја фактурира компанијата Y за само 5.000 долари. Компанијата Y пренесува 50.000 американски долари на компанијата X, а потоа ги продава автомобилите на дилер за 100.000 американски долари. На овој начин,
компанијата X може да пренесе 50.000 долари валкани пари на компанијата Y. Ако биде побарано, и двете компании можат со сигурност да тврдат дека трансакцијата е легитимна. Сепак, поверојатно сценарио е двете компании да го ограничат недоволно плаќањето на фактурирање на маргина од 10% или помалку, што го прави уште потешко да се докаже дека трансакцијата е дизајнирана да го прикрие перењето пари.

• Повеќекратно фактурирање. “Перачите” на пари наместо горенаведените примери може и да ја фактурираат истата пратка на стока повеќе од еднаш. Со цел да се прикрие вистинската природа на оваа шема, организациите ќе вработат повеќе финансиски институции за да помогнат во финансирањето. Цената одредена за стоките или услугите не мора да се манипулира и не е невообичаено да се издаваат повеќекратни плаќања во легитимни трансакции заради измените и корекциите, што го прави ова тешко за откривање.

Голем проблем за финансиските институции вклучени во зделките е тоа што се ограничени во однос на документацијата која што се доставува од нивните клиенти и договорните страни. За жал, во голем дел од случаите, финансиските институции ниту имаат комерцијална или техничка експертиза за стоките што ги финансираат, ниту пак имаат можност физички да извршат увид во тие предмети. Вработените во институциите неможат да ја разберат и направат проценка на валидноста на доставената документација поради тоа што истите се недоволно упатени во однос на вредноста на доброто кое што е предмет на фактурата.

Затоа ФАТФ има објавено листа на која што вработените во финансиските институции треба да внимаваат а се однесува на документите врз основа на кои што треба да се донесе одлука за дали некоја трансакција е сомнителна или не:

– Несогласувања помеѓу описот на доброто или услугата и фактурата
– Несовпаѓања помеѓу описот на доброто или услугата и вистинското добро или услуга
– Несовпаѓања помеѓу пријавената вредност и објективната пазарна вредност
– Кога основното добро или услугата значително се разликува од типичната пратка на извозникот или увозникот
– Кога големината на пратката значително варира од типичната пратка на извозникот или увозникот
– Кога доброто или услугата е означена како „висок ризик“
– Кога надлежноста е назначена како „висок ризик“
– Кога се вклучени повеќе јурисдикции без економска причина
– Кога трансакцијата вклучува компании школка

Проверките исто така, треба да се насочени и кон недозволена пратка на стоки со двојна употреба. На пример, хемикалии кои можат да се користат како за цивилни така и за воени цели – Амониум нитрат се користи како ѓубриво, но може да се користи и во експлозив. Во овој случај, клучно е разбирањето на контекстот на пратката и познавањето на вклучените организации.

Сепак, ова не е само должност за банките; компаниите вклучени во увоз и извоз мора да посветат особена внимателност за да се осигураат дека тие не се вклучени во сомнителна трговска активност.

Како што глобалната трговија расте, расте и нејзината сложеност, а перењето пари врз основа на трговијата станува се послаба алка во иницијативите за спречување на перење пари. За да не се случува ова банките и владините службеници мора да ја зајакнуваат меѓународната соработка за да се справат со криминалците кои ги кријат и перат своите валкани пари на глобално ниво.

Христијан Блажовски

Колумни

Криминалците ја користат кризата Covid-19 за финансиски криминали

Објавено

на

Пандемијата COVID-19 доведе до невидени глобални предизвици, човечко страдање и економско нарушување. Огромен број на канцелариски работници на глобално ниво може да работат од дома, вклучително и до 90% од банкарските и осигурителните работници. Повеќето од овие вработени се најавуваат на системите на нивните фирми од далечина, присуствуваат на состаноци користејќи ја технологијата, и имаат пристап до податоци кои што не се јавни преку Интернет – понекогаш преку домашни компјутери и приватни уреди. Бидејќи клиентите на повеќето финансиски институции, исто така, остануваат дома, вршењето финансиски трансакции преку Интернет станува не само погодност, туку и неопходност. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

“Кешот” останува крал за перење пари

Објавено

на

Речиси сите криминални активности даваат профит, честопати во готовина. Затоа криминалците бараат начини истите да се перат преку најразлични начини. Ова се спроведува од страна на транснационални групи на организиран криминал, без оглед на нивното етничко потекло или географската локација. Активностите за перење пари се толку раширени од релативно едноставна причина: Организираниот криминал е деловна активност која работи за финансиска корист. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

НЕДЕЛА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА: Дигитална трансформација – прашање на избор или фундаментална деловна стратегија

Објавено

на

Последната деценија докажа дека дигиталната трансформација е неопходност за едни, комерцијално привлечна за други – но во секој случај предизвикувачка за сите. Имајќи го ова во предвид, што мислите, што ја прави транзицијата полесна за некои компании од останатите? (more…)

Продолжи со читање

Популарно