Колумни
Што да очекуваме во 2022 година од аспект на спречување перење пари и финансирање на тероризам?

Гледајќи наназад во 2020 и 2021 година и сите случувања поврзани со Ковид 19, би било многу тешко да предвидиме што може да очекуваме во годината што е пред нас, 2022 година. Сепак, кога би зборувале само за процесите кои што би ја опфатила активноста за спречување перење пари и финансирање на тероризам, во тој случај предвидувањата се малку полесни.
Во 2021 година, бевме сведоци на зголемен опсег на регулаторни санкции коишто ги погодија бизнисите на глобално ниво. Регулаторните тела се појавија со поригидна усогласеност против перење пари (AML) за да се идентификува и елиминира ризикот од криминални активности.
Како полека навлегуваме во новата година, така и можеме да очекуваме нови регулативи или ажурирања, согласно кои бизнисите и финансиските институции ќе треба да бидат уште подобро подготвени. Од нив ќе се бара да вградат цврсти рамки за усогласеност што можат да ги исполнат мерките за проверка на AML.
Што можеме да очекуваме во AML светот?
Криптовалутите се повеќе го привлекуваат вниманието на регулаторите, како и на бизнисите ширум светот. Поради анонимноста и децентрализацијата која што ја нудат, криминалците започнаа со се почесто нивно користење и истовремено станаа пософистицирани. Износот на пари изгубени во измамите со криптовалути во 2021 година беше речиси 30% поголем отколку за целата 2020 година. Така, зајакнувањето на регулативата за виртуелни средства стана тема која постојано се повторува. Поради оваа причина, различни регулаторни тела како FinCEN, SEC, FATF и други се заинтересираа за регулирање на криптовалутите во последниве години. Секако, претпоставките и очекувањата се дека регулирањето со брзи чекори ќе продолжи и во 2022 година.
Во 2022 година, се очекува и крипто берзите да бидат принудени да го завршат AML скринингот за секој клиент, практика која несомнено наскоро ќе се прошири во секоја земја на планетата.
Како што произлегуваат нови и пософистицирани начини за легализирање на нелегално стекнатите средства, така во 2022 година и годините кои што следат ќе се појавуваат и нови технологии за борба против криминалот. Новата технологија за борба против криминалот е единствениот начин за следење на чекорот на криминалците.
Регулаторите ширум светот вршат притисок врз банките да усвојат подобар софтвер и да вклучат технологија во развој. Во следните 12 месеци се очекува појава на високо. напредни, иновативни технологии кои се способни да одговараат на способностите на криминалците и да се прилагодат на новите закани.
Во 2022 година, главниот збор во финансиската индустрија ќе биде автоматизацијата. Од година во година, гледаме дека тимовите за усогласеност се зголемуваат по големина и трошоци. Затоа финансиските институции ќе мора да почнат да размислуваат на иднината и ќе гледаме организации од сите големини кои усвојуваат автоматизирани процеси на усогласеност за да се осигураат дека ќе го задржат своето место во финансискиот пејзаж кој постојано се менува.
Вештачката интелигенција е тема која што исто така често се споменува и која што може да им помогне на бизнисите да се справат со голем број предизвици што се појавуваат со дигитализацијата. Тоа може да ја намали потребата за човечка интервенција, особено во ситуации кои вклучуваат спречување на перење пари. Иако вештачката интелигенција никогаш нема да може целосно да ги замени луѓето, таа може да помогне во намалувањето на потребата за човечко одобрување и забрзување на многу аспекти на АМЛ како и за намалување на лажните позитиви а со тоа и на оперативните трошоци.
Новите технологии и постојаните појавувања на нови финтек компании, веќе овозможуваат низа новини за финансиските институции, како нови и напредни AML софтвери но и нови технологии за комуникација помеѓу банките. Веќе постојат проекти кои што ќе ги поврзат банките преку канал на комуникација со кој што ќе им се овозможи пристап до информации за одредени случаи со колегите од другите банки. Така во реално време ќе може да имаат информации за одредени трансакции или случаи кои што ги истражуваат во координација со нивните колеги.
Секако, борбата против перењето пари и финансирањето на тероризам е динамична категорија која што постојано се реобликува и се менува. Затоа во 2022 година покрај новините во однос на регулативата и потребата од автоматизација, се очекува и зголемен интерес на вработените во одделите за СППФТ за постојано надоградување на своето знаење и постојани обуки, како би биле во тек со сите случувања во AML светот.
Секако, традиционалните начини на перење пари секогаш ќе постојат и затоа покрај погледот во иднината, не смееме да го заборавиме и запоставиме она на кое што досега се работело.
Христијан Блажовски – специјалист за спречување перење пари
Колумни
Како ќе влијае меѓународната банкарска криза врз глобалната економија?

Банкарската криза што ја погоди „Silicon Valley Bank” (СВБ) минатата недела се прошири. Со ужас се сеќаваме на прелевањето на двете неодамнешни финансиски кризи: азиската финансиска криза од 1997 година, која доведе до длабока азиска рецесија и големата финансиска криза од 2008 година, која доведе до глобална рецесија. Новата банкарска криза ја погодува глобалната економија веќе нарушена од пандемии, војни, санкции, геополитички тензии и климатски проблеми. (more…)
Колумни
Бесими: Намалувањето на сивата економија е суштинска компонента на даночните реформи и економскиот раст

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа. Консултациите инаку, се започнати од 2020 година, напоредно со анализите за перформансите на даночниот систем и неговото унапредување. Концептот на даночната реформа во суштина се однесува на зголемувањето на наплатената маса на даноците, главно преку зголемувањето на опфатот, односно преиспитувањето на преференцијалниот третман на одредени категории, но и воведување на повеќе обврзници во системот, односно намалување на неформалната економија. (more…)
Колумни
Дали комбинирањето на одговорните лица за спречување перење пари и анти – измама ќе даде подобри резултати?

Кога станува збор за борбата против измамите и перењето пари, врската меѓу двете е критична бидејќи измамниците работат на изнаоѓање начин да ги легитимизираат нивните недозволени средства. Измамата е кривично дело и е главно дело (овие кривични дела често се основниот извор на перење пари). Приходите од криминални активности поврзани со измама треба да се “перат”, така што “перењето” пари често следи веднаш по појавата на измама. Обично, по успешна активност на перење пари, измамниците добиваат непосреден пристап до средствата и ги прикриваат приходите, правејќи ги да изгледаат автентични. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје