Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Колумни

Што е Оф-шор (Offshore) и како сопствениците го кријат својот идентитет преку отварање компании во оф-шор центри?

Објавено

на

Оф-шор (Offshore) може да се дефинира како бизнис можности што ги нудат земји во странство, што вообичаено неможат да се користат во матичната земја. Овој поим се однесува на деловни активности преку користење на банки, трансакции или компании во странство. Регистрирањето на компанија во оф-шор финансиски центри и следствено, отворањето на сметки во оф-шор финансиски центри не секогаш се прави со цел да се направат злоупотреби туку се прави и поради пониски трошоци за водење на бизнисот.

Оф-шор компаниите ширум светот нудат низа поволности за компаниите, а и за основање на ваков тип на компанија не треба многу капитал. За разлика од повеќето земји каде се бара висок основачки влог, во Панама, која е актуелна, на пр. може да се основа фирма и за 600 долари. Цените за основање на компании во оф-шор дестинации или даночни раеви како Белизе, Сент Винсент и Гренадин, Бермуда…се движат во просек од 1.000 до 1.500 долари. Не се потребни многу пари и за годишни давачки, кои на годишно ниво се движат во просек од 100 долари, а фирмата функционира без обврски за водење на сметководство и поднесување годишни извештаи на локалните власти. За добивката не се плаќа никаков данок, ниту пак, има потреба од локален директор.

За да се отвори фирма во Панама или било која друга дестинација од ваков тип, нема потреба да се оди таму. За тоа постојат фирми – посредници. Тие ја имаат сета потребна документација за било која оф-шор дестинација, достапна онлајн на нивните веб-страници и одговор на секое прашање за отворањето фирма во оф-шор или дестинација која важи за даночен рај.

Важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе.

Проблемот е во тоа што политичари или  криминалци ги користат овој вид на компании за прикривање на идентитетот или за други нелегални активности. Затоа оф-шор компаниите често се поврзуваат со даночно затајување или сериозни нелегални активности како „перењето” пари.

Во оф-шор финансиските центри покрај тоа што се нудат пониски трошоци за работење на компаниите се овозможува и максимална приватност бидејќи имињата на сопствениците и на директорите не секогаш е задолжително да бидат јавно запишани во трговските регистри. Поради тоа што оф-шор финансиските центри се под постојан притисок да ги евидентираат вистинските сопственици на компаниите, фирмите задолжени за регистрација на компании во оф-шор центри обезбедуваат друга услуга – полномошници кои стојат зад вистинскиот сопственик.

Застапниците дозволуваат нивните имиња да се користат наместо оние на вистинските сопственици. Тие често се вработени или пријатели на компанијата што е задолжена за регистрација на правни лица во оф-шор финансиските центри. Ополномоштеното лице се јавува како сопственик на акциите и сите официјални документи се прават во нивно име иако тие често знаат многу малку или незнаат ништо за компанијата. Сепак тие потпишуваат документ на кој што нема наведено со кој ги пренесува акциите на вистинскиот сопственик. Едноставно со додавање на датумот, (вистинскиот сопственик) може да стане акционер на компанијата во секое време. Се разбира, документот може да биде со постар датум. Договорот за продажба помеѓу назначениот акционер и вистинскиот сопственик на компанијата е внатрешен документ, кој не е достапен за трети лица.

Вистинскиот директор на компанијата е исто така, скриен зад ополномоштеното лице што го контролира. Прво, тој може да побара општо полномошно од назначениот директор, кој ќе му даде целосна моќ на донесување одлуки во компанијата. Така, г-дин Х ќе дејствува како директор на компанијата, без да биде споменат како таков во документите од оф-шор компанијата. Во такви случаи г-дин Y е наведен како директор и во сите институции, вклучително и банки, Y делува како застапник на компанијата.

Горенаведеното во голем број на случаеви може да се користи од политичари/криминалци кои што се наоѓаат на санкциски листи. На овој начин тие ги избегнуваат санкциите кои што се воведени против нив и имаат можност за пуштање во оптек на нивните нелегално стекнати средства.

Христијан Блажовски – Овластено лице за спречување перење пари и финансирање тероризам

Колумни

“СЕКОЈ Е ЗАМЕНЛИВ”

Објавено

на

Последниве години тенденција во банкарскиот сектор, па и пошироко, е да си заминуваат квалитетните кадри, а на нивно место да се вработат неколку класи помалку едуцирани вработени кои ќе се “обидат” да го надоместат отсуството на нивниот претходник. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Како популарните игри Fortnite и Clash of Clans се користат за перење пари?

Објавено

на

Кога мислите на перење пари, лесно е да се замислат салони за нокти, школки корпорации или банкарски сметки во странство. Но, како што се појавуваат нови технологии како криптовалутите, така се појавуваат и нови методи за претворање на нелегално стекнатите придобивки во оданочен приход. Сепак, најочигледните методи не се најдобри. Додека биткоинот продолжува да напредува, креаторите на политики, полицијата и обвинителите инвестираат повеќе ресурси во борбата против нелегалните шеми. Како одговор, постои сомневање дека претприемничките криминалци се свртуваат кон поиновативни решенија, како перење пари со помош на масивни мултиплеер игри. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Клиенти кои знаат сè…

Објавено

на

Сите сме ја слушнале познатата изрека “Клиентот е секогаш во право” и до некаде може да се сложиме со оваа констатација единствено поради фактот дека ние – продавачите сме таму токму поради клиентите и реализирањето на нивните барања, потреби, желби, но… (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange