Connect with us

Домашни банки

Што влијае врз добивката на НЛБ Банка?

Објавено

на

НЛБ Банка во второто тромесечие годинава имала големи трошоци за резервација на кредити  за кои морало да се издвојат 5 милиони евра, така што е забележан голем пад на добиовката во вториот квартал во однос на првиот во 2018-та. Сепак, растот е неминовен и за половина година НЛБ Банка поголем раст за 4 милиони евра во однос на истиот период лани.

Приходите од камати на НЛБ Банка на крајот на јуни се 28,1 милиони евра и се за нијанса пониски од каматните приходи во истиот период лани.

Вкупните останати приходи за првото полугодие се околу 7,6 милиони евра, а нивниот сооднос на создавање е пет наспрема 1 во корист на првиот квартал годинава.

Нивото на кредитни пласмани на банката на крајот на јуни надмина 797 милиони евра. Во вториот квартал нивото на кредитирање пораснало за 22,4 милиони евра во споредба со првиот квартал.

Сличен тренд има кај депозитите. На крајот на јуни нивното ниво е речиси една милијарда евра односно најточно 60,7 милијарди денари. Депозитната база на останатите коминтенти со исклучок на банките има зголемување од 11 милиони евра во периодот април – јуни и најголем дел од тоа е по основ на камата за поминатиот квартал.

Домашни банки

ЕБОР: Во Македонија има многу банки, а пазарот е мал

Објавено

на

Во Македонија има многу банки а пазарот е мал. Во најновиот извештај за за транзицијата 2018-2019, ЕБОР сугерира конослидација на банкарскиот сектор и развивање на капацитетите за обновлива енергија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка најуспешна во тргување на девизните пазари

Објавено

на

Светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД,  на Комерцијална банка АД Скопје ѝ ја додели наградата „Најдобар FX Провајдер за Република Македонија (Најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Македонија за 2019 година)“. Ова е петто  по ред  признание за најуспешно работење на Комерцијална Банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во Република Македонија,  доделено од Global Finance. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Капитал банка ја прошири својата мрежа на експозитури во Кисела Вода, Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје продолжи со проширување на својата мрежа на експозитури на територијата на град Скопје, водена од својата мисија за градење на доверба, сигурност и посветеност кон клиентите, нудејќи им највисок стандард на финансиски услуги. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange