Connect with us

Форекс

Што донесе „Инвеститорскиот ден” на Македонска берза?

Објавено

на

На „Инвеститорскиот ден“ на Македонска берзата кој се одржа на 18.09.2021 година по повод 25 години од основачкото собрание на Берзата, се склучија вкупно 339 трансакции што е убедливо најголем број на трансакции од јуни до денес. Вториот најголем број на трансакции на дневно ниво во овој период е 169, а просечниот дневен број на трансакции изнесува 62 трансакции.

Вкупниот промет од тргување во БЕСТ системот на „Инвеститорскиот ден“ надмина 1 милион евра, односно изнесува повеќе од 63 милиони денари, што е пораст од 4 пати во споредба со просечниот дневен промет во БЕСТ во последниот квартал кој изнесува 15,3 милиони денари и е прв најголем промет на Берзата во овој период во класичното тргување. Воедно, на „Инвеститорскиот ден“ во БЕСТ системот на Берзата се внесени вкупно 620 налози за тргување, што е втор најголем број на внесени налози во текот на оваа година.

Дополнително, податоците од Централниот депозитар на хартии од вредност покажуваат голем пораст на бројот на новоотворени сметки за хартии од вредност по најавата за одржување на „Инвеститорскиот ден“, односно за една седмица се отворени над 50 сметки во ЦДХВ, што значи дека тоа се инвеститори кои никогаш претходно не тргувале на Берзата. За споредба, просечниот број на новоотворени сметки во ЦДХВ последниот квартал изнесува 73 сметки месечно.

Сите овие показатели потврдуваат дека иницијативата „Инвеститорски ден“, на кој домашните физички лица имаа можност да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без да ги платат провизиите кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи), во износ на промет до 10.000 евра, е моќна алатка за промоција на инвестирањето во македонски акции и затоа овој настан ќе стане традиција на македонскиот пазар на хартии од вредност.

„Инвеститорскиот ден“ го иницираше Берзата по повод одбележувањето на 25 години од нејзиното основачко собрание, а иницијативата ја прифатија ЦДХВ и осум членки на Берзата и ЦДХВ (Еурохаус, Инвестброкер, Комерцијална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка Скопје, ТТК Банка, Фершпед брокер и Шпаркасе Банка Македонија), а истата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2023 година вкупниот промет изнесува 496.838.797 денари и бележи енормен пораст од 124,40% во однос на претходниот месец февруари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Руската рубља ја губи вредноста – падна на 11-месечен минимум во однос на доларот

Објавено

на

Руската рубља падна на најниско ниво во последните 11 месеци во однос на американскиот долар и еврото. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Проширување на котација на државни обврзници во вредност од 2,1 милијарди денари

Објавено

на

Македонска берза АД Скопје ја известува јавноста дека согласно Барањето бр.15-2790/1 од 29.03.2023 година и Барањето бр.15-2160/1 од 08.03.2023 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од денес (04.04.2023 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики: (more…)

Продолжи со читање

Популарно