Connect with us

Анализи

Што да направите ако банкоматот ви ја ,,проголта” картичката!?

Објавено

на

Дали ви се случило банкоматот да ви ја “проголта“ картичката и во истиот момент да не знаете што да направите, а парите ви се повеќе од потребни? Или можеби сте ваделе пари од банкомат, парите ви се симнати од сметката, а банкоматот не ви ги исфрлил?

Што треба да направите доколку се најдете во ваква ситуација?

Во првиот случај, најчестата причина поради која банкоматот може да ја задржи картичката е доколку се внесе погрешен пин три пати по ред.

Доколку картичката е заглавена на банкомат, клиентите треба да се јават во Контакт центарот на Банката и да го пријават случајот или да известат во најблиската експозитура. Потоа Банката, по барање на клиентот ја повлекува картичката и ја доставува во експозитурата која му е најблизу на клиентот за подигнување. Клиентите треба да достават документ за лична идентификација за да може да ја подигнат картичката.

Kлиентот треба да ја посети таа банка со лична карта или пасош во најскоро време. Во меѓувреме, клиентот може да ја блокира својата картичка со повик во Контакт центарот на банката доколку е потребно и доколку сака дополнително да се заштити, независно од работното време на експозитурите.

Доколку картичката е заглавена на банкомат во странство, за истото важат правилата на таа земја и таа банка. Во тој случај, најдобро е картичката да се блокира преку повик во Контакт центарот, а клиентот по враќањето да аплицира за нова картичка.

Во вториот слушај, клиентот најпрво да провери дали парите се повлечени од неговата сметка. Тоа може да се направи со проверка на состојбата на сметката на банкоматот, во експозитура, преку Контакт центарот на Банката или со преглед на изоводот од системот за електронско банкарство.

Доколку парите се повлечени, а не се исплатени клиентот треба да се обрати во било која филијала на Банката. Според резултатот од испитување на случајот, парите ќе бидат вратени на неговата сметка. Доколку ова се случи во странство, наједноставна проверка за состојбата на сметка е преку системот за електронско банкарство или директно со повик во Контакт центарот.

Враќањето на средствата зависи од интерната процедура на странската банка на чиј банкомат не се случила предвидената исплата на средства.

Анализи

Петте најголеми банки поседуваат 81,3% од вкупната банкарска актива, ќе успеат ли помалите банки да конкурираат во иднина?

Објавено

на

Банкарскиот сектор во Македонија се окрупнува во последните две години, кога во 2020 година згасна Еуростандард Банка АД Скопје, додека во 2021 година Охридска банка АД Скопје се припои кон Шпаркасе Банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: Виза со најголем број на платежни картички, вкупно 31.566 картички се дигитализирани преку мобилен телефон или паметен уред

Објавено

на

Согласно најновите објавени податоци за издадени платежни картички заклучно со 30.09.2021 година од страна на Народната банка, можеме да заклучиме дека продолжува трендот на издавање и користење на бесконтактни картички и нивна дигитализација, односно користење за плаќање преку мобилен телефон, паметен часовник или други паметни уреди.  (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кои се петте најпрофитабилни македонски компании заклучно со третиот квартал од 2021 година!?

Објавено

на

Македонскиот приватен сектор полека, но сигурно се опоравува од пандемијата на коронавирусот, а доказ за тоа е профитабилноста на компаниите. Заклучно со третиот квартал од годинава, македонските компании ја зголемиле добивката за 52,30 проценти во однос на истиот период од претходната година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно