Connect with us

Криптовалути

Што добиваат Европјаните со новите биткоин банкарски сметки?

Објавено

на

Корисниците од 31 земја од Европската економска зона отсега ќе може да отвораат биткоин банкарски сметки благодарение на специјализираната крипто банка Bitwala. Регистрацијата може да се изврши преку апликациите за смартфон на Android и iOs платформите.

Bitwala е германска банка со седиште во Берлин која со работа започна во 2015 година, а фин-тек стартапот денес има околу 50 вработени. На корисниците им нудат можност да располагаат со нивните криптовалути како што е биткоинот, но истовремено и со нивните традиционални валути како еврото.

„Приклучувањето сега е директно интегрирано во апликацијата. Штом имате сметка, можете беспрекорно да ги интегрирате вашите дневни активности во банкарството – без разлика дали се во биткоин или евра – во вашиот секојдневен живот“, истакна Бенџамин Џоунс, ко-основачот на Bitwala.

Компанијата соопшти дека сите банкарски сметки ќе бидат хостирани од SolarisBank, лиценцирана германска банка под надзор на Федералниот орган за финансиски надзор (БаФин), а депозитите до 100.000 евра ќе бидат заштитени со германската шема за гарантирање на депозитите.

Сите трансакции ќе се вршат преку блокчејн технологија со тоа што банката нуди децентрализација, односно корисниците самите ќе бидат сопственици на приватните клучеви.

Крипто-паричникот на Bitwala овозможува peer-to-peer трансакции и трансфери на средства, наплатата може да се врши преку скенирање на QR код, а корисниците имаат можност да употребат и биометриска заштита за одобрување на активностите што значително ја зголемува безбедноста.

Носителите на сметките добиваат и бесплатна дебитна Master картичка која може да се искористи за бесконтактни плаќања и бесплатни повлекувања на над 40 милиони локации низ целиот свет, и плаќаат провизија од еден процент за плаќања со биткоин.

Криптовалути

Започнува со работа првата крипто-берза во Босна и Херцеговина

Објавено

на

Првата крипто-берза во БиХ ќе започне со работа на 14 септември. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Пазарот на криптовалути под притисок

Објавено

на

Пазарот на криптовалути деновиве беше под огромен притисок. Криптовалутата етериум падна за 35 проценти за неколку дена, а биткоинот се намали под 10.000 долари откако надмина 12.000 долари пред неколку дена, граница што упорно беше голема пречка за биткоинот оваа година. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Оптимизам на аналитичарите или реалност – биткоинот ќе достигне вредност од 500.000 долари!?

Објавено

на

Гувернерот на американската централна банка, Џером Пауел, изјави дека ФЕД ќе дозволи инфлацијата да се искачи на над два проценти. Централната банка на САД ќе го стори тоа за да може економијата да создаде што е можно повеќе работни места. (more…)

Продолжи со читање

Популарно